Илија Кочовски
Илија Кочовски (Битола, 1945) — македонски сликар.[1]
Илија Кочовски | ||
Роден | 1945 Битола, ФНР Југославија | |
---|---|---|
Занимање | сликар |
Животопис
уредиИлија Кочовски е роден во 1945 година во Битола. Дипломирал на Академијата за уметности во Белград. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија и на Ликовната група „77“. Учесник е на многу групни изложби во Македонија и странство и има самостојни изложби во Битола, Тржич и Крањ, Неготино, Велес, Скопје и Софија. Добитник на ЛИКУМ, Годишна изложба ДХМ 1985 година, Ноемвриска награда на Уметничката галерија Битола, Ноемвриска награда за исклучителни резултати во творештвото за 1988 година, Битола, диплома на Првото меѓународно графичко триенале во Битола во 1991 година, Мајска награда на Друштвото на ликовни уметници во Битола во 1996 година, Мијачки зографи во 1996 година, награда „4 Ноември“ на град Битола во 1998 година, награда Екс Либрис во Риека, 1999 година, награда „Борис Траиковски“ на Друштвото на уметници во Битола во 2006 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 86. ISBN 978-9989-2783-0-3. Архивирано од изворникот на 2021-11-26. Посетено на 24 февруари 2024.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)