Заради избегнување понатамошни усложнувања, другите родови (покрај жени и мажи) не се земени предвид во оваа статија.

Општ симбол за родовата еднаквост

Родовата еднаквост, позната и како родова рамноправност или еднаквост на половите — состојба на еднаква леснотија на пристап до ресурси и можности без оглед на полот, кое ги вклучува и економското учество и учество во одлучувањето; и состојбата на вреднување на различните однесувања, стремежи и потреби подеднакво, без оглед на полот.

Дефиниција

уреди

УНИЦЕФ вели дека родовата еднаквост „значи дека жените и мажите, а и девојчињата и момчињата, уживаат исти права, ресурси, можности и заштита. Не бара девојчињата и момчињата, или жените и мажите, да бидат исти, или да бидат третирани идентично“.[1] На сличен начин Меѓународната организација на трудот ја дефинира родовата еднаквост, односно како „уживањето на еднакви права, шанси и третман на мажите и жените, на момчињата и девојчињата во сите сфери на животот“.

Поимот „родова еднаквост“ е целта, додека „родовата неутралност“ и „родовата праведност“ се практики и начини на размислување кои помагаат за постигнување на целта. Родовиот паритет, кој се користи за мерење на родовата рамнотежа во дадена ситуација, може да помогне во постигнување на родова еднаквост, но не е целта сама по себе. Родовата еднаквост е повеќе од еднаква застапеност, таа е силно врзана за правата на жените и честопати бара промени во политиката. Од 2017 година, глобалното движење за родова еднаквост не го вклучило предлогот на родови покрај жени и мажи, или родови идентитети надвор од родовите бинарни. Тесно поврзан поим е „еднаков третман“ којшто означува отсуство на директна и индиректна дискриминација врз основа на полот.[2]

Постигнување

уреди

На глобално ниво, постигнувањето на родова еднаквост бара да се отстранат штетните практики против жените и девојчињата, вклучувајќи ги и сексуална трговија, фемицид, сексуално насилство во војна и други тактики на угнетување. УНФПА изјави дека, „и покрај многуте меѓународни договори кои ги потврдуваат нивните човекови права, има поголема веројатност жените да бидат сиромашни и неписмени. Тие имаат поограничен пристап до сопственост на имот, кредити, обуки и вработувања. Помала е веројатноста жените да бидат политички активни и многу поголема да бидат жртви на семејно насилство“.[3]

Цел за одржлив развој

уреди

Од 2017 година, родовата еднаквост е петта од седумнаесетте цели за одржлив развој на Обединетите нации. Родовата нееднаквост се мери на годишно ниво со Извештаите за човечки развој на Програмата на Обединетите нации.

Наводи

уреди
  1. Лемојн, Роже (2011). „Promoting Gender Equality: An Equity-based Approach to Programming“ (PDF). Operational Guidance Overview in Brief. UNICEF. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-20. Посетено на 28 јануари 2011.
  2. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.
  3. „Gender equality“. United Nations Population Fund. UNFPA. Архивирано од изворникот на 20 мај 2019. Посетено на 7 февруари 2020.