Виолета Ѓуровска – македонска писателка и новинарка

Виолета Ѓуровска

Животопис

уреди

Виолета Ѓуровска е родена 1975 год. во Скопје. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје при УКИМ - Скопје на катедрата за Македонска и јужнословенска книжевност и македонски јазик. За време на студиите објавува детективски раскази во списанието „Илустриран забавник“. Од 2000-2003та година работи како новинар во списанието за деца „Наш Свет“ (литературно списание за деца на возраст од 10-14 год.) во Издавачка куќа „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“ 2003 год. е унапредена во уредник на списанието за деца и млади (најмладиот уредник во НИП Нова Македонија) „Наш Свет“ во Издавачката куќа „Детска Радост“.

Творештво

уреди

Во период од речиси дваесет година објавува повеќе од стотина раскази за деца во списанијата:

  • Другарче“ (литературно списание за деца на возраст од 6-8 год.),
  • „Развигор“ (литературно списание за деца на возраст од 8-10 год.) и
  • „Росица“ (литературно списание за деца од 3-6 год.).

Во 2003 год. е основач и главен уредник на Издавачка куќа „Смешко“. Во истата година е автор на едицијата сликовници за деца од најмала возраст „Прв чекор“, преведени на албански и англиски јазик:

  • „Морски свет“
  • „Домашни животни“
  • „Птици“
  • „Овошја“
  • „Зеленчуци“
  • „Шумски животни“

Истата година ги публикува и „Убави приказни“, едиција од 6 адаптирани приказни од народното творештво:

  • „Силјан Штркот“
  • „Самовила-невеста“
  • „Кучето и човекот“
  • „Девојчето и дванаесетте месеци“
  • „Цане и ламјата“
  • „Слепиот цар и син му“

2004 -2005 година работи како новинар во Издавачата куќа „Просветно дело“. 2004 година е автор на едицијата „Виножито“ од 6 сликовници:

  • „Виолетова приказна“
  • „ Црвена приказна“
  • „ Портокалова приказна“
  • „Сина приказна“
  • „ Зелена приказна“
  • „Жолта приказна“

Сликовниците се преведени на англиски, албански, бугарски и српски јазик. Освен на македонскиот пазар истите се извезени и во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Косово.

  • „Сонови и од нив приказни“[1], книга со раскази за деца на возраст од 11-13 год (Македонска реч, 2018)
  • „Малку страшна приказна‘‘[2], (Просветно дело, 2020)

Во текот на дваесет години била член на повеќе комисии на литературни конкурси за деца. Член е на основачкиот одбор на литературната манифестација „Пролет на сребрените соништа“ – Радовиш и литературната манифестација „Детски лирски треперења“ – Охрид. Во текот на повеќе години хонорарно работи како организатор на многу креативни работилници во соработка со градски и училишни библиотеки. Работела како творец на повеќе јавни трибини од областа на литературата за деца во библиотеки, училишта и културни центри во Македонија.

Промоции и литературни работилници и трибини

уреди

Наводи

уреди
  1. Промоција на книгата ,,Сонови и од нив приказни,, | Во Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци,, во Радовиш промоција на книгата ,,Сонови и од нив приказни,, од Виолета Ѓуровска. Промотори беа писателот... | By Televizija Kobra | Facebook, Посетено на 2023-11-13
  2. „Малку страшна приказна“. kupikniga.mk (англиски). Посетено на 2023-11-13.[мртва врска]