Јохан Штраус (син)
Јохан Штраус Помладиот (германски: Johann Strauß 25 октомври 1825, Виена - 3 јуни 1899, Виена) — австриски композитор, виолинист и диригент. Тој е создавач на класичната виенска оперета во која доминира валцерот. Најважни негови дела се оперетите: „Лилјакот“, „Циганскиот барон“ и валцерите „На убавиот син Дунав“. Тој бил наречен „Крал на валцерите“ бидејќи има искомпонирано 400 валцери.
Неговиот татко не сакал тој да стане музичар, туку банкар. Сепак, Јохан учел тајно да свири виолина како дете со првиот виолинист на оркестарот на неговиот татко, Франц Амон. Кога татко му го открил неговиот син дека тајно вежба виолина, еден ден тој го натепал со колан, велејќи дека тоа треба да му ја истера желбата за музика. Тоа се случува во периодот кога таткото се откажува од неговото семејство заради својата љубовница. Тогаш доаѓа период кога синот има можност да се сконцентрира целосно на кариерата како композитор со поддршка на неговата мајка.Штраус студирал контрапункт и хармонија со професорот по теорија Јоаким Хофман, кој поседувал приватно музичко училиште. Неговиот талент бил признат од страна на композиторот Јозеф Дреслер, кој го научил вежби по хармонија. Неговиот друг учител по виолина, Антон Колман од Виенската опера, исто така, пишува одлични препораки за него. Наоружансо овие, тој се приближил до виенските власти за да аплицира за дозвола за изведување. Тој првично формира негов мал оркестар каде што регрутира членови од една таверна, каде што музичарите кои бараат работа можеле лесно да се најдат.Тој го направил своето деби во 1844 година со неговиот оркестар вовиенското предградие Heitzingu. Од 1847 година изведувал концертнитурнеи низ европските земји, а 1872 година и во САД.И покрај првичните фанфари, Штраус наиде на потешкотии во неговите рани години како композитор. Но, откако прифати да изведува надвор од земјата, тој ја освои публиката.
Поврзано
уредиОваа биографска статија личност од Австрија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |