Мајстор Екхарт
Мајстор Екхарт или Екхарт Хоххајмски (германски: Meister Eckhart, Eckhart von Hochheim, 1260 - 1328) — германски доминиканец и филозоф-мистичар.
Мајстор Екхарт Meister Eckhart | |
---|---|
Посмртен портрет на Мајстор Екхарт | |
Роден(а) | 1260 Тамбах, Ландгрофовија Тирингија, Свето Римско Царство |
Починал(а) | 1328 (на 67–68 г.) веројатно Авињон, Арл, Свето Римско Царство |
Период | средновековна филозофија |
Подрачје | западна филозофија |
Школа | |
Претежна дејност | религија, духовност, теологија |
Животопис
уредиФилозофски погледи
уредиЕкхарт сметал дека човекот може да ја спознае само негацијата, но никогаш не може да ја спознае каквоста на врховната реалност. Според него, „во меѓувреме, човекот не може да знае што е Бог, дури и кога одлично би знаел што не е Бог... Така, задоволен со ништо, духот тежнее кон највиското до сите добра.“ Понатаму, тој вели: „Божественото Едно е негација над негациите, одрекување над одрекувањата... Секое суштество содржи негација: тоа негира дека постои она другото.“ Оттука, според Екхарт, Бог е „апсолутно Ништо“, т.е. тој тврдел дека Бог му се открил на Мојсеј со „апсолутно ништо“.[1] Екхарт тврдел дека крајната цел во верата е соединувањето со Бога. Според неговите зборови: „Ако сум преобразен во Бога и ако тој ме соедини со себе, тогаш низ живиот Бог нема разлика меѓу нас... Некои луѓе замислуваат дека ќе го видат Бога, дека ќе го видат како тој да стои онде, а тие овде, но не е така. Бог и јас - ние сме едно. Спознавајќи го Бога, јас го внеусвам во себе. сакајќи го Бога, јас продирам во него.“[2]
Надворешни врски
уреди- Eckhart Triebel: Meister Eckhart und seine Zeit (Мајстор Екхарт и неговото време - германски)
- Eckhart Triebel: Meister Eckhart Bibliographie seit 1995 (Библиографија на мајстор Екхарт од 1995 година)