Пирамиди во Гиза

(Пренасочено од Пирамидите во Гиза)
За другите значења на поимот видете ја страницата за појаснување.

Пирамидалниот комплекс во Гиза (арап. أهرامات الجيزة, "пирамиди во Гиза") е археолошко наоѓалиште во Гиза, во предградието на Каиро, Египет.

Пирамиди во Гиза
أهرامات الجيزة
Сите шест пирамиди на пирамидалниот комплекс во Гиза
МестоГиза, Египет
ОбластСреден Египет
Координати29°58′34″N 31°7′58″E / 29.97611° СГШ; 31.13278° ИГД / 29.97611; 31.13278
ВидСпоменик
Историја
РаздобјеОд раниот династички период до доцниот династички период

Овој комплекс на антички споменици вклучува три пирамидални комплекси познати како Големите Пирамиди, масовната скулптура позната како Големата Сфинга, неколку гробиштата, село на работници и индустриски комплекс. Тој се наоѓа во Западната пустина, околу 9 км западно од реката Нил во стариот град Гиза и околу 13 км југозападно од центарот на градот Каиро.

Пирамидите, кои историски биле често сметани за симболи на Стар Египет во Западната имагинација,[1][2] биле популаризирани во хеленистичкиот период, кога Големата пирамида била наречена од страна на Антипатар од Сидон една од Седумте светски чуда. Таа е најстара од античките чуда и единствената која сè уште постои.

Пирамидите и сфингата

уреди
 
Глетки, Објекти: Египет. Гизех [избрани слики]. Поглед 05: Сфингата и пирамидите., Њујорк. Музејски архиви на Бруклин
 
Пирамидите на Гизех. 1893 година. Египет ; хелиофравури по оригинални погледи. Вилбурска библиотека на египтологија. Бруклински музеј
 
Воздушна глетка северно од култивираната нилска долина со пирамидите во заднината
 
Францускиот археолог Август Мариет (седејќи на лево) и Педро II од Бразил (седејќи на десно) со други за време на посетата на пирамидалниот комплекс во Гиза од царот при крајот на 1871 година.

Пирамидите во Гиза се состојат од Големата Пирамида на Гиза (исто така позната како Кеопсовата пирамида или пирамидата на Куфу - изградена околу 2560-2540 п.н.е..), малку помалата Пирамида на Кефрен неколку стотина метри југозападно и релативно скромната Пирамида на Микерин уште неколку стотини метри југзападно. Големата Сфинга се наоѓа на источната страна од комплексот. Моменталниот консензус меѓу египтолозите е дека главата на Големата Сфинга е таа на Кефрен. Во прилог на со овие големи споменици има и голем број на помали објекти, познати како "кралици" пирамиди, патишта на насипи и долински пирамиди.[3]

Пирамидалниот комплекс на Куфу

уреди

Пирамидалниот комплекс на Куфу се состои од долински храм, сега закопан под селото Назлет ел-Саман; базалтно поплочување и нумулитски ѕидови од варовник биле пронајдени, но местото не е екскавирано.[4][5] Долинскиот храм беше поврзан со пат врз насип кој беше во голема мера уништен кога селото беше изградено. Патот водеше до гробниот храм на Куфу. Од овој храм базалтниот тротоар е единственото нешто што останува. Гробниот храм бил поврзан со царската пирамида. Кралската пирамида има три помали т.н. кралици-пирамиди кои се поврзани со него и пет бродски јами.[6]:11–19 Бродските јами содржале брод, а 2 дупки на јужната страна од пирамидата уште содржале цели бродови. Еден од овие бродови бил обновен и може да се виде. Пирамидата на Куфу уште има ограничена колекција на камења во својата база кои биле направени од бел варовник.

Пирамидалниот комплекс на Кефрен

уреди

Пирамидалниот комплекс на Кефрен се состои од долински храм, сфингски храм, пат врз насип, гробен храм и царска пирамида. Долинскиот храмот содржал неколку статуи од Кефрен. Неколку биле пронајдени во бунар во подот на храмот од страна на Мариет во 1860 година. Други биле пронајдени за време на последователни ископувања од страна на Сиглин (1909-10), Јункер, Рејснер и Хасан. Комплексот на Кефрен содржал пет бродски јами и кралица-пирамида со сердаб.:19–26 Пирамидата на Кефрен изгледа поголема од соседните пирамиди на Куфу врз основа на нејзината повисока локација и поостриот агол на наклон на изградбата—таа е всушност помала и во висина и во обем. Пирамидата на Кефрен исто така има истакнати камења на својот врв.

Пирамидалниот комплекс на Микерин

уреди

Пирамидалниот комплекс на Микерин се состои од долински храм, пат врз насип, гробен храм и царска пирамида. Долинскиот храм еднаш содржал неколку статуи на Микерин. Во текот на 5-тата династија, помал анте-храм беше додаден на долинскиот храм. Гробниот храм исто така имал неколку статуи на Микерин. Кралската пирамида има три придружнички или кралици-пирамиди.:26–35 Од четирите големи споменици, само пирамидата на Микерин се гледа денес без нејзината оригинална полирана варовничка обвивка.

Сфинга

уреди

Сфингата датира од владеењето на кралот Кефрен.[7] Во текот на Новото Царство, Аменхотеп II посветил нов храм на Хурон-Харемакет и оваа структура била доградена од страна на подоцнежни владетели.:39–40

Гробот на кралицата Кенткаус I

уреди

Кенткаус I била погребана во Гиза. Нејзиниот гроб е познат како LG 100 и G 8400 и се наоѓа во Централното поле во близина на долинскиот храм на Микерин. Пирамидалниот комплекс на кралицата Кенткаус I вклучува: нејзината пирамида, една бродска јама, долински храм и пирамидски град.:288–289

Изградба

уреди

Повеќето теории за изградбата се засноваат на идејата дека пирамидите биле изградени со поместување на огромни камења од каменолом и со влечење и кревање на истите на нивното место. Несогласувањата се однесуваат на методот со кој камењата биле пренесени и местени и калку можен бил методот.

Со градењето на пирамидите, можно е архитектите да ги развиле своите техники со текот на времето. Тие ќе одбрале место со релативно рамна површина од камен—не песок—која давала стабилна основа. По внимателно истражување на местото и редењето на првото ниво на камења, тие ги изградиле пирамидите на хоризонтални нивоа, едно врз друго.

За Големата пирамида, поголемиот дел од камењата за интериорот се чини дека биле донесени од јужниот дел на градилиштето. Мазната надворешност на пирамидата беше направена од бел варовник, кој беше донесен преку Нил. Овие надворешни блокови мораше да бидат внимателно израмнети, да се транспортираат преку реката до Гиза и да бидат влечени до рампите на градилиштето. Само неколку надворешни блокови останале на место на дното од Големата пирамида. Во текот на средниот век (од 5 век до 15 век), можно е луѓето да ги зеле другите за градење на нови градби во градот Каиро.

Да се осигура дека пирамидата ќе остане симетрична, во надворешната обвивка камењата сите морале да бидат еднакви по висина и широчина. Можно е работниците да ги означувале сите блокови за да го индицираат аголот на пирамидскиот ѕид и ги израмниле површините внимателно, така што блоковите се вклопувале заедно. За време на изградбата, надворешната површина од каменот била од мазен варовник; вишокот на камен еродирал со текот на времето.

За пирамидите во Гиза и другите пирамиди се смета дека биле изградени за чување на остатоците од починатите фараони кои владееле со Древен Египет. Дел од фараонскиот дух наречен ка се верува дека останал со неговиот труп. Соодветна заштита на остатоцитете била потребна со цел "поранешниот фараон да ги врши своите нови обврски како крал на мртвите". Се теоризира дека пирамидата не само што служела како гроб за фараонот, но исто така и како јама за складирање на различни работи кои ќе му бидат потребни во задгробниот живот. "Народот на Стар Египет верувал дека смртта на Земјата беше почеток на патот кон следниот свет. Ембалмираното тело на кралот беше погребано под или во пирамидата за да го заштити и да се овозможи неговата трансформација и воздигнување во задгробниот живот."[8]

Селото на работниците

уреди
 
Едно лице на Пирамидата на Кефрен во Гиза, покажувајќи блиско археолошко наоѓалиште

Вадењето на камења од каменоломите, преместувањето, прилагодувањете и скулптирањето на камењата користени за изградба на пирамидите можело да се постигне со неколку илјади квалификувани работници, неквалификувани работници и помошни работници. Пекарите, столарите, превозниците на вода и други исто така биле потребни за проектот. Во прилог на методите кои се користиле за изградба на пирамиди, исто така постојат шпекулации во врска со точниот број на работници кои биле потребни за изградба на проект од ваква големина. Кога грчкиот историчар Херодот ја посети Гиза во 450 година година п.н.е., му кажале египетските свештеници дека "Големата пирамида била изградена од 400,000 мажи во период од 20 години, работејќи во смени од три месеци, 100.000 мажи истовремено." Доказите од гробниците укажуваат на тоа дека 10.000 работници кои работиле во смени од три месеци изградиле пирамида за околу 30 години.

Пирамидалниот комплекс во Гиза е опкружен со голем камен ѕид, надвор од кој Марк Лехнер и неговиот тим откриле град каде градителите на пирамидата биле сместени. Селото се наоѓало на југоисток од комплексите на Кефрен и Микерин. Меѓу откритијата за селото на работници биле комунални квартали за спиење, пекарници, пиварници и кујни (со докази кои покажуваат дека лебот, месото и рибата биле основни за исхраната), болница и гробиште (каде што некои од скелетите биле пронајдени со знаци на трауми поврзани со незгоди при градењето на пирамидата).[9] Градот на работниците се чини дека датира од средината на 4-тата династија (2520-2472 година п.н.е.), по времето на Куфу и по изградбата на Големата пирамида. Според Лехнер и неговиот тим;

"Развојот на овој урбан комплекс сигурно бил доста брз. Сите изградби веројатно се случиле во тек од 35 до 50 години за време на владеењето на Кефен и Микерин, градители на Втората и Третата пирамида на Гиза".

Без јаглеродно датирање, користејќи само грнчарија, печатни впечатоци и статиографија за датирање на местото, екипата понатаму заклучува;

"Сликата што се јавува е таа на планирано населено место, со најраното светско просторно планирање, со сигурност датирано од владеењето на двете градители на пирамиди во Гиза: Кефрен (2520-2494 година п.н.е.) и Микерин (2490-2472 година п.н.е.)".[10][11]

Гробишта

уреди
 
Пирамидалниот комплекс во Гиза (карта)
 
Пирамидалниот комплекс во Гиза од поголема височина

Како што пирамидите биле градени, мастаби за пониските аристократи биле градени околу нив. Во близина на пирамидата на Куфу, главото гробиште е G 7000 кое се наоѓа во Источното поле сместено на исток од главната пирамида и покрај придружничките пирамиди. Овие гробишта околу пирамидите биле наредени до улици и патишта.[12] Гробиштето G 7000 беше едно од најраните и ги содржело гробниците на сопругите, синовите и ќерките на владетелите од 4-тата династија. На другата страна од пирамидата во Западното поле, кралските синови Вепемнофрет и Хемиуну биле погребани во Гробиштето G 1200 и Гробиштето G 4000 соодветно. Овие гробишта биле дополнително проширени во текот на 5-тата и 6-тата династија.

Западно поле

уреди

Западното поле се наоѓа на запад од Кеопсовата пирамида. Тоа е поделено на помали области, како што се гробиштата познати како Екскавациите на Абу Бакр (1949-50, 1950-1,1952 и 1953) и неколку гробишта именувани врз основа на бројот на мастабата како што се Гробиште G 1000, Гробиште G 1100, итн. Западното поле ги содржи и Гробиште G1000 – Гробиште G1600 и Гробиште G 1900. Понатаму гробиштата во оваа област се: Гробиште G 2000, G 2200, G 2500, 3000 G, G 4000, и G 6000. Три други гробишта се именувани по екскаваторите: Јункер Гробиште - Запад, Јункер Гробиште - Исток и Стајндорф Гробиште.:100–122

Гробишта во Западното поле во Гиза:47–179
Гробишта Временски период Екскавација Коментари
Ископувањата на Абу Бакр од 5-та и 6-та династија (1949-53)
Гробиште G 1000 од 5-та и 6-та династија Рaјснер (1903-05) Мастаби изградени од камен
Гробиште G 1100 од 5-та и 6-та династија Рaјснер (1903-05) Мастаби изградени од тула
Гробиште G 1200 Главно од 4-тата династија Рaјснер (1903-05) Некои членови на семејството на Куфу се погребани овде; Вепемнеферт (царевиот син), Каем-ах (царевиот син), Нефертијабет (царската ќерка)
Гробиште G 1300 на 5-та и 6-та династија Рaјснер (1903-05) Мастаби изградени од тула
Гробиште G 1400 5-та династија или подоцна Рaјснер (1903-05) Двајца мажи кои биле пророци на Куфу
Гробиште G 1500 Рaјснер (1931) Само една мастаба (G 1601)
Гробиште G 1600 5-та династија или подоцна Рaјснер (1931) Двајца мажи кои биле пророци на Куфу
Гробиште G 1900 Рaјснер (1931) Само една мастаба (G 1903)
Гробиште G 2000 од 5-та и 6-та династија Рaјснер (1905-06)
Гробиште G 2100 од 4-та и 5-та династија и подоцна Рaјснер (1931) G 2100 припаѓа на Мериб, син на кралот и G2101 припаѓа нацарската ќерка од 5-тата династија.
Гробиште G 2200 Крајот на 4-та или почетокот на 5-та династија Рaјснер Мастаба G 2220
Гробиште G 2300 5-та династија и 6-та династија Рајснер (1911-13) Вклучува мастаби на Везирот Сенедџемиб-Инти и неговото семејство.
Гробиште G 2400 5-та династија и 6-та династија Рaјснер (1911-13)
Гробиште G 2500 Рaјснер
Гробиште 3000 G 6-та династија Фишер и Еклеј Кејс Џуниор (1915)
Гробиште G 4000 4-та династија и подоцна Јункер и Рaјснер (1931) Вклучува гроб на Везир Хемиуну
Гробиште G 6000 5-та династија Рaјснер (1925-26)
Јункер Гробиште (Запад) Крајот на Старото Кралство Јункер (1926-27) Вклучува мастаба на џуџето Сенеб
Стајндорф Гробиште 5-та династија и 6-та династија Стајндорф (1903-07)
Јункер Гробиште (Исток) Крајот на Старото Кралство Јункер

Источно поле

уреди

Источното поле се наоѓа на исток од Кеопсовата пирамида и го содржи Гробиште G 7000. Ова гробиште било место за погребување на некои од членовите на семејството на Куфу. Гробиштето исто така вклучувало мастаби од свештениците на пирамидите датирани од 5-тата династија и од  6-тата династија.:179–216

Гробиште G 7000 – Аристократија:179–208
Tomb number Owner Comments
G 7000 X Кралица Хеетферес I Мајка на Куфу
G 7010 Неферткау I Ќерка на Снофру, полусестра на Куфу
G 7060 Нефермаат I Син на Неферткау и визер на Кефрен
G 7070 Снофрукаф Син на Нефермаат II
G 7110–7120 Каваб и Хетеохерес II Каваб беше најстариот син на Куфу
G 7130–7140 Куфукаф I и Неферткау II Царски син и визер со неговата жена
G 7210–7220 Џедефхор Царски син на Куфу и Мерититес
G 7350 Хетеферес II Жена на Каваб и подоцна жена на Џедефар
G 7410–7420 Мересанк II и Хорбеф Мересанк беше ќерка на крал и жена на крал
G 7430–7440 Минкаф I Син на Куфу и визер на Кефрен
G 7510 Анкхаф Син на Снофру и визер на Кефрен
G 7530–7540 Мересанк III Ќерка на Каваб и Хетеферес II, жена ан Кефрен
G 7550 Дуенхор Син на Каваб и внук на Куфу
G 7560 Акехотеп и Мерититес II Мерититес е ќерка на Куфу
G 7660 Каемсекем Син на Каваб, внук на Куфу, служел како директор на палатата
G 7760 Минџедеф Син на Каваб, внук на Куфу, служел како ризничар
G 7810 Џати Син на кралицата Мересанк II

Гробиште ГИС

уреди

Ова гробиште датира од времето на Микерин (Јункер) или негов претходник (Рaјснер) и содржи неколку мастаби од камен датирани дури од 6-тата династија. Надгробните споменици од времето на Микерин вклучуваат мастаби на кралскиот камергер Кемнеферт, царевиот син Куфуџедеф беше официјално именуван Нианкар.:216–228

Централно поле

уреди

Централното поле содржи неколку гробници на кралското семејство. Гробниците датираат од крајот на 4-тата династија до 5-тата династија, па дури и подоцна.:230–293

Централно поле – Членови на кралското семејство:230–293
Гробот број Сопственик Коментарите
G 8172 (LG 86) Небемакет Синот на Кефрен, служел како везир
G 8158 (LG 87) Никаура Синот на Кефрен и Персенет, служел како везир
G 8156 (LG 88) Персенет Сопругата на Кефрен
G 8154 (LG 89) Секемкар Синот на Кефрен и Хекенухеџет
G 8140 Нјусер Синот на Кефрен, везир во 5-тата династија
G 8130 Нианкар Царевиот син, веројатно од 5-та династија
G 8080 (LG 92) Јунмин Царевиот син, од крајот на 4-та династија
G 8260 Бабеф Синот на Кефрен, од крајот на 4-та династија
G 8466 Јунр Синот на Кефрен, од крајот на 4-та династија
G 8464 Хеметра Веројатно ќерка на Кефрен, од крајот на 4-та династија или 5-та династија
G 8460 Анкмара Царевиот син и везир, од крајот на 4-та династија
G 8530 Рекетра Царската ќерка (на Кефрен) и кралица, од крајот на 4-та династија или 5-та династија
G 8408 Бунефер Царската ќерка и кралица, од крајот на 4-та династија или 5-та династија
G 8978 Камерернебти I Царската ќерка и кралица, од средината кон крајот на 4-та династија. Исто така познат како Галарзиски гроб

Гробници кои датираат од Саитот и подоцнежни периоди биле пронајдени во близина на патот на насипот на Кефрен и Големата сфинга. Овие гробови го вклучуваат и гробот на командант на армијата по име Ахмос и неговата мајка, кралицата Нактубастеру која беше сопруга на фараонот Амасис II.:289–290

Јужно поле

уреди

Јужното поле вклучува некои мастаби кои датираат од 2-рата династија и 3-тата династија. Еден од овие рани династички надгробни споменици е познат како Ковингтонскиот гроб. Другите гробници датираат од крајот на Старото Кралство (5-та и 6-та династија). Јужното поле содржи неколку гробници кои датираат од саискиот период и подоцна.:294–297

Гробници на градителите на пирамидите 

уреди

Во 1990 година, гробови кои припаѓаат на градителите на пирамидите биле откриени близу пирамидите, со дополнителни гробишта пронајдени во близина во 2009 година. Иако не биле мумифицирани, тие биле закопани во гробови од тули од кал со пиво и леб за во задгробниот живот. Близината на гробниците до пирамидите и начинот на погребување ја поддржува теоријата дека тие биле платени работници кои имале голема гордост во однос на својата работа и не биле робови, како што претходно се мислеше. Верувањето дека робовите ги градиле пирамидите веројатно било популаризирано од холивудските филмови врз основа на оригиналното археолошко и антрополошко мислење дека тие не би можеле да бидат изградени без принудна работа. Доказите од гробниците укажуваат на тоа дека 10.000 работници кои работиле во смени од три месеци изградиле пирамида за околу 30 години. Најголемиот дел од вработените се чини дека доаѓале од сиромашни семејства. Фармите им доставале на работниците 21 добиток и 23 овци секојдневно. Специјалисти како што се архитектите, мајсторите и столарите биле постојано вработени од страна на кралот за да се пополнат позициите кои барале најмногу вештина.[13][14][15][16][17]

Ново Царство

уреди

Во текот на Новото Царство, Гиза сè уште беше населено и активно место. Капела од тула била изградена во близина на Сфингата во текот на првите години од 18-тата династија веројатно од страна на Кралот Тутмос I. Аменхотеп II изгради храм посветен на Хурон-Харемакет во близина на Сфингата. Фараонот Тутмос IV ги посети пирамидите и Сфингата како принц и во сон му беше кажано дека по расчистувањето на Сфингата од песок ќе биде награден со кралство. Овој настан е снимен во сонската стела. Во текот на раните години на неговото владеење, Тутмос IV заедно со неговата сопруга, кралицата Нефертари изградиле стели во Гиза. Фараонот Тутанкамон изгради структура сега позната како кралската куќа за одмор. Во текот на 19-тата династија, Сети I го придодаде други изградби кон храмот на Хурон-Харемакет, а неговиот син Рамзес II изгради стела во капелата пред Сфингата и ја узурпирал куќата за одмор на Тутанкамон.:39–47

Доцен период

уреди

Во текот на 21-вата династија, Храмот на Изида љубовница-на-пирамидите беше реновиран. Во текот на 26-тата династија, стела изградена во ова време го споменува Куфу и неговата кралица Хенутсен.:18

Астрономија

уреди
 
Пирамидалниот комплекс во Гиза во текот на ноќта

Страните на сите три пирамиди во Гиза биле астрономски ориентирани кон север-југ и исток-запад во рамките на мал дел од еден степен. Меѓу последните обиди[18][19][20] за објаснување на ваквата јасна намерна шема се оние на С. Хак, O. Нојгебауер, К. Спенц, Д. Раулинс, К. Пикеринг и Џ. Белмонт. Аранжманот на пирамидите е репрезентација на соѕвездието Орион според спорната Орионска теорија за корелација.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Pedro Tafur, Andanças e viajes.
  2. Medieval visitors, like the Spanish traveller Pedro Tafur in 1436, viewed them however as "the Granaries of Joseph" (Pedro Tafur, Andanças e viajes).
  3. Verner, Miroslav. The Pyramids: The Mystery, Culture, and Science of Egypt's Great Monuments. Grove Press. 2001 (1997). ISBN 0-8021-3935-3
  4. Shafer, Byron E.; Dieter Arnold (2005). Temples of Ancient Egypt. I.B. Tauris. стр. 51–52. ISBN 978-1-85043-945-5.
  5. Arnold, Dieter; Nigel Strudwick; Helen Strudwick (2002). The encyclopaedia of ancient Egyptian architecture. I.B. Tauris. стр. 126. ISBN 978-1-86064-465-8.
  6. Porter, Bertha and Moss, Rosalind L. B.. Topographical Bibliography of Ancient Egyptian Hieroglyphic Texts, Reliefs, and Paintings. Volume III. Memphis. Part I. Abû Rawâsh to Abûṣîr. 2nd edition, revised and augmented by Jaromír Málek, The Clarendon Press, Oxford 1974. PDF from The Giza Archives, 29,5 MB Архивирано на 1 август 2020 г. Retrieved February 10, 2017.
  7. Riddle of the Sphinx Retrieved 6 November 2010.
  8. „Egypt pyramids“. culturefocus.com. Архивирано од изворникот на 2 January 2010.
  9. I. E. S. Edwards The Pyramids of Egypt (1993)
  10. „Egyptian Pyramids - Lost City of the Pyramid Builders - AERA - Ancient Egypt Research Associates“. aeraweb.org.
  11. „Dating the Lost City of the Pyramids - Mark Lehner & AERA - Ancient Egypt Research Associates“. aeraweb.org.
  12. Lehner, Dr. Mark, "The Complete Pyramids", Thames & Hudson, 1997. ISBN 0-500-05084-8.
  13. „Who Built the Pyramids?“. Explore the pyramids. Посетено на 27 August 2010.
  14. „Who built the pyramids?“. Harvard Alumni Magazine. July 2003. Посетено на 27 August 2010.
  15. „Egypt: New find shows slaves didn't build pyramids“. Associated Press. 11 January 2010. Архивирано од изворникот на 14 January 2010.
  16. The Discovery of the Tombs of the Pyramid Builders at Giza by Zahi Hawass
  17. The Cemetery of the Pyramid Builders Архивирано на 15 септември 2010 г. by Zahi Hawass
  18. „Nature“. 16 November 2000. Наводот journal бара |journal= (help)
  19. „Nature“. 16 August 2001. Наводот journal бара |journal= (help)
  20. „DIO The International Journal of Scientific History“ (PDF). 13 (1). December 2003: 2–11. ISSN 1041-5440. Наводот journal бара |journal= (help)

Надворешни врски

уреди