Бастија
Бастија (француски: Bastia) — општина во департманот Корзика во Франција во североисточниот дел на островот Корзика. Тој е вториот најголем град во Корзика зад Ајачо и административно седиште на поранешниот департман Горна Корзика.
Бастија Bastia | ||
---|---|---|
Поглед на катедралата Св. Јован од пристаништето | ||
Местоположба во регионот Корзика [[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Corse" does not exist|160px|Бастија во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Corse" does not exist]]
Бастија | ||
Координати: 42°42′03″N 9°27′01″E / 42.7008° СГШ; 9.4503° ИГД | ||
Земја | Франција | |
Регион | Корзика | |
Департман | Горна Корзика | |
Округ | Бастија | |
Општ. заедница | Бастија | |
Управа | ||
• Градоначалник (2008–2014) | Емил Ѕукарели | |
Површина1 | 19,38 км2 (748 ми2) | |
Население (2008)2 | 43.477 | |
• Густина | 22/км2 (58/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 2B033 / 20200 | |
Надм. висина | 0 м (прос. 30 м) | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Бастија е главно пристаниште на островот и негов главен комерцијален град, особено познат по неговите вина. Околу 10% од неговото население се имигранти. Стапката на невработеност во општината постојано е една од највисоките во Франција.
Географија
уредиСместен во североисточниот дел на Корзика на основата на полустровот Кап Корс, помеѓу морето и планините, Бастија е главно пристаниште на островот. Градот се наоѓа 35 километри од северниот ’рт на полуостровот, 50 километри западно од Елба, италијански остров, и 90 километри од копното на Италија, кое може да се види неколку дена во годината, кога видливоста е извонредна.
Географски, Бастија е одреден во својата местоположба помеѓу морето и планините. Градот е сместен на источната страна на „Сера ди Пињу“, планина висока 960 метри. Оваа стрмна планина и неколку ридови во градот го обликуваат релјефот, кој е карактеристичен за Корзика. Овој пејзаж предизвикал градот главно да се развива во крајбрежниот појас, кој е широк еден и пол километар, што е многу ограничен дел од вкупната површина на општината.
Поради својата местоположба, Бастија поседува пристаниште и морето имала значајна улога во просторната организација на градот. Денес, Бастија поседува три различни пристаништа. Старото пристаниште („Vieux Port“ на француски и „Porto Vecchio“ на корзикански), сместено во тесен залив, нуди добра природна заштита против временските услови на Средоземното Море. Така, тоа било јадрото на првичниот развој на градот. Денес, многу рекреативни и рибарски бродови се сместени тука, но ја нема онаа економска важност како другите современи пристаништа, иако неговиот туристички и естетски шарм го прави официјален амблем на градот. Всушност, многу кафулиња, барови и ресторани се преселиле на неговите докови, до кои може да се дојде само пешки во текот на летните настани.
Малку понасевер се наоѓа комерцијалното и фериботското пристаниште. Како главна економска дејност на градот, комерцијалното пристаниште е пулсот на градот. Тоа особено е видливо во текот на летото, кога пристигнуваат и заминуваат фериботи и илјадници патници и автомобили може да предизвикаат долги сообраќајни метежи. Пред комерцијалното пристаниште, големиот плоштад Св. Никола го претставува срцето на градот. Северно од комерцијалното пристаниште се наоѓа марината Тога, именувана по населба во градот, пристаниште за рекреативни бродови. На неговите докови се наоѓаат барови, ресторани и ноќни клубови.
Така, Бастија е логички поставена на оската север-југ, која предизвикува проблеми за пристап до центарот на градот при одредени околности. Денес, центарот на градот е главно составен од цитаделата, упориште наречено Тера-Нова, со гувернерската палата на Џенова, старото пристаниште и неговиот популарен кварт и плоштадот и бројни градби долж булеварот Паоли, главна трговска улица во градот, која се протега од судот до авенијата Марешал Себастијани.
Во текот на последните неколку декади, Бастија и неговата област доживеале силен демографски раст.
Клима
уредиБастија има средоземна клима. Просечната годишна температура е 15,5 °C и има околу пет дена мраз во годината. Ветерот е постојан и опасен, додека врнежите се обилни, но самиот град просечно годишно има над 240 сончеви дена.
Клима на Бастија | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 13,6 | 13,8 | 15,6 | 17,8 | 22,0 | 25,8 | 29,1 | 29,3 | 25,8 | 21,9 | 17,4 | 14,5 | 20,5 |
Просечна температура (°C) | 9,1 | 9,4 | 10,8 | 12,9 | 16,3 | 20,0 | 23,2 | 23,3 | 20,6 | 17,1 | 12,9 | 10,1 | 15,5 |
Просечна минимална (°C) | 5,1 | 4,9 | 6,7 | 8,8 | 12,4 | 16,0 | 19,0 | 19,4 | 16,5 | 13,3 | 9,2 | 6,3 | 11,5 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 67 | 57 | 60 | 76 | 50 | 41 | 13 | 21 | 81 | 127 | 114 | 93 | 800 |
Сончеви часови (месечно) | 134 | 158 | 192 | 214 | 268 | 296 | 345 | 304 | 232 | 176 | 133 | 128 | 2,580 |
Историја
уредиПред окупацијата на Корзика од Џенова, Кардо бил голем град. Околу градот имало мали села, каде живееле рибарите на Кардо. Ова мало пристаниште било наречено Порто Кардо (Porto Cardo), што значело пристаниште на Кардо.
Џенова почувствувале потреба за засолниште од морските бури и во 1380 почнале да ја градат цитаделата под водство на гувернерот Леонело Ломелини. Со времето „бастилја“ (bastiglia; италијански за цитадела) станувала посперитентна и поважна од Кардо. Бастија била главен град на Корзика до 1791.
Во 1794, во текот на војната со револуционерна Франција, британските трупи под водство на адмиралот Нелсон на кратко ја освоиле Бастија.
Знаменитости
уреди- Музеј на Корзика
- Поранешната палата на гувернерите на Џенова, во која сега се наоѓа Музејот за корзиканска етнографија.
- Тврдината
Сообраќај
уредиГодина | Нас. | ±% |
---|---|---|
1800 | 11.336 | — |
1806 | 7.922 | −30.1% |
1821 | 9.316 | +17.6% |
1831 | 9.531 | +2.3% |
1836 | 13.610 | +42.8% |
1841 | 14.568 | +7.0% |
1846 | 15.004 | +3.0% |
1851 | 15.984 | +6.5% |
1856 | 16.002 | +0.1% |
1861 | 19.304 | +20.6% |
1866 | 21.535 | +11.6% |
1872 | 17.850 | −17.1% |
1876 | 17.572 | −1.6% |
1881 | 20.100 | +14.4% |
1886 | 20.765 | +3.3% |
1891 | 23.397 | +12.7% |
1896 | 22.552 | −3.6% |
1901 | 25.425 | +12.7% |
1906 | 27.338 | +7.5% |
1911 | 29.412 | +7.6% |
1921 | 33.094 | +12.5% |
1926 | 36.376 | +9.9% |
1931 | 44.628 | +22.7% |
1936 | 52.208 | +17.0% |
1946 | 49.327 | −5.5% |
1954 | 42.729 | −13.4% |
1962 | 31.375 | −26.6% |
1968 | 38.746 | +23.5% |
1975 | 42.810 | +10.5% |
1982 | 44.020 | +2.8% |
1990 | 37.845 | −14.0% |
1999 | 37.884 | +0.1% |
2008 | 43.477 | +14.8% |
Патен
уредиГлавен пат до Бастија е РН 193.
Железнички
уредиЖелезничката станица Бастија, која припаѓа на Корзиканските Железници, се наоѓа во центарот на градот и ја поврзува Бастија со Ајачо и Калви.
Морски
уредиВо поглед на патниците, Бастија е прво француско пристаниште на Средоземното Море со повеќе од 2,4 милиони патници во 2007. Тоа е второ француско пристаниште зад Кале (15 мил. патници).
Воздушен
уредиАеродромот Бастија-Порета се наоѓа 16 километри јужно од градот, во градот Лучана.
Луѓе
уреди- Винсент де Моро Џафери (1878–1956), адвокат
- Сезар Кампинши (1882–1941), адвокат и француски политичар
- Сезар Веѕани (1888–1951), оперски пејач
- Жозе Лучони (1903–1978), оперски пејач
- Џон Бернард (1893–1983), американски политичар
- Анџело Риналдо (р. 1940), писател и член на Француската академија
- Ив Симонпаоли (р. 1928), сликар
- Анри Падовани (р. 1952), прв гитарист на The Police
- Адил Рами, фудбалер
- Баптист Џабикони (р. 1989), машки модел и пејач
Збратимени градови
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уредиВикипатување има туристички водич за Бастија. |
„Бастија“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (француски)
- Фан-страница за Бастија (француски)
- Неофицијален водич на аеродромот Бастија