Ларс Бом
Ларс Антониус Јоханес Бом (холандски: Lars Anthonius Johannes Boom; р. 30 декември 1985 во Влејмен) — холандски професионален велокрос и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма, претходно возејќи за Џамбо-Висма[1] како и во нивната јуниорска и континентална екипа. Бом го освоил Светското велокрос првенство во 2008. Исто така е национален велокрос првак во неговата дисциплина од 2001 — станувајќи јуниорски велокрос првак од 2002 до 2003 и од 2004 до 2006 национален првак под 23 години и национален сенирски првак од 2007 до 2012 година.
Бом на Тур де Франс 2015 | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Ларс Антониус Јоханес Бом | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 30 декември 1985 Влејмен, Холандија | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,91 м | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 75 кг | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Џамбо-Висма | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | Велокрос Друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | Велокрос Специјалист за хронометри | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2002–2003 | Рабобанк Јуниор | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2004–2008 2009–2012 2013 2013-2014 2015-2016 2017- | Рабобанк ГС3 Рабобанк Бланко Про Сајклинг Белкин Про Сајклинг Астана Лото НЛ-Џамбо | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 24 јануари 2018 |
Кариера
уредиРабобанк КТ (2003–2008)
уредиВо текот на велокрос сезоната 2005-2006, Бом на возраст од 20 години, забележал неколку победи, вклучувајќи ја победата пред Свен Нис на ГП Свен Нис[2] како и победата на Вламсе Древенвелдрит Оверејсе, откако Барт Веленс бил дисквалификуван по тепачката со набљудувач.[3] Бом бил поразен од Здењек Штибар во спринтот на светското првенство под 23 години[4] но една година подоцна владеел на трката и ја освоил трката на светското првенство под 23 години.[5]
Во сезоната 2006-2007, Бом побарал и добил специјална дозвола за настап на холандското елитно велокрос првенство и станал првак на Холандија.[6] Како дополнување на успесите на Бом во велокрос биле успесите во друмскиот велосипедизам, каде освоил неколку етапни трки, како што е Тур де Бретан.[7] Во септември 2007, Бом станал Светски хронометарски првак под 23 години, победувајќи го Русинот Михаил Игнатиев.[8] Во ноември 2007, Бом го освоил трофејот Герит Шулте, бидејќи имал две победи на Светските првенства.[9] Во сезоната 2007-2008, Бом го освоил Светскиот куп во Пејнакер, Газет ван Антверпен во Лунхут и потоа станал холандски велокрос првак втора година по ред. Потоа, победил на трките во Светскиот куп во Ливин и Хогерхајде. Заминал на светското првенство во Тревизо 2008 како голем фаворит и не потфрлил, ја освоил трката и станал втор возач по Радомир Шимунек, кој освоил титула светски првак во сите категории (јуниори, младинци и сениори).
Во текот на сезоната 2008, Бом продолжил да се насочува кон друмскиот велосипедизам, и покрај успешната велокрос сезона. Ја освоил третата етапа на Тур де Бретан.[10] Бом исто така го освоил хронометарот на шестата етапа.[11] Потоа Бом доминирал на најстарата етапна трка во Холандија – Трка Олимпија.[12] По настапот на две етапни трки во Шпанија, каде ги освоил првата и третата етапа на втората трка, Бом се вратил во Холандија, каде учествувал на холандското друмско првенство.[13][14] Го освоил националното хронометарско првенство неколку недели подоцна откако објавил дека ќе се насочи кон друмскиот велосипедизам по велокрос сезоната 2008-2009.[15]
Рабобанк Про/Белкин (2009–2014)
уредиВо 2009 победил на Трката околу Белгија по покажаните силни вештини за искачување и на завршниот хронометар. На својата прва Вуелта, бил дел од бегството од 12 возачи на 15. етапа. Тој се одвоил на последното искачување и ја освоил етапата, правејќи го првиот Холанѓанец, кој освоил етапа на некоја голема трка од 2005.
Бом ја започнал сезоната 2010 со освојување на холандското национално велокрос првенство. Оваа трка била само втора велокрос трка и последна во сезоната. На прологот на Париз-Ница бил подобар од специјалистите за хронометар Јенс Фогт, Леви Лајпхајмер, Алберто Контадор и Дејвид Милар. Во текот на зимата 2010-2011, Бом направил кратко враќање на велокросот, ја освоил трката од Светскиот куп во Золдер, како и неговата петто последователно холандско велокрос првенство. Во 2011 повторно бил најбрз на пролог на трка од Светската турнеја: на Критериум ду Дофине. Подоцна таа година освоил две етапи и генералниот пласман на Трката околу Британија.
Бом го освоил холандското велокрос првенство шеста година по ред во јануари 2012, зголемувајќи го неговиот рекорд.[16]
Во 2014 година, Бом ја освоил петтата етапа на Тур де Франс, етапа со потешкотии поради влажните услови и големи делови под калдрма. Етапата претставувала прва негова победа во 2014. Се случила точно девет години по победата на последниот холандски етапен победник на Тур Питер Венинг.[17]
Астана (2015–2016)
уредиПодоцна, Бом објавил дека ќе го напушти Белкин и ќе ѝ приклучи на Астана за сезоните 2015 и 2016.[18]
Доаѓајќи на Тур де Франс, поголеми резултати на Бом за 2015 биле четвртото место на Париз-Рубе[19] и шесто на Трката околу Фландрија.[20] Имало одредена контроверза на почетокот на Тур, откако нивото на кортизол кај Бом било прениско во неговата крв според правилата на MPCC за да учествува на трка, но раководството на Астана одлучило да го задржи.[21] Бом го обвинил неговиот инхалатор за астма за ниските нивоа на кортизол.[22]
ЛотоНЛ-Џамбо (2017–)
уредиПо две сезони со Астана, Бом најавил во август 2016 година дека ќе се приклучи на Лото НЛ-Џамбо.
Достигнувања
уредиВелокрос
уреди- 2001
- 1. Национален јуниорски велокрос првак
- 2002
- 1. Национален јуниорски велокрос првак
- 2003
- 1. Светски јуниорски велокрос првак
- 1. Национален јуниорски велокрос првак
- 2004
- 1. Национален велокрос првак под 23 години
- 1. Велокрос Рудерворде под 23 години
- 1. Европски велокрос првак под 23 години
- 2005
- 1. Национален велокрос првак под 23 години
- 1. Велокрос Амерсфорт
- 1. Велокрос Велдхофен
- 1. Велокрос Оверејсе
- 2006
- 1. Национален велокрос првак под 23 години
- 1. Гран при Свен Нис
- 1. Гран при Адри ван дер Пул под 23 години
- 2007
- 1. Светски велокрос првак под 23 години
- 1. Национален велокрос првак
- 1. Гран при Адри ван дер Пул под 23 години
- 1. Светски велокрос куп UCI Велдрит Пејнакер
- 1. ГВА Трофеј
- 2008
- 1. Светски велокрос првак
- 1. Национален велокрос првак
- 1. Светски куп
- 2009
- 1. Национален велокрос првак
- 2010
- 1. Национален велокрос првак
- 1. Светски велокрос куп UCI
- 2011
- 1. Национален велокрос првак
- 2012
- 1. Национален велокрос првак
друмски
уреди- 2004
- 1. Етапа 2 Триптик Ардени
- 2005
- 1. Пласман под 23 години Триптик де Бараж
- 1. Етапа 2 Тур де ла Сом
- 2006
- 1. Етапа 3 Волта ао Дистрито де Сантарем
- 1. Краен пласман Волта ао Дистрито де Сантарем
- 1. Пласман под 23 години Триптих на планините и замоците
- 2007
- 1. Светско хронометарско првенство под 23 години
- 1. Омлоп дер Кемпен
- 1. Пролог Трка Олимпија
- 1. Краен пласман Тур де Бретања
- 1. Пролог
- 1. Пролог Тур де Норманди
- 2008
- 1. Национален друмски првак
- 1. Национален хронометарски првак
- 1. Етапа 3 Тур де Бретања
- 1. Етапа 6 Тур де Бретања
- 1. Краен пласман Трка Олимпија
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 8
- 1. Краен пласман Волта а Љеида
- 1. Етапа 8
- 1. Етапа 1 Сиркуто Монтањес
- 1. Етапа 5a Сиркуто Монтањес
- 1. Етапа 7 Сиркуто Монтањес
- 1. Етапа 4 Вуелта а Леон
- 2009
- 1. Краен пласман Трка околу Белгија
- 1. Етапа 15 Вуелта а Еспања
- 2010
- 1. Пролог Париз-Ница
- 2011
- 1. Пролог Критериум ду Дофине
- 1. Пролог Трка околу Катар
- 1. Тирено-Адријатико ТТТ
- 1. Краен пласман Трка околу Британија
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 6
- 2012
- 1. Краен пласман Енеко Тур
- 2. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
- 1. Етапа 3
- 6. Париз-Рубе
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2. Национално друмско првенство
- 2013
- 1. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 2 (ITT) Средоземна трка
- 1. Бодовен пласман Енеко Тур
- 2. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
- 1. Етапа 2
- 4. Бинше-Шиме-Бинше
- 6. Профронде ван Сурхујстервен
- 2014
- 1. Етапа 5 Тур де Франс
- 2. Краен пласман Енеко Тур
- 4. Ронде ван Маде
- 2015
- 1. Етапа 1 Трка околу Данска
- 4. Париз-Рубе
- 6. Трка околу Фландрија
- 2016
- 6. Е3 Харелбеке
- 2017
- 1. Краен пласман Трка околу Британија
- 1. Етапа 5 (ITT)
- 4. Класик Арнем-Венендал
- 8. Краен пласман БинкБенк Тур
- 1. Етапа 5
планински
уредиРаспоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — | — |
Тур | — | 130 | СО | — | 105 | 99 | СО |
Вуелта | 55 | — | — | 107 | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Резултати на монументите
уредиОваа табела ги прикажува резултатите на петте велосипедски монументи.
Година | Милано-Санремо | Трка околу Фландрија | Париз-Рубе | Лиеж-Бастон-Лиеж | Џиро ди Ломбардија |
---|---|---|---|---|---|
2009 | 102. | ||||
2010 | 94. | 77. | СО | ||
2011 | 112. | 37. | 12. | ||
2012 | 32. | СО | 6. | ||
2013 | 11. | 14. | |||
2014 | 93. | 37. | |||
2015 | 51. | 6. | 4. | ||
2016 | 25. | 11. | |||
2017 | 97. |
СО = се откажал
Наводи
уреди- ↑ „Поранешен Рабобанк (RAB) – NED“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 3 јануари 2013.
- ↑ „Results 7th Grote Prijs Sven Nys“. Cyclingnews.com. Посетено на 17 декември 2007.
- ↑ „Vlaamse Druivenveldrit Overijse Belgium Results“. Cyclingnews.com. Посетено на 17 декември 2007.
- ↑ „Stybar wins cat and mouse Espoir race“. Cyclingnews.com. Посетено на 17 декември 2007.
- ↑ „Холандскиот првак лесно победи на трката под 23 години“. Cyclingnews.com. Посетено на 17 декември 2007.
- ↑ „Boom booms in cyclo-cross“. Cyclingnews.com. Посетено на 17 декември 2007.
- ↑ „Boasson Hagen and Boom share the honours“. Cyclingnews.com. Посетено на 17 декември 2007.
- ↑ „Holland's Boom takes Under 23 title after two-man fight“. Cyclingnews.com. Посетено на 17 декември 2007.
- ↑ „Бом: Холандски велосипедист на годината“. Cyclingnews.com. Посетено на 17 декември 2007.
- ↑ „He's back! Like a Boomerang“. Cyclingnews.com. Посетено на 3 јули 2008.
- ↑ „It's Boom again and Poilvet stays on top“. Cyclingnews.com. Посетено на 3 јули 2008.
- ↑ „Olympia's Tour 2008 for Lars“. Lars Boom.nl. Архивирано од изворникот на 2008-08-03. Посетено на 3 јули 2008.
- ↑ „Lars Boom pakt ook nationale titel op de weg“ (холандски). Elsevier.nl. Посетено на 3 јули 2008.
- ↑ „Lars Lars Boom Nederlands wielerkampioen“ (холандски). Gelderlander.nl. Посетено на 3 јули 2008.
- ↑ „Boom to concentrate on road after '08“. Cyclingnews.com. Посетено на 19 декември 2008.
- ↑ „Бом ја освоил титулата велокрос првак“. 8 јануари 2012. Посетено на 18 јуни 2012.
- ↑ „Бом ја освоил етапата на калдрма додека Нибали го зголеми водството, Фрум падна“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 9 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2014-08-13. Посетено на 24 јули 2014.
- ↑ Худ, Ендру (1 август 2014). „Бодовниот победник Буани во Кофидис, Бом во Астана“. VeloNews. Архивирано од изворникот на 2014-08-02. Посетено на 3 август 2014.
- ↑ „Дегенколб победи на Париз-Рубе“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 април 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-15. Посетено на 29 јуни 2015.
- ↑ „Кристоф ја освои Трката околу Фландрија“. Cyclingnews. 10 април 2015. Посетено на 29 јуни 2015.
- ↑ Худ, Ендру (4 јули 2015). „Астана вели дека Бом ќе настапи на Тур“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2015-07-04. Посетено на 4 јули 2015.
- ↑ „Бом го обвини инхалаторто за астма за ниските нивоа на кортизол“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 4 јули 2015. Посетено на 4 јули 2015.
Надворешни врски
уреди„Ларс Бом“ на Ризницата ? |
- Матична страница (англиски)
- „Достигнувања на Ларс Бом“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Ларс Бом“. ProCycling.
- „Достигнувања на Ларс Бом“. Cycling Quotient.
Спортски позиции | ||
---|---|---|
Претходник Кос Муренхут |
Национален друмски првак 2008 |
Наследник Кос Муренхут |
Претходник Стеф Клемент |
Национален хронометарски првак 2008 |
Наследник Стеф Клемент |