Туризам
Туризам (англиски: Tourism) е стопанска дејност, која вклучува патување за рекреација, одмор или бизнис цели. Светската туристичка организација ги дефинира туристите како луѓе кои „патуваат и остануваат во места надвор од нивната вообичаена околина повеќе од дваесет и четири (24) часа и не повеќе од една последователна година за одмор, бизнис и други цели кои не се поврзани со извршување активност исплатена во местото кое се посетува“.[3] Туризмот стана популарна глобална активност за одмор. Во 2007 г. имало над 903 милиони меѓународни туристички пристигнувања, со пораст од 6,6% во споредба со 2006 г. Меѓународните туристички приходи изнесувале 856 милијарди американски долари во 2007 г.[4]
И покрај несигурностите во глобалната економија, меѓународните туристички пристигнувања во текот на првите четири месеци од 2008 г. имале сличен растечки тренд како истиот период во 2007 г.[4] Меѓутоа, како последица на економската криза во 2008 г., меѓународната побарувачка за патување доживеала силно намалување кое почнало во јуни 2008 г., со паѓање на порастот на меѓународните туристички пристигнувања за 2% во текот на летните месеци, додека растот од јануари до април 2008 г. достигнал просечни 5,7% во споредба со нивото во 2007 г. Растот од 2006 до 2007 г. бил само 3,7%, бидејќи вкупните меѓународни туристички пристигнувања од јануари до август биле 641 милион туристи, повеќе од оние 618 милиони во истиот период во 2007 г.[5]
Туризмот е битен за многу земји, како Обединетите Арапски Емирати, Египет, Грција и Тајланд, и многу островски земји, како Бахамите, Фиџи, Малдивите и Сејшелите, како резултат на големиот прилив на пари од тргувањето со нивните стоки и услуги и можноста за вработување во услужните дејности поврзани со туризам. Овие услужни дејности опфаќаат услуги за транспорт, како воздухопловни компании, патување со брод и такси, услуги за сместување, кои опфаќаат хотели и одморалишта, и места за забава, како забавни паркови, казина, трговски центри, разни места за музика и театар.
Дефиниција
уредиХанцикер и Крапф, во 1941 г., го дефинирале туризмот како луѓе кои патуваат „збир од феномени и врски кои произлегуваат од патувањето и престојот на гостите, до степен кој не води до постојано живеалиште и кој не е поврзан со заработувачка активност“.[6] Во 1976 г., дефиницијата на Здружението за туризам на Англија била: „Туризмот е привремено, краткотрајно движење на луѓето кон одредишта надвор од местата во кои обично живеат и работат и нивните активности во текот на престојот на секое одредиште. Тоа опфаќа движења со секакви цели.“ Во 1981 г., Меѓународната асоцијација на научни експерти во туризмот го дефинирала туризмот како одредени активности одбрани по избор кои се преземаат надвор од домот.[7]
Обединетите нации разликуваат три форми на туризам во нивните „Препораки за статистиките на туризмот“од 1994 г.: домашен туризам, кој опфаќа жители на дадената земја кои патуваат само во таа земја, влезен туризам, кој опфаќа гости кои патуваат во дадената земја, и излезен туризам, кој вклучува жители кои патуваат во друга земја. ОН, исто така, создал различни категории на туризам со комбинирање на трите основни форми на туризам: внатрешен туризам, кој е составен од домашниот туризам и влезниот туризам, национален туризам, кој е составен од домашниот туризам и излезниот туризам, и меѓународен туризам, кој е составен од влезен и излезен туризам. Меѓуграничен туризам е израз составен од Корејската туристичка организација и е многу употребуван во Кореја. Меѓуграничниот туризам се разликува од домашниот туризам во тоа што првиот вклучува создавање политика и спроведување на националните туристички полиси.
Скоро, туристичката индустрија се префрлила од промовирање влезен туризам на промовирање меѓуграничен туризам, бидејќи многу земји се соочуваат со голема конкуренција за влезните туристи. Некои национални творци на политика го смениле својот приоритет на промовирање меѓуграничен туризам за да придонесат за локалната економија. Примери за такви кампањи се: „Искуси ја Америка“ во Соединетите Држави, „Искрено Азија“ во Малезија, „Тргнувај Канада“ во Канада, „Перу. Доживеј ја легендата“ во Перу, „Супер Филипини“ на Филипините, „Особено Сингапур“ во Сингапур, „100% Чист Нов Зеланд“ во Нов Зеланд, „Прекрасен Тајланд“ во Тајланд, „Неверојатна Индија“ во Индија и „Скриениот шарм“ во Виетнам.
Статистика и рангирање на светскиот туризам
уредиНајпосетувани земји
уредиСвестската туристичка организација ги објави следниве десет земји како најпосетувани во 2007 г. според бројот на странски туристи. Во споредба со 2006 г., Украина влезе на топ десет листата, престигнувајќи ги Русија, Австрија и Мексико. Повеќето од најпосетуваните земји сѐ уште се од Европскиот континент.
Ранг | Земја | СТООН Регионален пазар |
Меѓународни туристички пристигнувања (2007г.)[4] |
Меѓународни туристички пристигнувања (2006г.)[8] |
---|---|---|---|---|
1 | Франција | Европа | 81,9 милиони | 79,1 милион |
2 | Шпанија | Европа | 59,2 милиони | 58,5 милиони |
3 | САД | Северна Америка | 56,0 милиони | 51,1 милион |
4 | Кина | Азија | 54,7 милиони | 49,6 милиони |
5 | Италија | Европа | 43,7 милиони | 41,1 милион |
6 | Обединето Кралство | Европа | 30,7 милиони | 30,7 милиони |
7 | Германија | Европа | 24,4 милиони | 23,6 милиони |
8 | Украина | Европа | 23,1 милион | 18,9 милиони |
9 | Турција | Европа | 22,2 милиони | 18,9 милиони |
10 | Мексико | Северна Америка | 21,4 милиони | 21,4 милиони |
Меѓународни туристички приходи
уредиМеѓународните туристички приходи изнесувале 96,7 милијарди американски долари во 2007 г., повеќе од 2006 г. кога изнесувале 85,7 милијарди американски долари. Кога извозната вредност на патните приходи од странските туристи била пресметана, вкупниот приход во 2007 г. достигнал рекордни 1,02 трилиони или 3 милијарди американски долари дневно.[4] Светската туристичка организација ги објави следниве земји како најдобри десет заработувачи за 2007 г. Забележливо е што повеќето од нив се на Европскиот континент, но сепак Соединетите Држави и понатаму се најдобри заработувачи.
Ранг | Земја | СТООН Регионален пазар |
Меѓународни туристички приходи (2007г.)[4] |
Меѓународни туристички приходи (2006г.)[8] |
---|---|---|---|---|
1 | САД | Северна Америка | 96,7 милијарди долари | 85.7 милијарди долари |
2 | Шпанија | Европа | 57,8 милијарди долари | 51,1 милијарди долари |
3 | Франција | Европа | 54,2 милијарди долари | 46,3 милијарди долари |
4 | Италија | Европа | 42,7 милијарди долари | 38,1 милијарди долари |
5 | Кина | Азија | 41,9 милијарди долари | 33,9 милијарди долари |
6 | Обединето Кралство | Европа | 37,6 милијарди долари | 33,7 милијарди долари |
7 | Германија | Европа | 36,0 милијарди долари | 32,8 милијарди долари |
8 | Австралија | Океанија | 22,2 милијарди долари | 17,8 милијарди долари |
9 | Австрија | Европа | 18,9 милијарди долари | 16,6 милијарди долари |
10 | Турција | Азија | 18,5 милијарди долари | 16,9 милијарди долари |
Најголеми потрошувачи во меѓународниот туризам
уредиСветската туристичка организација ги објави следниве земји како десет најголеми потрошувачи во меѓународниот туризам за 2007 г. Пет години по ред, Германските туристи се најголеми потрошувачи.[4] Испитувањето на Дрезденската банка[9] предвидува дека во 2008г., Германците и, генерално, Европејците и понатаму ќе бидат најголеми потрошувачи поради јачината на еврото наспрема американскиот долар, со силна побарувачка за САД пред другите одредишта.[10]
Ранг | Земја | СТООН Регионален пазар |
Меѓународни туристички трошоци (2007г.)[4] |
Меѓународни туристички трошоци (2006г.)[8] |
---|---|---|---|---|
1 | Германија | Европа | 82,9 милијарди долари | 73,9 милијарди долари |
2 | САД | Северна Америка | 76,2 милијарди долари | 72,1 милијарди долари |
3 | Обединето Кралство | Европа | 72,3 милијарди долари | 63,1 милијарди долари |
4 | Франција | Европа | 36,7 милијарди долари | 31,2 милијарди долари |
5 | Кина | Азија | 29,8 милијарди долари | 24,3 милијарди долари |
6 | Италија | Европа | 27,3 милијарди долари | 23,1 милијарди долари |
7 | Јапонија | Азија | 26,5 милијарди долари | 26,9 милијарди долари |
8 | Канада | Северна Америка | 24,8 милијарди долари | 20,5 милијарди долари |
9 | Русија | Европа | 22,3 милијарди долари | 18,2 милијарди долари |
10 | Јужна Кореја | Азија | 20,9 милијарди долари | 18,9 милијарди долари |
Најпосетувани атракции
уредиФорбсовиот „Патник“ објави список на 50 најпосетувани туристички атракции во светот во 2007 г., вклучувајќи ги и странските и домашните туристи.[11] Следат топ 10-те атракции и уште некои познати места кои се на списокот на 50-те најпосетувани.[12] Впечатливо е дека четири од првите пет се во Северна Америка.
Најпосетувани градови
уредиEuromonitor ги објави 150-те најпосетувани градови во светот од странски туристи во 2007 г.[13] Следат водечките 15 града според рангирањето од Euromonitor:
Најпосетувани градови од странски туристи во 2007 г. Топ 15 градови | |||||||||||
Ранг | Град | Земја | Број на странски гости (милиони) |
Ранг | Град | Земја | Број на странски гости (милиони) |
Ранг | град | Држава | Број на странски гости (милиони) |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Лондон | Обединето Кралство | 15,34 | 6 | Њујорк | САД | 7,65 | 11 | Барселона | Шпанија | 5,04 |
2 | Хонгконг | НР Кина | 12,05 | 7 | Торонто | Канада | 6,63 | 12 | Сеул | Република Кореја | 4,99 |
3 | Бангкок | Тајланд | 10,84 | 8 | Дубаи | ОАР | 6,54 | 13 | Шангај | НР Кина | 4,80 |
4 | Сингапур | Сингапур | 10,28 | 9 | Истанбул | Турција | 6,45 | 14 | Даблин | Ирска | 4,63 |
5 | Париз | Франција | 8,76 | 10 | Рим | Италија | 6,12 | 15 | Куала Лумпур | Малезија | 4,40 |
Сепак, некои извори покажуваат дека Париз е најпосетуван град во светот со 30 милиони посетители.[14][15][16][17][18]
Историја
уредиБогатите луѓе отсекогаш патувале на далечни места во светот за да гледаат големи градби, уметнични дела, за да учат нови јазици, да искусат нови култури и да вкусат различни кујни. Многу одамна, во времето на Римската република, местата како Баиа биле популарни крајбрежни одморалишта за богатите. Зборот туризам бил употребуван од 1811 г. и турист од 1840 г.[19] На пример, во 1845 година, во својата книга Purositnice, хрватскиот автор Антун Немчиќ Гостовински го употребил зборот „турист“.[20] Во 1936 г., Лигата на нации го дефинирала странскиот турист како „некој кој патувал во странство најмалку дваесет и четири часа“. Нејзиниот наследник, Обединетите нации, ја подобриле оваа дефиниција во 1945 г. со вклучување максимален престој од шест месеци.[21]
Патување за одмор
уредиПатувањето за одмор се поврзувало со Индустриската револуција во Обединетото Kралство, првата европска земја која се залагала за време за одмор на индустриското население кое се зголемувало. На почетокот, ова се однесувало на сопствениците на машинеријата за производство, економската олигархија, сопствениците на фабрики и трговците. Тие ја сочинувале новата средна класа. Cox & Kings била првата официјална туристичка компанија која се формирала во 1758 г.[22] Британското потекло на оваа нова индустрија е прикажано во многу имиња на места. Во Ница, Франција, едно од првите и најдобри одморалишта на Француската ривиера, долгото шеталиште покрај море до ден денес е познато како Шеталиште на Англичаните. Во многу други историски одморалишта во континентална Европа, стари, докажани големо хотели имаат имиња како Хотел Бристол, Хотел Карлтон или Хотел Маџестик, што ја покажува доминантноста на англиските туристи. Многу туристи за одмор патуваат кон тропски места, и во лето и во зима. Често посетувани места се: Куба, Доминиканска република, Тајланд, Северен Квинсленд во Австралија и Флорида во Соединетите Држави.
Зимски туризам
уредиГлавните скијачки центри се сместени во разни европски земји( на пр: Австрија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Полска, Словачка, Шпанија, Швајцарија), Канада, Соединетите Држави, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Кореја, Чиле и Аргентина.
Масовен туризам
уредиМасовниот туризам можел да се развие само со подобрувањата во технологијата, овозможувајќи транспорт на голем број луѓе за кратко време до места за одмор, за голем број луѓе да можат да уживаат во благодетите на слободното време. Во Соединетите Држави, првото големо приморски одморалишта, во европски стил, биле Атлантик Сити, Њу Џерси и Лонг Ајленд, Њујорк. Во континентална Европа, првите одморалишта ги вклучувале: Остенд, популаризирано од народот во Брисел, Болоња сир Мер (Па де Кале) и Деаувиљ (Калвадос) за Парижаните и Хајлигендам, основан во 1797г., како прво приморско одморалиште на Балтичкото Море.
Придавни туризми
уредиПридавниот туризам се однесува на бројните насочени или специјални форми на патување во туризмот кои се појавиле во текот на годините, секој со своја придавка. Многу од нив почнале често да се употребуваат од туристичката индустрија и академици. Други сè уште се појавуваат и ќе станат или нема да станат популарни. Примери за најчести насочени туристички пазари се:
Современ развој
уредиВо последните неколку декади, постои скап тренд на туризам, особено во Европа каде што се чести меѓународни патувања за краток одмор. Туристите имаат повисок степен на расположлив приход и повеќе слободно време, а исто така се и пообразувани и имаат пософистициран вкус. Сега има побарувачка за производи со подобар квалитет, што резултирало со делење на масовниот пазар за летувања. Луѓето сакаат поспецијализирани верзии, како Club 18-30, мирни одморалишта, семејни одмори или хотели од насочените пазари.
Развојот на технолошката и транспортната инфраструктура, како џамбо-џетови, воздухопловни компании со ниски цени и попристапни аеродроми, овозможиле многу видови туризам да се подостапни. Исто така, има промени во животните стилови, како на пример пензионерите кои го поддржуваат туризмот во текот на цела година. Ова се олеснило со интернет продажба на туристичките производи. Некои места сега почнале да нудат динамично пакување, за кое се наведува цена која опфаќа специјално направен пакет кој го побарал клиентот по потреба.
Се појавија неколку препреки во туризмот, на пример нападите на 11 септември и терористичките закани во туристичките одредишта, како оние на Бали и во неколку европски градови. Исто така, на 26 декември 2004 година, цунами, предизвикани од земјотресот во Индискиот Океан, ги погодија азиските земји кои излегуваат на океанот, вклучувајќи ги и Малдивите. Илјадници животи беа загубени и многу туристи умреа. Ова, заедно со многубројните чистења во местото, го запреле или сериозно го отежниле туризмот во околината.
Изразите „туризам“ и „патува“ понекогаш се заменуваат. Во овој контекст, патува има слична дефиниција со туризам, но означува патување со поголема цел. Термините туризам и турист понекогаш се употребуваат погрдно, за да укажат на површен интерес за културите или локациите посетувани од туристи.
Витален туризам
уреди„Виталниот туризам е замислен како водечки за раководењето на сите извори на начин со кој ќе се исполнат економските, социјалните и естетските потреби додека се одќува културниот интегритет, основните еколошки процеси, биолошката разновидност и системите за поддржување на животот.“ (Светска здравствена организација).
Виталниот развој значи „исполнување на потребите на сегашноста без сомневање за способноста на идните генерации во исполувањето на нивните потреби“ (Светска комисија за животна средина и развој, 1987 г.)[23]
Екотуризам
уреди
Медицински туризам
уредиКога постои значајна разлика меѓу земјите во цените за одредена медицинска постапка, особено во Југоисточна Азија, Индија, Источна Европа и онаму каде што има различни регулативни режими во однос на одредени медицински постапки (на пр: стоматологија), патувањето за да се искористи разликата во цената или регулативните разлики често се нарекува „медицински туризам“.
Спа и велнес туризам
уредиСпоред податоците на „Глобалниот спа и велнес стопански монитор“, во 2013 година, приходите од спа-туризмот во светот достигнале 94 милијарди долари. Со 3.200 локации и остварени приходи од речиси 30 милијарди долари, Европа била водечко одредиште на спа и велнес туризам, а по одделни региони и земји, најголеми приходи од овој туризам остваруваат земјите од Источна Европа, Русија и балтичките држави. Втор по важност регион бил Азија-Тихоокеанија (ообено, Кина и Индија), со приходи од речиси 19 милијарди долари, а потоа следувала Северна Америка, со приходи од 18,3 милијарди долари. Итовремено, во 2013 година, вкупниот приход од велнес туризмот се проценувал на 50 милијарди долари.[24]
Образовен туризам
уредиОбразовниот туризам се развил поради популарноста на предавањето и учењето и подобрувањето на техничката стручност надвор од училниците која се зголемува. Во образовниот туризам, главната цел на турата или слободните активности опфаќа посета на друга земја за да се учи нивната култура, како што се Програмите за размена на студенти и Турите за учење, или за да се работи и да се употребат вештините научени во училницата во различна околина, како во Меѓународната програма за обука.
Други видови туризам
уредиТворечки туризам
уредиОвој вид туризам постоел како облик на културниит туризам, уште од раниот почеток на самиот туризам. Неговите евреопски корени датираат од времето на Големата обиколка, каде синовите од аристократските семејства патувале за да стекнат главно интерактивни, образовни искуства. Скоро, творечкиот туризам го добил своето име од Криспин Рејмонд и Грег Ричардс, кои како членови на Здружението за образование за туризам и одмор (ATLAS), голем број проекти насочиле кој Европската комисија, вклучувајќи го културниот и занаетчискиот туризам, познати како витален туризам. Тие го дефинирале „творчкииот туризам“ како туризам поврзан со активното учество на патувачите во културата на заедницата-домаќин, преку интерактивни работилници и искуства од неформално учење.
Во меѓувреме, концептот за творечки туризам бил забележан од значајни организации, како УНЕСКО, кои преку Мрежата на кративни градови го поддржале творечкиот туризам како задолжително, автентично искуство кое промовира активно разбирање на специфичните културни особини на некое место.
Набргу творечкиот туризам стекнал популарност како вид културен туризам, кој привлекува активно учество на патувачите во културата на заедниците-домаќини кои ги посетуваат. Пример за овој вид туристички развој се неколку земји, вклучувајќи ги Обединетотo |Kралство, Бахамите, Јамајка, Шпанија, Италија и Нов Зеланд.
Црн туризам
уредиЕдна област на туризам од посебен интерес која се појавува е идентификувана како „црн“ туризам од Ленон и Фоли (2000 г.). Овој вид туризам вклучува посети на „темни“ места, како бојни полиња, сцени од страчни злосторства или дела на геноцид, како на пример концентрациони логори. Црниот туризам создава тешки етички и морални дилеми: треба ли овие места да се отворени за посети и ако треба, од каква природа треба да е публиката. Црниот туризам останува мал насочен пазар, носен од разни мотиви, како жалење, сеќавање, страшна њубопитност, па дури и забава. Неговите рани корени потекнуваат од саемските простори и средновековните панаѓури.[25]
Пораст
уредиПредвидувањата на Светската туристичка организација (СТООН) дека меѓународниот туризам ќе продлжи да расте со просечната годишна стапка од 4%.[26] Според проекциите, до 2020 г. Европа ќе остане најпопуларно одредиште, но нејзинито удел ќе падне од 60%, во 1995 г., на 46%.Долгите патувања ќе растат малку побргу од интрарегионалните патувања и до 2020 г. нивниот удел ќе се зголеми од 18% во 1995 г. на 24%.
Со појавувањето на електронската трговија, туристичките производи станаа едни од најпродаваните работи на интернет.Туристичките производи и услуги се достапни преку посредниците, иако туристичките снабдувачи (хотели, воздухопловни линии, итн.) можат да ги продаваат своите услуги директно. Ова ги ставило под притисок посредниците и од интернет и од традиционалните продавници.
Се укажува на тоа дека постои силна врска помеѓу туристичкиот трошок по човек и степенот до кој земјите стигнуваат во глобална смисла.[27] Не само како резултат на важниот економски придонес на туристичката индустрија, туку и како показател за степенот на доверба со кој глобалните граѓани влијаат на изворите на земјата за нивните локални економии да имаат корист. Затоа прикажувањето на растот во туризмот може да послужи како показател за соодветното влијание кое секоја земја ќе го примени во иднина.
Вселенскиот туризам се очекува да „полета“ во првата четвртина од 21-иот век, иако во споредба со традиционалните одредишта бројот на туристи во орбитата ќе остане низок сè додека технологиите, како вселенски лифт, не го направат вселенското патување евтино.
Технолошкото подобрување најверојатно ќе овозможи воздухопловни хотели, кои ќе бидат основани или на авиони со сончева енергија или на големи балони. Подводни хотели, како Хидрополис, кој се очекува да се отвори во Дубаи во 2009 г.,ќе се градат. Во океаните, туристите ќе се пречекуваат на најголеми бродови за крстарење до сега, а најверојатно и градови што пловат.
Најнови трендови
уредиКако последица на економската криза во 2008 г., меѓународните пристигнувања почнале значително да се намалуваат во јуни 2008 г. Порастот од 2007 г. до 2008 г. бил само 3,7% во првите осум месеци од 2008г. Азискиот и тихоокеанскиот пазар биле погодени, а Европа стагнирала во текот на летните месеци, додека Америка била подобра, намалувајќи ја нивната стапка на распространетост, но зачувувајќи 6% пораст од јануари до август 2008 г. Само Средниот Исток продолжил со брзиот развој во текот на истиот период, достигнувајќи 17% пораст во споредба со истиот период во 2007г.[5] Ова намалување на побарувачката на меѓународниот туризам се одрзила и во индустријата на воздучен транспорт, со негативен пораст во септември 2008 г. и со 3,3% пораст на сообраќајот на патници во текот на септември. Хотелската индустрија, исто така, пријавила намалување, бидејќи изнајмувањето соби и понатаму се намалувало.[5] Бидејќи глобалната економска ситуација драматично се влошила во текот на септември и октомври како последица на глобалната финансиска криза, порастот на меѓународниот туризам се очекува да забави уште повеќе до крајот на 2008 г. и ова намалување на порастот на побарувачката се предвидува да продолжи во 2009 г., бидејќи рецесијата веќе ги погодила повеќето најголеми земји-потрошувачи, со што се очекува долгите патувања да бидат најпогодени од економската криза.[5]. Меѓутоа, некои патнички одредишта доживеале пораст за време на тешките економски времиња, привлекувајќи ниски трошоци за живеење, пристапност и пријателни имиграциски закони кои ќе овозможат туристите да останат подолг период. Туризмот во рецесија, фраза создадена од Мет Ландо во неговото истражување Панам, се развил како алтернативна опција за бегство за нервозните во 2009 г.
Според податоците на Светската туристичка организација, во првите десет месеци од 2014 година, вкупниот број туристи во светот изнесувал 978 милиони туристи, т.е. за 45 милиони, или 4,7% повеќе во однос на истиот период од 2013 година. Притоа, Европа учестувала со речиси 50% во вкупниот број туристи во 2014 година, а најголем пораст на бројот на туристи бил остварен во Северна и Јужна Америка (8%), во Северна Европа (7%) и во јужното Средоземје (7%).[28]
Негативни влијанија
уредиТуризмот е проблем со кој скоро секој град се соочува. Распространето е низ светот и е закана за плажите, познатите обележја, свети места и одморалишта. Првлекувањето многу туристи може да има негативни влијанија, како влијанието на 33 милиони туристи годишно во градот Њујорк[29] или потенцијалот негативно да се влијае врз осетливите средини,[30] или влијанието на цунамито од 26 декември 2004 г. врз самите туристи.[31] Врз околината може да се делува негативно со загадување од бродовите за крстарење на многу начини, меѓу кои испуштање баластна вода и загадување од воздухопловството.
Туризмот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Момчето од Тасос“ (српски: Mladić iz Tasosa) — расказ на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.[32]
- „Рајата од туристичкиот рај“ — расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.[33]
- „Турист“ (англиски: The Tourist) — песна на британската рок-група Рејдиохед (Radiohead) од 1997 година.[34]
Поврзано
уредиНаводи
уреди{{|2}}
Надворешни врски
уреди- Economic Research: Economic Impact of Travel and Tourism Архивирано на 16 јуни 2008 г.. Travel Industry Association of America. 2004.
- Promoting Tourism in Rural America Архивирано на 18 декември 2008 г.. USDA, National Agricultural Library, Rural Information Center. 2004.
- Rural Tourism Архивирано на 23 декември 2008 г.. USDA, Cooperative State Research, Education and Extension Service.
- Rural Tourism Resources Архивирано на 4 декември 2008 г. USDA, National Agricultural Library, Rural Information Center.
- Tourism: OECD Centre for Entrepreneurship, SMEs and Local Development A valuable resource for statistics and information on international trends in tourism and tourism policies.
- Been To tourism blogging society.
- Travel and Tourism: An Overlooked Industry in the U.S. and Tenth District PDF (595 KB). By Chad Wilkerson. Economic Review, Third Quarter 2003. Federal Reserve Board in Kansas.
- ↑ „World Tourism Barometer“ (PDF). World Tourism Organization. 2007. стр. 8. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-26. Посетено на 2008-03-29.
- ↑ Tourism Directorate (France) (2007). „Key facts on tourism“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-06-12. Посетено на 2008-03-29.
- ↑ „UNWTO technical manual: Collection of Tourism Expenditure Statistics“ (PDF). World Tourism Organization. 1995. стр. 14. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-09-22. Посетено на 2009-03-26.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 „UNWTO World Tourism Barometer June 2008“ (PDF). World Tourism Organization. 2008. Посетено на 2008-08-01.Volume 6 No. 2
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 World Tourism Organization (2008). „UNWTO World Tourism Barometer October 2008“ (PDF). UNWTO. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-28. Посетено на 2008-11-17. Volume 6, Issue 3
- ↑ Werner Hunziker and Kurt (1942). Grundriss der allgemeinen Fremdenverkehrslehre. OCLC 69064371.; cf. Hasso Spode in Günther Haehling (ed.): Tourismus-Management, Berlin 1998
- ↑ International Association of Scientific Experts in Tourism. „The AIEST, its character and aims“. Архивирано од изворникот на 2011-11-26. Посетено на 2008-03-29.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 „UNWTO Tourism Highlights, Edition 2007“ (PDF). World Tourism Organization. 2007. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-04-09. Посетено на 2008-03-29.
- ↑ „Touristik report. January 2008 (German)“. Архивирано од изворникот на 2007-06-24. Посетено на 2009-06-12.
- ↑ „Monthly Market Report: Germany“ (PDF). Tourism Australia. 2008. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-09-09.
- ↑ 11,0 11,1 Forbes Traveller (2007-04-25). „Top 50 Most Visited Tourist Attractions“. Посетено на 2008-03-29.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ The Hopeful Traveler (2007-07-29). „Forbes Traveler 50 Most Visited Tourist Attractions“. Посетено на 2008-03-29.
- ↑ Caroline Bremner (2009-01-07). „Trend Watch: Euromonitor International's Top City Destinations Ranking“. Euromonitor International. Архивирано од изворникот на 2009-02-21. Посетено на 2009-01-16.
- ↑ „Paris - World's Most Visited City - Leisure and Statistics“. January 09-2008. Архивирано од изворникот на 2008-09-01. Посетено на 2009-06-12. Проверете ги датумските вредности во:
|date=, |year= / |date= mismatch
(help) - ↑ „Paris Is The Most Visited City In The World“. January 09-2008. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Paris: Most visited and most expensive city in the world“. January 09-2008. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Number One Tourist Destination is Paris“. January 09-2008. Архивирано од изворникот на 2008-08-23. Посетено на 2009-06-12. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Travel tour France
- ↑ „Online Etymology Dictionary: tour“. Посетено на 2008-03-01.
- ↑ Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
- ↑ Theobald, William F. (1998). Global Tourism. стр. 10. ISBN 0750640227.
- ↑ Предлошка:Наведена мрежна страницаsite
- ↑ Sustainable Tourism
- ↑ „Грижата за здравјето врти речиси 100 милијарди долари годишно“, Дневник, година XVIII, број 5613, понеделник, 10 ноември 2014, стр октомври
- ↑ Tourism Principles and Practice, C. Cooper, J. Fletcher, A. Fyall, D. Gilbert, S. Wanhill, Pearson Education, Third edition, Madrid 2005
- ↑ „Long-term Prospects: Tourism 2020 Vision“. World Tourism. 2004. Архивирано од изворникот на 2004-06-19. Посетено на 2009-06-12.
- ↑ „airports & tourists“. Global Culture. 2007. Архивирано од изворникот на 2009-06-05. Посетено на 2009-06-12.
- ↑ „Над 1,1 милијарда туристи крстосуваа низ светот“, Дневник, година XIX, број 5657, петок, 2 јануари 2015, стр. 18.
- ↑ Kirby, David (27 септември 1998). „The Tourist Trap; With All Those Visitors Trampling the Welcome Mat, Can New York Be the Host With the Most for Everyone?“ (Web). News Article. New York Times. Посетено на 2007-03-21.
- ↑ Nicholls, Henry (19 април 2006). „The tourist trap (The Galapagos islands are the world's prime eco-tourism destination. Now the sheer number of visitors is endangering their future )“ (Web). News article. Guardian. Посетено на 2007-03-21.
- ↑ Kurlantzick, Joshua (9 јануари 2005). „The True Meaning of the Tourist Trap“ (Web). News article. Washington Post. Посетено на 2007-03-21.
- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 11-22.
- ↑ Ephraim Kishon, Kod kuće je najgore – Obiteljske priče, drugo izdanje. Zagreb: Znanje, 1984, стр. 110-112.
- ↑ Radiohead – OK Computer (пристапено на 29.3.2024)