Константин Плевнеш

Константин Плевнеш (Скопје, 4 мај 1982) — македонски режисер.[1]

Константин Плевнеш
Роден 4 мај 1982
Скопје, НР Македонија СР Македонија
Занимање режисер
Роднини Јордан Плевнеш (татко)
Владо Цветановски (стрико)

Животопис уреди

Плевнеш е роден на 4 мај 1982 во Скопје, во семејството на познатиот македонски драматург и дипломат Јордан Плевнеш. Од 1988 година, т.е. од својата 6-годишна возраст, живее во Париз, каде што го стекнал своето образование. Го завршил Европскиот колеџ „Пјер Алвизе“ и класичната гимназија „Роден“, каде што со одличен успех ја положил својата матура поврзана со аудиовизуелните и сценските уметности. Во 2000 година запишал филмски студии на Универзитетот Дени Дидро на Сорбона и по двегодишните студии, остварил два специјалистички престои во Брисел и Токио. Во периодот 2007/2008, на Универзитетот Бостон во САД, работел на мултимедијалниот, меѓународен проект „Малиот принц“. Во 2009 година одржал меѓународна работилница на светски познатата академија „FAMU“ во Прага, Чешка, каде што биле прикажани неговите документарни филмови “Планета Баир” и „Заборавените“, низ призмата на филмовите на Луис Буњуел, „Земја без леб“ и „Заборавените“. Во учебната 2010/2011 дипломирал филмска режија на ЕСРА Бретања, а во 2012 магистрирал на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје со документарен филм посветен на уметничките тајни на естетиката на глумечката игра од антиката до денес, низ примерот на класата на професорот Владимир Милчин на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Филмографија уреди

Игран филм
  • „Тајната книга“ - Асистент на режија
Документарни филмови
  • „Автобиографија на човекот гулаб“, прикажан на o FIPA – International Festival of Audiovisual Programs, Biarritz, France, - TV Festival Bar 2010, Bar, Montenegro; - SEE a Paris 2011 – South East European Film Festival, Paris, France
  • „Имагинарно пријателство во градот на Кафка“
  • „Заборавените“
  • „Планета Баир“
  • „Театарската Одисеја на Питер Шуман – Bread and puppet New York“
  • „Тајната книга во Кан“
  • „Последниот човек, последната жена, во Каиро“
  • „Македонскиот воз на моето детство“
Кратки играни филмови
  • „Уметност на исчезнувањето“
  • „Портрет на изгубениот човек“

Наводи уреди