Заветен ковчег
Заветен ковчег или уште заветен кивот (иврит ארון הברית : aron habrit) е опишан во Библијата како свет сандак, кој го содржи каменот на кои биле напишани Десетте Божји заповеди, како и други предмети. Според Библијата за самата изработка на кивотот наредил Бог на Мојсеј во Синајската Гора. Според Библијата кивотот служел како моќно оружје. Така на пример Израелците го носат кивотот со себеси во Битката за Ерихон, по кои победуваат.
При разрушувањето на Соломоновиот храм во Ерусалим (587 пр.н.е.), кивотот исчезнал и од тогаш постојат многу хипотези и шпекулации за тоа каде се наоѓа. Најубедлива и теорија за тоа каде се наоѓа е онаа која и има најголем број следбеници, се претпоставува дека кивотот го завршил со своето патување во Етиопија, моментално се наоѓа во православна црква која во својата внатрешност го содржи мистериозниот ковчег на заветот. Голем број на верници убедени дека кивотот се наоѓа таму изведуваат церемонии во негова чест,пристап до кивотот имаат само виоко рангирани свештеници кои се „одбрани“ да ја имаат таа чест
Оваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |