Крафтверк
Крафтверк (германски: Kraftwerk) — германска авандгардна музичка група која има дадено огромен придонес во развојот на електронската музика. Групата е основана од Флоријан Шнајдер и Ралф Хутер во 1970 кога и го основаат нивното студио Kling Klang во Диселдорф. Во првите неколку години од постоењето (1970-1974), во групата се менуваат повеќе членови, но истата станува светски позната кога на двајцата основачи им се придружуваат Волфганг Флур и Карл Бартос.
Ова е една од првите групи која почнала да создава музика користејќи чисто електронски (или електронски обработени) инструменти и звуци. Техниките кои ги воведеле, заедно со опремата која сами ја развиле, извршиле големо влијание врз популарната музика во втората половина на XX век.
Нивното творештво пред сè го третира урбаното живеење и технологијата во современиот свет. Во многу нивни песни се истакнува парадоксалноста на модерното урбано живеење, при што покрај славењето на придобивките, се предупредува и на опасностите што ги носи модерната технологија.
Издадени албуми и ДВД
уреди- (1971) Kraftwerk
- (1972) Kraftwerk 2
- (1973) Ralf und Florian
- (1974) Autobahn
- (1975) Radio-Activity
- (1977) Trans-Europe Express
- (1978) The Man Machine
- (1981) Computer World
- (1986) Electric Cafe
- (1991) The Mix - (нови обработки на постари песни)
- (2000) Expo 2000
- (2003) Tour de France
- (2005) Minimum-Maximum (албум во живо)
- (2005) Minimum-Maximum DVD (Концерт на ДВД)
„Крафтверк“ на Ризницата ? |