Арас

општина во департманот Па де Кале, Франција

Арас (франц. Arras, лат. Nemetacum Atrebatum; холандски: Atrecht) — главен град на францускиот департман Па де Кале, кој е дел од регионот Горна Франција.[2]

Arras
Arras  (француски)
Департман и општина
Во насока на стрелките на часовникот од горе: Низа градски куќи во фламански барокен стил, Опатијата Сен-Васт, шарена куќа, Цитаделата Вобан и Градското собрание со камбанаријата
Во насока на стрелките на часовникот од горе: Низа градски куќи во фламански барокен стил, Опатијата Сен-Васт, шарена куќа, Цитаделата Вобан и Градското собрание со камбанаријата
Грб на Arras
ЗемјаФранција
РегионСевер-Па де Кале
ДепартманПа де Кале
ОкругАрас
Управа
 • Градоначалник (2020–2026) Frédéric Leturque[1]
Површина111,63 км2 (449 ми2)
Население (2019)241.694
 • Густина36/км2 (93/ми2)
INSEE/Пошт. бр.62041 / 62000
Надм. висина52 м
(прос. 72 м)
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Арас е трет по големина град во Па де Кале по Кале и Булоњ сур Мер. Во 2012 градот имал 43.693 жители, а градската област Арас имала население од 124.200.[3] Арас е историски центар на поранешната провинција Артоа. Од 1556 до 1714 година бил дел од Шпански Ниски Земји, дел од Ниските Земји под контрола од Шпанија. Во 1640 година Луј XIII го освоил; градот официјално станал дел од Франција во 1659 година.

Уште во 14 век Арас бил прочуен по своите ткаенини и трговијата со волна, а најпознат бил по производството на таписерии - до таа мера што на англиски и италијански зборот Arras (Arazzi на италијански) се употребувал како сининим за таписерија.[4]

Арас секоја година привлекува илјадници посетители, кои најчесто ја истражуваат архитектурата и историските градби на градот. Најголеми знаменитости се Градското собрание и неговата камбанарија (наведена како светско наследство на УНЕСКО од 15 јули 2005 година), „Бовес“ (лавиринт на 10 м под градот), плоштадите (La Place des Héros и La Grand'Place), Уметничката четврт (Театарот на Арас и хотелот de Guînes ), Областа на опатијата (Обатија Saint-Vaast и катедралата во Арас), цитаделата Вобан и локалитетот Неметакум (античкиот град основан од Римјаните пред 2000 години).[5] Канадскиот национален споменик на Вими е на излезот од градот.

Историја

уреди

Антика/Основање

уреди

Арас бил основан од белгиското племе Атребати и го нарекле Неметоцена (што значи „свето место“) поради неметонот што веројатно го имало таму. Подоцна Римјаните го преименувале во Неметакум/Атребатум и станал нивен важен гарнизонски град.[6][7]

Средновековен и ран модерен период

уреди

Пред средниот век

уреди

Во 843 година, Арас бил седиште на округот Артоа кој станал дел од кралскиот домен во 1191 година.[8] Името Арас прв пат било спомнато во 12 век.[9][10]

Во 4 век, Неметакум бил познат по уметноста и занаетчиството, како и по трговијата со текстил низ целото царство. Во 406-407 година, градот бил заземен и уништен од германските освојувачи. Во 428 година, Салиските Франки предводени од Хлодион ле Шевелу ја презеле контролата врз регионот вклучувајќи го и сегашниот департман Сом.

Жителите на градот го примиле христијанство кон крајот на 4 век. Во 499 година, по покрстувањето на Хлодовик I во Арас била создадена Римокатоличката бискупија во Арас, а прв бискуп бил Свети Васт.

Ран среден век

уреди

Во текот на 9 век, градот бил напаѓан од Викинзите, кои подоцна се населиле во Нормандија. Опатијата повторно зајакнала во 11 век и одиграла важна улога во развојот на средновековното сликарство.[4]

 
Аррас: таписерија што го претставува разговорот на Бог со Ное

Доцен среден век

уреди

Во текот на средниот век, со Арас владееле различни феудални владетели и феуди, како Грофовијата Фландрија, Војводството Бургундија, шпанскиот огранок од Хабсбуршката династија и Франција. Во 1430 година, Јованка Орлеанка (Jeanne d'Arc на француски), била затворена во регионот на Арас. Во градот во 1435 г. се одржал Конгресот од Арас, неуспешен обид да се стави крај на Стогодишната војна. По смртта на војводата Карло Смелиот од Бургундија во 1477 година, францускиот крал Луј XI ја презел контролата врз Арас, но жителите од градот, биле лојални на Бургундијците и ги протерале Французите. По ова Луј XI лично да го опколил Арас и ги срамнал ѕидините на градот, а жителите биле протерани, на чие место дошле лојални поданици од други делови на Франција. За целосно да го уништи идентитетот на градот, Луј привремено го преименувал привремено во Франшиза. Во 1482 година, во градот бил потпишан Араскиот договор со кој завршила војната меѓу Луј XI и Максимилијан I ; десет години подоцна, градот му бил отстапен на Максимилијан. Потоа бил наследен на шпанските хабсбурзи како дел од Шпански Ниски Земји.[11][12]

Арас останал под шпанска власт од 1493 до 1640 година кога бил заземен од Французите.

Француска револуција

уреди
 
Максимилијан де Робеспјер адвокат и политичар роден во Арас

Максимилијан де Робеспјер, француски правник и политичар роден во Арас е една од најпознатите и највлијателните личности од Француската револуција. Робеспјер, исто така, придонел во составувањето на Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот.[8]

Светски војни

уреди
 
Hôtel de Ville, Арас на 26 мај 1917 година

За време на поголемиот дел од Првата светска војна, Арас бил на околу 10 км оддалечен од фронтовата линија, а во близина на градот се одиграле низа битки, како Битката кај Арас (1914), Битката кај Арас (1917) и Втората битка за Сом како дел од Стодневната офанзива во 1918 година.

По завршувањето на Првата светска војна (1918), градот бил толку тешко оштетен што три четвртини од него морало да се обноват.

Во првите фази од Втората светска војна, за време на инвазијата на Франција во мај 1940 година, градот се нашол во средиштето на голем британски контранапад. По неуспешниот контранапад Арас бил окупиран од Германците и 240 осомничени членови на францускиот отпор биле погубени во тврдината Арас. На 3 септември 1944 година, градот бил ослободен.

Географија

уреди

Арас се наоѓа во северна Франција во регионот Горна Франција. Се наоѓа на 182 км северно од Париз и на 110 км источно од Ла Манш.

Геологија

уреди

Градот Арас се наоѓа на голема варовничка висорамнина. Варовникот се депонирал во доцна креда пред 90  милиони години. Порано се се ископувал за изградба на најпрестижните градби во Арас. Затоа, жителите го викале La ville blanche (Белиот град).

Збратимени градови

уреди

Арас е збратимен со:[13]

Наводи

уреди
  1. „Répertoire national des élus: les maires“. data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises (француски). 2 December 2020.
  2. INSEE commune file
  3. „Mairie de ARRAS (62000) - Conseil-General.com“. conseil-general.com. Посетено на 30 October 2014.
  4. 4,0 4,1 "Arras." Encyclopedia of the Middle Ages. Ed. André Vauchez.
  5. „Discover the heritage of the city of Arras - Arras Tourism Office“. explorearras.com. Архивирано од изворникот на 2020-01-30. Посетено на 30 October 2014.
  6. "Arras". Northern France and the Paris Region, pp. 120–122. Michelin Travel Publications, 2006. ISBN 2-06-711928-1
  7. "Arras." Concise Dictionary of World Place-Names. John Everett-Heath. Oxford University Press 2005.
  8. 8,0 8,1 „Eupedia“.
  9. „Histoire Générale - Arras-Online“. arras-online.com. Архивирано од изворникот на 2020-07-26. Посетено на 30 October 2014.
  10. „ARRAS Historique“. nordmag.com. Архивирано од изворникот на 2020-05-19. Посетено на 30 October 2014.
  11. "Arras." Merriam-Webster's Geographical Dictionary. (2007).
  12. "Arras." Encyclopædia Britannica. 2008.
  13. „Relations internationales“. arras.fr (француски). Arras. 20 August 2015. Посетено на 2021-04-25.

Надворешни врски

уреди