Милан Бишевац
Милан Бишевац (Лешак, 31 август 1983) — поранешен српски фудбалер кој играл на позицијата централен бек. Во меѓународна конкуренција ја претставувал репрезентацијата на Србија.
Клупска кариера
уредиПочетна кариера
уредиФудбалската кариера Бишевац ја започнал во тимот на БАСК во 2001 година. Милан Бишевац играл во тимот на ОФК Белград, но од клубот решиле да го отпуштат бидејќи не биле импресионирани од неговата игра и неговиот талент. По враќањето во БАСК се изборил да биде во стартните 11 иг рачи, постигнувајќи пет гола во 52 натпревари во сите конкуренции. Во 2003 година Бишевац заминал од тимот на БАСК и преминал во екипата на ФК Бежанија, каде успеал да постигне еден гол во првите 15 настапи. По половина сезона помината во Бежанија, тој одлучил да се приклучи на тимот на ФК Железник. Тренерот на екипата на Железник бил импресиониран од неговата игра и затоа одлучил да го ангажира во клубот. Бишевац играјќи за Железник ѝ помогнал на екипата да го освои третото место во лигата на крајот на сезоната.
Црвена ѕвезда од Белград
уредиВо летниот преоден рок, Бишевац се приклучил на српскиот тим Црвена ѕвезда од Белград за обелоденета сума од 500.000 евра. Својот прв натпревар за клубот на меѓународна сцена го одиграл кога влегол како замена на натпреварот помеѓу Црвена ѕвезда и швајцаркиот Јанг Бојс. Тоа бил прв натпревар помеѓу овие два клуба, а резултатот на крајот бил 2:2. Во реваншот, Црвена ѕвезда на свој терен победила со резултат од 3:0 и успеала да мине понатаму во натпреварувањето. На овој натпревар Бишевац играл за време на сите 90 минути. По елиминацијата на Црвена ѕвезда од Лигата на шампионите на УЕФА, Бишевац го одиграл својот прв натпревар, своето деби во Купот на УЕФА во натпреварот од првото коло против рускиот тим Зенит Санкт Петербург. Тој во клубот на Црвена ѕвезда успел да се избори да биде во првиот тим и на вкупно 24 настапи таа сезона постигнал и еден гол. Клубот на крајот од сезоната сепак не успеал да го освои првенството, губејќи го од големиот ривал од тимот на Партизан од Белград. Наредната сезона тимот во кој настапувал Бишевац ја освоил титулата во лигата. Во натпреварувањето за Купот на УЕФА, Бишевац ги одиграл сите натпревари за клубот. Бил дел од првиот тим сè додека не заминал да игра од Србија во Франција.
Ленс
уредиВо летниот преоден рок, Бишевац се приклучил на тимот од француското првенство Ленс. Тој, сепак, останал во Црвена ѕвезда до јануари до крајот на првата полусезона поради одредени проблеми во Србија.[1] Во нареднит период тој му се придружил на неговиот српски репрезентативец Ненад Ковачевиќ во тимот на Ленс. На 3 февруари 2007 година, Бишевац го одиграл својот прв натпревар во Лига 1 за екипата на Ленс против тимот на Валенсиен.[2] Во втората полусезона, Бишевац одиграл само неколку натпревари бидејќи се здобил со повреда на грбот.[3] Следната сезона тој се наметнал со своите игри и станал стандарден член на првиот тим. На 21 јануари 2008 година, го постигнал својот прв гол во победата со 3:0 над неговиот иден клуб Лион. Во нерешениот натпревар од 1:1 против Тулуз, тој бил асистент за гол на напаѓачот Лоик Реми. Во текот на сезоната, клубот настапувал на европска сцена, а Бишевац бил редовен член на првиот тим. На крајот од сезоната сепак неговиот тим испаднал од првата француска лига.
Валенсиен
уредиНа 4 јули 2008 година, Бишевац потпишал четиригодишен договор со екипата на Валенсиен за непозната сума на пари, за која се претпоставува дека е околу 3 милиони евра.[4] Со неговото пристигнување во екипата на Валенсиен се очекувало да биде достојна замена за централните дефанзивци Ерик Челе и Абдеслам Уаду. Првиот натпревар од домашната сезона, Бишевац го одиграл во победата со 1:0 над тимот на Сент-Етјен. Во својата прва сезона, тој одиграл 37 натпревари, а едното и единствено отсуство од тимот било поради казна и добиени жолти картони.
Следната сезона, Бишевац бил назначен за капитен на тимот, заменувајќи го Рафаел Шмиц, кој бил негов партнер во централната одбранбена линија во текот на целата сезона.[5] На 26 септември 2009 година, тој го постигнал својот прв гол во победата од 3:2 над тимот на Марсеј.[6] Во натпревар против екипата на Монпелје на 7 ноември 2009 година, Бишевац се здобил со повреда на стапалото, поради што морал да биде отсутен од тимот две седмици.[7] Неколку седмици подоцна, на 4 декември 2009 година тој се вратил во тимот во победата со 3:1 над екипата на Монако.[8] На 10 април 2010 година, тој го постигнал својот втор гол во сезоната во поразот со 2:1 исто така против екипата на Монако.[9]
За време на летниот преоден рок, Бишевац бил поврзуван со заминување од Валенсиен, во клубови како: Галатасарај, Фенербахче,[10] Париз Сен Жермен [11] и други европски клубови. Меѓутоа никогаш не стигнале конкретни понуди. Следната сезона, тој ја задржал капитенската лента. Тој останал во клубот и во наредната сезона. На 29 јануари 2011 година, го постигнал својот прв гол во новата сезона во победата од 2:1 над екипата на Лион. Овој гол Бишевац го постигнал од пенал.[12] Вториот гол бил еден од трите во победата од 3:0 над екипата на Брест.[13] На 9 април 2011 година, Бишевац добил црвен картон во нерешениот натпревар од 1:1 против екипата на Ненси. На крајот на сезоната, Валенсиен завршил на 12то место во лигата.
Париз Сен Жермен
уредиПари Сен Жермен во летниот преоден рок ги обновил интересите за потписот на Милан Бишевац.[14] На 25 јули 2011 година, тој потпишал тригодишен договор со ПСЖ за непозната сума на пари.[15] За неговиот потег, тој зборувал за чувството на огромен притисок кој го имал и додал: „Ова го научив додека бев во Црвена ѕвезда од Белград, каде навивачите можеа слободно да влезат во соблекувалната за да бараат од нас да победиме“. Тој продолжил: „ Не се плашам од притисок. Кога сум под притисок, поконцентриран сум и подобро настапувам на натпреварите.“[16]
На првиот натпревар од сезоната, Бишевац одиграл цели 90 минути, но сепак неговиот тим загубил со 1:0 од тимот на Лориен. Наскоро тој станал редовен играч во тимот, играјќи ги првите четири натпревари од почеток на сезоната. По доаѓањето на централниот бек Диего Лугано, сепак, тој го загубил првотимскиот статус. Новиот тренер на ПСЖ, Карло Анчелоти го префрлил Бишевац од централната одбранбена позиција на позицијата десен бек, влегувајќи во конкуренција со десните бекови Кристоф Жале и Сеара. Со пристигнувањето на Алекс од Челзи, Бишевац уште повеќе ја губел позицијата на централен играч во одбраната. На 28 јануари 2012 година Милан Бишевац го постигнал единствениот гол во победата од 0:1 на гостувањето кај тимот на Брест. Истиот месец, бил награден за играч на месецот на УНФП поради неговите импресивни настапи за клубот на ПСЖ.[17] Продолжил со настапите за својот клуб, и на крајот на сезоната сепак се вратил да игра на неговата природна позиција како играч од централниот дел на одбраната.
На почетокот на следната сезона, ПСЖ потпишал договор со централниот бек Тиаго Силва од екипата на Милан, што довело до шпекулации дека Милан Бишевац ќе го напушти клубот. При тоа екипата на Лион го потврдила интересот за него.[18][19] Откако се прошириле гласините за понудата, клубот на ПСЖ првично се согласил да го продаде, но само доколку клубот на Лион се согласи да го испрати десниот бек Ентони Ревејер во спротивна насока, односно Бишевац да замине во Лион, а Ревејер да дојде во ПСЖ.[20] Тимот на ПСЖ бил заинтересиран и мотивиран да го продаде Бишевац за да ослободи едно од четирите места кои се дозволени за играчи надвор од територијата на ЕУ, бидејќи клубот во меѓувреме потпишал со бразилското крило Лукас од тимот на Саун Пауло.[21] Само неколку дена откако Бишевац му се приклучил на тимот на Лион, ривалот од лигата екипата на Марсеј изјавил желба и намера за ангажирање на Бишевац. Но, сопственичката на Марсеј, Маргарита Луис-Драјфус одбила таква можност велејќи дека клубот нема доволно пари за тој потфат.[22]
Лион
уредиВо летото 2012 година, Бишевац му се приклучил на клубот Олимпик од Лион за трансфер од 2 750 000 евра плус бонуси за четиригодишен договор.[23][24] Својот прв натпревар го одиграл како замена против тимот на Троа. Овој натпревар завршил со резултат од 4:1 за тимот на Лион. На вториот натпревар против екипата на Евијан кој завршил со резултат 1:1, Бишевац ги одиграл сите 90 минути. Од тој натпревар Бишевац бил стандарден играч во првите 11 и заедно со Бакари Коне формирале одличен пар во одбранбената линија на клубот.
Лацио
уредиНа 6 јануари 2016 година, Бишевац потпишaл за клубот од Серија А, СС Лацио.[25] Тоа го сторил на слободен трансфер као слободен играч.[26]
Мец
уредиНа 24 август 2016 година, Бишевац се вратил во Франција, потпишувајќи двегодишен договор со екипата на Мец.[27]
F91 Дуделанж
уредиНа 31 јули 2018 година, Бишевац се преселил во луксембуршкиот клуб Ф91 Дуделанж.
Свифт Хесперанж
уредиВо пресрет на сезоната 2019/20, Бишевац се приклучил на ФК Свифт Хесперанж.[28]
Репрезентација
уредиБишевац освоил сребрен медал со репрезентацијата на Србија и Црна Гора за играчи до 21 година на Европското првенство на УЕФА 2004 година. Тој настапувал за фудбалската репрезентација на Србија и Црна Гора во 2004 година, исто така за фудбалери до 21 година. Неговата репрезентација на крајот завршила на четвртото место во групата Ц зад освојувачите на златниот медал Аргентина и тимовите на Австралија и Тунис.
Бишевац својот прв натпревар за најдобриот сениорскиот тим на Србија го одиграл против репрезентацијата на Чешка, на 16 август 2006 година.
Статистика во кариерата
уредиКлуб
уреди- Обновено на мај 2019 година[29]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Национален куп | Лига куп | Европски натпревари | Вкупно | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
БАСК | 2001–02 | 24 | 1 | — | — | — | 24 | 1 | |||
2002–03 | 28 | 4 | — | — | — | 28 | 4 | ||||
Вкупно | 52 | 5 | — | — | — | 52 | 5 | ||||
Бежанија | 2003–04 | 17 | 4 | — | — | 17 | 4 | ||||
Железник | 2003–04 | 15 | 1 | — | — | 15 | 1 | ||||
Црвена ѕвезда од Белград | 2004–05 | 24 | 1 | 4 | 0 | — | 5 | 0 | 33 | 1 | |
2005–06 | 20 | 0 | 2 | 0 | — | 6 | 0 | 28 | 0 | ||
2006–07 | 14 | 2 | 2 | 0 | — | 6 | 0 | 22 | 2 | ||
Вкупно | 58 | 3 | 8 | 0 | — | 17 | 0 | 83 | 3 | ||
Ленс | 2006–07 | 9 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11 | 0 |
2007–08 | 26 | 1 | 0 | 0 | 3 | 0 | 4 | 0 | 33 | 1 | |
Вкупно | 35 | 1 | 2 | 0 | 3 | 0 | 4 | 0 | 44 | 1 | |
Валенсиен | 2008–09 | 37 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | — | 38 | 0 | |
2009–10 | 31 | 2 | 1 | 0 | 0 | 0 | — | 32 | 2 | ||
2010–11 | 32 | 2 | 0 | 0 | 1 | 0 | — | 33 | 2 | ||
Вкупно | 100 | 4 | 2 | 0 | 1 | 0 | — | 103 | 4 | ||
Париз Сен Жермен | 2011–12 | 19 | 1 | 3 | 0 | 0 | 0 | 3 | 0 | 25 | 1 |
Лион | 2012–13 | 30 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 4 | 0 | 36 | 0 |
2013–14 | 27 | 0 | 2 | 0 | 3 | 0 | 10 | 1 | 42 | 1 | |
2014–15 | 13 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 15 | 0 | |
2015–16 | 6 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 8 | 0 | |
Вкупно | 76 | 0 | 4 | 0 | 4 | 0 | 17 | 1 | 101 | 1 | |
Лацио | 2015–16 | 11 | 1 | 1 | 0 | — | 3 | 0 | 15 | 1 | |
Мец | 2016–17 | 21 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 21 | 0 | |
2017–18 | 10 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 10 | 0 | ||
Вкупно | 31 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 31 | 0 | ||
Дуделанж | 2018–19 | 3 | 1 | 1 | 0 | — | 3 | 0 | 7 | 1 | |
Вкупно во кариерата | 417 | 20 | 21 | 0 | 8 | 0 | 47 | 1 | 493 | 21 |
Меѓународни натпревари
уредиСрбија | ||
---|---|---|
Година | Натпревари | Голови |
2006 година | 2 | 0 |
2007 година | 1 | 0 |
2008 година | 0 | 0 |
2009 година | 0 | 0 |
2010 година | 0 | 0 |
2011 година | 6 | 0 |
2012 година | 5 | 0 |
2013 година | 3 | 0 |
2014 година | 2 | 0 |
Вкупно | 19 | 0 |
Признанија
уредиКлуб
уредиЦрвена ѕвезда од Белград
- Првенство на Србија и Црна Гора: 2005–06
- Првенство на Србија: 2006-07
- Куп на Србија и Црна Гора: 2005–06
- Куп на Србија: 2006–07
Меѓународни признанија
уредиСрбија и Црна Гора У21
- Освоен Сребрен медал на Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА: 2004 година
Индивидуални признанија
уреди- Играч на месецот во Лига 1: јануари 2012 година
Наводи
уреди- ↑ „Lens seal Serbian deal“. Sky Sports. 28 August 2006. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „Tactical Formation“. Football-Lineups.com. Посетено на 5 February 2007.
- ↑ „Injury concerns for Gillot“. Sky Sports. 12 March 2007. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „Bisevac four years at the VA (in French:Bisevac, quatre ans au VA)“ (француски). L Equipe. 3 July 2008. Архивирано од изворникот на 17 February 2013. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „captain Bisevac (in French:Bisevac capitaine)“ (француски). L Equipe. 4 August 2009. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „Valenciennes 3–2 Marseille“. ESPN Soccernet. 26 September 2009. Посетено на 4 January 2013.[мртва врска]
- ↑ „Bisevac out two weeks (in French“ (француски). L Equipe. 10 November 2009. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „Rafael and return Bisevac (in French:Rafael et Bisevac reviennent)“ (француски). L Equipe. 4 December 2009. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „AS Monaco 2 – 1 Valenciennes“. ESPN Soccernet. 10 April 2010. Посетено на 4 January 2013.[мртва врска]
- ↑ „Bisevac coveted Turkey(in French:Bisevac convoité en Turquie)“ (француски). L Equipe. 4 May 2010. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „PSG following Basa (in French:Le PSG suit Basa)“ (француски). L Equipe. 8 June 2010. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „Valenciennes 2 – 1 Lyon“. ESPN Soccernet. 29 January 2011. Посетено на 4 January 2013.[мртва врска]
- ↑ „Ducourtioux goal the catalyst“. ESPN Soccernet. 13 February 2011. Посетено на 4 January 2013.[мртва врска]
- ↑ „PSG monitoring Bisevac“. Sky Sports. 25 June 2011. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „PSG continue spending with Bisevac“. ESPN Soccernet. 27 July 2011. Посетено на 4 January 2013.[мртва врска]
- ↑ „Milan Bisevac : "Kombouaré ne m'a pas pris pour me faire plaisir"“ [Milan Bisevac: "Kombouaré did not sign me to make me happy"] (француски). La Parisien. 13 August 2011. Посетено на 4 January 2013.[мртва врска]
- ↑ „Bisevac joueur du mois de janvier“ [Bisevac Player of the Month in January)] (француски). So Foot.com. 9 February 2012. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „Garde confirme pour Bisevac“ [Guard confirms Bisevac] (француски). L Equipe. 8 August 2012. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „Lyon boss Garde admits Bisevac interest“. Goal.com. 10 August 2012. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „Guard confirms Bisevac (in French:Garde confirme pour Bisevac)“ (француски). L Equipe. 8 August 2012. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „Paris Saint-Germain interested in exchanging Bisevac for Lyon's Reveillere – report“. Goal.com. 8 August 2012. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „Marseille voulait Bisevac“ [Marseille wanted Bisevac] (француски). L Equipe. 22 August 2012. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „Paris Saint-Germain's Milan Bisavec joins Lyon“. Goal.com. 16 August 2012. Посетено на 4 January 2013.
- ↑ „Winner of the Trophée des Champions in New York Summer 2012 trading window New sponsors and renewal of sponsorship agreements“ (PDF). Olympique Lyonnais Group. 10 September 2012. Посетено на 23 January 2016.
- ↑ „Biševac è un nuovo giocatore biancoceleste“ [Biševac is a new biancoceleste player] (италијански). S.S. Lazio. 6 January 2016. Архивирано од изворникот на 2016-01-29. Посетено на 23 January 2016.
- ↑ „2015–16 FIRST-HALF FINANCIAL REPORT“ (PDF). Olympique Lyonnais. 18 March 2016. Посетено на 24 August 2016.
- ↑ „Milan Bisevac signe à Metz“ [Milan Bisevac signs for Metz]. L'Equipe (француски). 24 August 2016. Посетено на 24 August 2016.
- ↑ Milan Bisevac vient renforcer le Swift, wort.lu, 25 June 2019
- ↑ „M.Biševac“. Soccerway. Посетено на 8 February 2015.
Надворешни врски
уреди- Профил, статистика и слики на Милан Бишевац (на француски)
- Милан Бишевац – Профил на сајтот на УЕФА