Душко Родев (17 април 1932, Скопје - 30 јуни 2022, Скопје)[1] — македонски раскажувач, романописец, драмски писател, преведувач, роден е на 17 април 1932 година во Скопје.

Душко Родев
Роден(а)17 април 1932
Скопје, Македонија
Починал(а)30 јуни 2022
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Познат(а) пораскази, романи, преводи, сценарија

Животопис

уреди

Душко Родев дипломирал на Филолошки факултет во Скопје, на група за романска книжевност. Работел како уредник во Македонската радио-телевизија и во весникот Нова Македонија. Работел и како новинар, дописник, слободен репортер и како уредник во издаваштво. Член на друштво на писатели на Македонија од 1965 година[2].

Со својата книжевна дејност Родев во периодот на социјализмот во родната Македонија бил занемаруван, премолчуван, па дури и забрануван, случак со неговата книга: „Разговори со Дојрански“ која беше објавена во Србија, а дури две години потоа се појави во Македонија, каде што примериците од Србија се криеја во магацини и беа недостапни за читателите.

Бил наградуван на анонимни конкурси за раскази. За романот „Човекот што ги сакаше калинките“ 2010 ја доби наградата Роман на годината на Утрински весник.

Дела

уреди
  1. Беспатици, роман, 1963;
  2. Враќање кон црвената земја, роман, 1969;
  3. Еребици во каменестиот пејзаж, томан, 1974;
  4. Зелена боја по дождот, раскази, 1977;
  5. На снегот, со Олја, раскази, 1981;
  6. Разговори со Дојрански, роман,1983 – на српски, 1985 – на македонски јазик;
  7. Светлата иднина почнува утре, најдоцна задутре, роман, 1988;
  8. Здраво седма сило, драма, 1991;
  9. Првиот ешалон, драма, 1991;
  10. Сценаро на ТВ-филмот „Дивеч за отстрел“,1992;
  11. Косови, зиме, раскази, 1998;
  12. Цветот на дивата роза, роман, 2005; „
  13. Човекот што ги сакаше калинките, роман, 2010;
  14. Во очекување на Нобеловата награда, роман, 2014.

Наводи

уреди
  1. „Почина писателот и сценарист Душко Родев“. Слободен печат. Посетено на 3 јули 2022.
  2. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.