Берлински меѓународен филмски фестивал

Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, познат и под името „Берлинаре“, е меѓународен филмски фестивал. Фестивалот е основан во 1951 година, а од 1978 година се одржува секоја година, во февруари. Со продадени 274.000 билети, Берлинскиот фестивал се смета за еден од најпосетените филмски фестивали во светот.[1]

Европскиот филмски пазар, саем на филмот кој се одржува истовремено со Берлиналето, е најголемата средба во филмската индустрија од областа на меѓународниот филм. Исто така, серијата неделни предавања и работилници на „Берлинале талент кампус“ ги собира младите филмаџии од целиот свет. овој кампус е партнер на фестивалот и се смета за форум на уметниците кои се во подем.

Делфи Филмпаласт

Награди на Берлинскиот филмски фестивал

уреди

На фестивалот се доделуваат повеќе награди:

  • „Златната мечка“ е највисокото признание, кое се доделува за најдобар филм
  • „Златна мечка за животно достигнување“ (Почесна златна мечка )]
  • „Сребрена мечка“
  • „Наградата на публиката“ (Publikumspreis)
  • „Берлинале Камера“, специјална награда за услуги на Фестивалот
  • „Кристална мечка“
  • „Теди награда“ за филмови со ЛГБТ теми
  • „Метеори“, награда за млади европски глумечки талент, доделена од страна на Европската филмска продукција

Програмата на фестивалот

уреди

Фестивалот е составен од седум различни категории. Филмовите во секоја категорија се избираат од страна на секторскиот директор, заедно со комитетот на филмски експерти.

 
Конференција по проекцијата

Категории:

  • Во конкуренција – во оваа категорија влегуваат филмови кои доправа треба да бидат прикажани надвор од нивната земја на потекло. Филмовите од оваа категорија се натпреваруваат за добивање на наградите златна мечка а за најдобар филм и сребрена мечка за глума, пишување и производство.
  • Панорама – во оваа категорија влегуваат нови независни филмови , како и артхоус филмови кои обработуваат контроверзни теми или неконвенцијални естетски стилови .Филмовите во оваа категорија се наменети да предизвикуваат дискусија и во минатото во оваа категорија се вклучувани и филмови со хомосексуална содржина.
  • Форум – во оваа категорија влегуваат елекспериментални филмови од целиот свет а посебен акцент им се дава на делата на младите филмаџии. Не постојат форматски или жанровски ограничувања и филмовите од оваа категорија не се натпреваруваат за добивање на награди.
  • Генерација – Оваа категорија е составена од мешавина на кратко и долго метражни филмови кои се наменети за деца и младинци. Филмовите во оваа категорија се натпреваруваат во две поткатегории: К-плус Генерацијата (наменети за оние на возраст од 4 години нагоре ) и 14- плус генарација (за оние од 14 години нагоре). Одлуката за доделување на наградата во оваа категорија ја носат три одделни жирија: Детското Жири, Младинското жири и интернационалното жири составено од експерти . Одлуките на трите жиријата не зависат едни од други .
  • Perspektive Deutsches Kino - во оваа категорија влегуваат различни германски филмови кои ги истакнуваат актуелните трендови на германското кино . Постојат неколку услови за влез во оваа категорија кои им овозможуваат на новите надежни режисери да ја прикажат својата работа пред домашната и меѓународната публика.
  • Краткометражни филмови на Берлинарето – Во оваа категорија влегуваат домашни и меѓународни краткометражни филмови, особено оние кои прикажуваат иновативни пристапи во филмската уметност. Филмовите од оваа категорија се натпреваруват за добивање на наградата Златна мечка за најдобар краткометражен филм како и Сребрената мечка која ја доделува жирито.
  • Ретроспектива – Во оваа категорија влегуваат филмови кои претходно се прикажани на Берлиналето кои произлегле од категориите : Во конкуренција , Панорама , Форум и Генерација. Секоја година категоријата Ретроспектива се посветува на важни теми или режисери. Специјалните Хомаже серии на ист начин ги истражува филмовите од минатото давајки им почести на животните дела на режисерите и глумците . Покрај овие седум категории Берлинарето има уште неколку придружни програми како што се : Berlinale Special, Gala Special, Forum Expanded, Culinary Cinema and the Homage.

Европскиот филмски пазар

уреди

Европскиот филмски пазар (ЕФП) е еден од трите најголеми филмски пазри во светот. Тој е најголемиот деловен центар за време на Берлинскиот филмски фестивал. Европскиот филмски фестивал е најголемиот собир на големи филски продуценти, купувачи, финансиери, агенти и дистрибутери. ЕФП претставува професионален трговски настан кој е отворен за регистрираните членови во индустријата. Во 2010 година регистрирани се 414 компании, 2714 беџови на европскиот филмски пазар се издадени и регистрирани се 1339 купувачи. Трговскиот саем им обезбедува изложбен простор на компаниите за прикажување на својот состав. Организира прикажување на повеќе од 1000 прикажувања на нови филмови кои се прикажуваат во кината околу Potsdamer Platz. Во 2007 година, CinemaxX and CineStar беа искористени за прикажување на нови продукции. 2010 година Astor Film Lounge покажува на пазарот проекции во 3Dтехнологија со помош на дигиталната RealD технологија. Копродукцискиот пазар на Берлинарето е тридневна платформа за поврзување на производителите и финасиерите, како и за емитување и финансирање на претставници кои учествуваат во меѓународни копродукции.

Талент Кампус Почнувајќи од 2003 година, Берлинарето соработува со „Талент кампусот Берлинаре“, кој претставува зимска школа за идни режисери и се одржува истовремено како и фестивалот. Секоја година, „Талент Кампусот“ прифаќа околу 350 кандидати од различни филмски професии, кои доаѓаат од целиот свет. Настанот трае шест дена за време на Берлиналето и се одликува со предавања и трибини со добро познати професионалци, опфаќајќи ги актуелните прашања од областа на правењето на филмови. Работилници, екскурзии, лични туторства, тренинг и обуки на учесниците од различни делови од работата се составен дел на програмата.

Изданија на Берлинскиот филмски фестивал

уреди

2017 година

уреди

На 67. издание на Берлинскиот фестивал се прикажале околу 400 филма од 70 земји, а во конкуренција за „Златната мечка“ биле 18 филмови. Главната награда, „Златната мечка“ ја добила унгарската режисерка Илдико Ењеди за филмот „За телото и душата“; наградата за најдобар режисер и „Сребрената мечка“ ја добил финскиот режисер Аки Каурисмаки, за комедијата „Од другата страна на надежта“; додека наградата за најдобро сценарио ја добил чилеанскиот филм „Фантастична жена“ на Себастијан Лелио, за најдобра глумица била прогласена Ким Мин-хи, а наградата за најдобар глумец ја освоил Џорџ Фридрих.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Златна мечка за унгарски љубовен филм“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 19.