Републиката во пламен (филм)
Републиката во пламен — македонски игран филм по сценарио на Љубиша Георгиевски и Јован Бошковски, а во режија на Љубиша Георгиевски. Монтажер бил Вангел Чемчев, а музиката ја компонирал Тома Прошев.
„Републиката во пламен“ | |
---|---|
Режисер | Љубиша Георгиевски и Јован Бошковски |
Сценарист | Љубиша Георгиевски |
Главни улоги | Ристо Шишков Драги Костовски Илија Милчин Илија Џувалековски Петре Прличко Вукан Диневски Јосиф Јосифовски Ристо Стефановски Ирена Просен Стево Спасовски Јелена Жигон Јон Исаја |
Музика | Тома Прошев |
Дистрибутер | Вардар филм |
Премиера | 1969 |
Времетраење | 105 мин. |
Земја | СР Македонија |
Јазик | македонски |
Премиерата била одржана во 1969 година.
Кратка содржина
уредиНа 2 август 1903 година, на светиот ден Илинден, во Македонија се крена востание. Тоа беше одговор на повеќевековното ропство и теророт на кој беше изложен македонскиот народ. Илинденското востание кулминираше во создавањето на Крушевската република која опстојуваше десет дена и беше единствена република на Балканот во тоа време. За да се објаснат целта и намерите на востанието, Никола Карев, претседател на Крушевската република го пишува Манифестот на Крушевската република, кој според прогресивноста на идеите изнесени во него е далеку пред времето на настанувањето. Веднаш по започнувањето на востанието кое претендираше да се прошири низ поголемиот дел од Македонија, стана јасно дека тоа е кренато без целосни подготовки... Бројна турска војска го напаѓа Крушево. Востаниците го напуштаат градот. Останува само четата на Питу Гули. Тој е решен да даде пример како се сака својот народ и како се гине за неговата слобода. Нивната херојска смрт на Мечкин Камен ја заслужи и почитта на непријателот. „Иако краткотрајна, по своите идеи Крушевската република беше величествена. Македонија го имаше својот прв Илинден, проследен со крвави години на тешки страдања. Македонија ќе го има и својот втор Илинден, при идната епоха на блиски победи и ослободувања. Овој втор Илинден е близок, тој доаѓа...“ - во „Илинденец“, Димо Хаџи Димов.
Улоги
уредиГлумец | Улога |
Драги Костовски | Никола Карев |
Ристо Шишков | Питу Гули |
Драгомир Фелба | Чавче |
Илија Џувалековски | Ташку Ѓонда |
Петре Прличко | Дојчин |
Вукан Диневски | Сулејман Али |
Ирена Просен | |
Јелена Жигон | |
Стево Спасовски | |
Илија Милчин | Јаја-ефенди |
Димитар Костаров | |
Тодор Николовски | |
Ацо Стефановски | |
Љубиша Трајковски | |
Истреф Беголи | |
Јосиф Јосифовски | |
Томо Видов | |
Јон Исаја |
Останати улоги ▼