Канал 5 Телевизија
Канал 5 Телевизија е национална телевизија основана во 1998 година во Скопје и е една од водечките помлади телевизиски куќи во Македонија. Таа е телевизија од претежно забавен општ формат. Исто така телевизијата поседува свој сателитки канал Канал 5+.[1]
Канал 5 | |
---|---|
![]() | |
Отпочната | 1998 |
Формат на слика | 4:3 (576i, SDTV) |
Слоган | Секогаш со вас и за вас |
Држава | Македонија |
Јазик | македонски |
Област на емитување | Македонија |
Седиште | Скопје, Македонија |
Сестрински канал(и) | Канал 5 плус Канал 5 HD |
Веб-страна | www.kanal5.com.mk |
Достапност | |
Терестријална телевизија | |
Аналогна | Канал ? |
Дигитална | Канал ? |
Boom TV | Канал 005 |
Сателитска телевизија | |
Total TV | Канал 004 |
Кабелска телевизија | |
Blizoo | Канал 004 |
Telekabel | Канал ? |
Достапна на повеќето кабелски оператори | Проверете ги локалните оператори за достапност |
IPTV | |
Max TV | Канал 003 |
Семрежно емитување | |
WebMax TV | Гледај во живо Само (MKD) |
OnNet | Гледај во живо Само (MKD) |
Телевизијата располага со две комплетно опремени студија, најсовремена телевизиска дигитална техника (Sony), аналогни и дигитални студиски камери, најнови дигитални камери dsr 200 и dsr 250 dv-cam (Sony), современи компјутерски и кат монтажни едници.
Со сето ова се произведуваат емисии од најразличен карактер. Јавувањата во живо од местото на настаните се овозможува со вклучување на врска преку репортажните возила кои се опремени со комплетна опрема. Програмската шема на телевизијата преку емисиите од своја продукција пред сѐ, ги задоволува потребите на гледачите.
Од многуте емисии би ги издвоиле: дневно информативни, политички емисии, вести, контактно забавни, детски емисии, спортски натпревари, актуелни филмови и серии и нагласени документарни емисии. Разновидните програмски содржини што секојдневно се нудат, привлекуваат сѐ поголем број гледачи. Во сите медија-истражувања веќе подолг период расте трендот на гледаност на програмата. Со тоа рекламниот простор е сѐ повеќе цел на многу клиенти и тие своите производи и услуги можат да ги претстават по слободен избор и пристапни цени. За успешна презентација на сето ова задолжен е маркетинг тимот на Канал 5 Телевизија. Зад функционалноста на телевизијата стои раководен тим заедно со уште 80-тина вработени кои се стручно оспособени, а своите задолженија ги извршуваат на најпрофесионален начин.
СерииУреди
- Лажговци
- Пари и љубов
- Мајка
- Вистинска ѕвезда
- Совршена
- Доста е!
- Животот не е песна
- Љубов
- Украден живот
- Не се откажувам
- Кога љубовта боли
- И небото плаче
- Две фамилии [2]
- Пет сестри[3]
- Притаени страсти [4]
- Светлина
- Елиза [5]
- Тудориите
- Ангел чувар
- Украдени соништа
- Тишина
- Долина на волците
- Солзи
- Ифет
- Забранети соништа
- Доктори
- Крај
- Капали чаршија
- Сулејман Величествениот
- Опасна убавина
- Јунска ноќ
- Имотот на дамата
- Разделба
- Лале
- Џанан
- Измамници
- Тајната на нечистата крв
- Очајни домаќинки
- Изборот на Лара
- Љубов и одмазда
- Скршено крило
- Север и југ
- 7 часа разлика
- Стаклен дом
- Комшиски мајтап
- Моето семејство
- Доктор Ху
- Првиот бран
- Одред
- Доктор Хаус
- Моето име е Ерл
- Како ја запознав мајка ви
- Невидливиот човек (серија)
- Очите на Анџела
- Коски
- Трева
- Специјален одред (серија)
- Еурека
- Слободно Радио Роско
- Монк
- Господин Стерлинг
- Досие Дрезден
- Како што одминува времето
- Детишта
- Хајлендер: Гавранот
- Бумеранг
- Канцеларија
- Битанги и принцези
- Обични луѓе
- Животот на Марс
- Жена-ловец
- Eлиф
- Неправда
- Белото памукче
- каде е ќерками
НаводиУреди
- ↑ Совет за радиодифузија
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=m8CM-Cxbcx8
- ↑ http://tvpaket.com.mk/serii/telenoveli/2298-pet-sestri
- ↑ http://forum.femina.mk/threads/%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%9A%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB-5.10986/page-8
- ↑ http://tvpaket.com.mk/serii/telenoveli/1330-italijanska-serija-5