Херта Милер
Херта Милер (родена на 17 август во Ницкидорф, Банат, Романија) — германска писателка и добитник на Нобеловата награда за литература. Шведската академија ја опишала Милер како авторка „која , со згуснатост на поезијата и искреност на прозата го слика пејзажот на обесправените“. Наградата ја добила на 20 годишнината од падот на комунизмот во Европа.[1]
Животопис
уредиМилер е родена и израснала во Ницкудорф, град во Романија во кој се зборува за германски јазик. Нејзиниот татко бил припадник на СС трупите за време на Втората светска војна, а нејзината мајка била депортирана во Советскиот Сојуз во 1945 година и испратена во работнички логор. Како студент по германска и руска литература, Милер се спротивставила на режимот на Николај Чаушеску и се придружила на група десидентски писатели кои се залагале за слобода на говорот. Две години пред симнувањето од власт на Чаушеску и падот на комунизмот во Источна Европа, Милер емигрирала во Германија , во 1987 година, заедно со сопругот, по години кои ги поминале во прогон и цензура во Романија.
Творештво
уредиСвоето прво дело, збирка раскази, го напишала во 1982 година, додека работела како преведувач во една фабрика. Расказите биле цензурирани од страна на романските власти и Милер била отпуштена од фабриката откако одбила да работи за тајната полиција Секуритате. Додека работела како воспитувачка во градинка, нецензурираниот ракопис на нејзиното дело „Низина“ било прошверцувано во Германија и било објавено таму за веднаш да добие добри критики. Оваа книга, исто како и другите дела, го опишуваат животот во малото село и репресијата со која се соочуваат неговите жители.
Нејзините подоцнежни романи, вклучително „Земјата на зелените сливи“ и „Состанок“, се доближиле до алегорија додека ја опижуваат суривоста што ја трпеле скромните луѓе кои живееле во тоталитарниот систем. По „Низини“ следувала „Тиранско танго“. Ја напишала во романија, но ѝ било забрането да ја издаде во сопствената земја поради критиките упатени на адресата на романскиот диктатор Николас чауческу и неговата тајна полиција. Последното од Милер било „Атемшојкел)“ или во превод „Испрекинато дишење“.
Награди
уредиТаа е првата германска авторка што ја добива Нобеловата награда, по Гинтер Грас, во 1999 година. Само 4 од нејзините дела се преведени на англиски јазик, и тоа романите: „Пасошот“, „Земјата на зелените сливи“, „Патување на една нога“ и „Состанок“.
На конференција за медиумите во Стокхолм, Шведска, Петер Енглунд, постојаниот секретар на Шведската академија, изјавил дека Милер е наградена заради „нејзиниот многу, многу посебен јазик, од една страна и од друга страна, затоа што таа навистина има што да каже во врска со растењето за време на диктатурата... растење како странец во сопствено семејство“.
Наводи
уреди- ↑ Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола, 2010