Филистејци

древен народ

Филистејци (еднина: Филистеец, ж. р. Филистејка; хебрејски: פְּלִשְׁתִּים; грчки: Φιλισταίοι; латински: Philistaei) — древен народ што го населувал крајбрежниот дел на Палестина (од денешниот Тел Авив до Газа).[1] Филистејците навлегле кон Египет, каде фараонот Рамзес III ги отфрлил од границата, а потоа ги населил на крајбрежните области и ги користел како платеници. Со текот на времето тие се осамостоиле и се смешале со месното население, основајќи неколку градови како Газа, Ашкелон, Ашдод и други.

Библиските текстови препознаваат пет филистејски градови: Газа, Ашдод, Ашкелон, Екрон и Гет.

Наводи

уреди
  1. Denova, Rebecca. „Philistines“. World History Encyclopedia (англиски). Посетено на 2023-10-08.

Надворешни врски

уреди