Калвадос
Калвадос (француски: Calvados – француски департман, кој се наоѓа во регионот Нормандија регион во северозападна Франција.[1] Името го носи според групи карпи на брегот на Ламанш.
Калвадос Calvados | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Департман | ||||||
Одгоре надолу, одлево надесно: Опатија Свето Тројство во Кан, историски центар на Баје, Омаха Бич и фахверк куќа во Боаси | ||||||
Местоположба на Калвадос во Франција | ||||||
Држава | Франција | |||||
Регион | Нормандија | |||||
Префектура | Kan | |||||
Потпрефектурири | Баје Лизје Вир-Норманди | |||||
Управа | ||||||
• Претседател на Советот на департманот | Жан-Леон Дипон (Нов центар) | |||||
Површина1 | ||||||
• Вкупна | 5.535 км2 (2,137 ми2) | |||||
Население (2016) | ||||||
• Вкупно | 693.679 | |||||
• Ранг | 34-ти | |||||
• Густина | 130/км2 (320/ми2) | |||||
Час. појас | ЦЕВ (UTC+1) | |||||
• Лето (ЛСВ) | ЦЕЛВ (UTC+2) | |||||
Број на департманот | 14 | |||||
Окрузи | 4 | |||||
Кантони | 25 | |||||
Општини | 528 | |||||
^1 Податоци од Францускиот катастар на земјишта, кои ги исклучуваат естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 км2 |
Историја
уредиГодина | Нас. | ±% год. |
---|---|---|
1791 | 391,352 | — |
1801 | 451,836 | +1.45% |
1806 | 505,21 | +2.26% |
1821 | 492,613 | −0.17% |
1831 | 494,702 | +0.04% |
1841 | 496,198 | +0.03% |
1851 | 491,21 | −0.10% |
1861 | 480,992 | −0.21% |
1872 | 454,012 | −0.52% |
1881 | 439,83 | −0.35% |
1891 | 428,945 | −0.25% |
1901 | 410,178 | −0.45% |
1911 | 396,318 | −0.34% |
1921 | 384,73 | −0.30% |
1931 | 401,356 | +0.42% |
1936 | 404,901 | +0.18% |
1946 | 400,026 | −0.12% |
1954 | 442,991 | +1.28% |
1962 | 480,757 | +1.03% |
1968 | 519,695 | +1.31% |
1975 | 560,967 | +1.10% |
1982 | 589,559 | +0.71% |
1990 | 618,478 | +0.60% |
1999 | 648,385 | +0.53% |
2006 | 671,351 | +0.50% |
2016 | 693,679 | +0.33% |
source:[2] |
Калвадос е еден од првичните 83 департмани воспоставени за време на Француската револуција на 4 март 1790 годин. Бил формиран од дел од поранешната покраина Нормандија. Првично било предложено името "Долен Орн " за овој департмана, но на крајот било решено ова подрачје да се вика Калвадос според групата капри на неговиот брег.
Една популарна легенда неговата етимологија доаѓа од Салвадор, брод на Шпаската армада кој потонал од карпите во близина на Ароманш ле бен во 1588 година. Сепак поверојатно е дека името Калвадос било изведено од calva dorsa, што значи голи грбови, врз основа на две карпи со ретка вегетација на неговиот брег.[3]
После сојузничката победа во Ватерло департманот бил окупиран од пруските трупи меѓу јуни 1815 и ноември 1818 година.
На 6 јуни 1944 година, сојузничките сили се истовариле на плажите на Сенскиот Залив што станало познато како Нормандиска битка.
Географија
уредиКалвадос му припаѓа на регионот Нормандија и граничи со департманите Приморска Сена, Ер, Орн и Манш. На север се наоѓа Сенскиот Залив, дел од Ламанш. На исток реката Сена е граница со Приморска Сена. Калвадос ги вклучува подрачјата Бесен, Пеи д’Ож и подрачјето познато како "Suisse normande" ("Нормандиска Швајцарија").
Најзначајни место во Калвадос се Довил и поранешното казино од 19 век на брегот.
Економија
уредиЗемјоделието преовладува со економијата на Калвадост. Подрачјето е познато по производството на путер, сирење, јаболковина и калвадос, the јаболков алкохолен пијалак кој го добил името според подрачјето.
Демографија
уредиЖителите на Калвадос се нарекуваат "Калвадосци" (машки) и "Калвадоски" (жени). Во 1999 година, Калвадос броел 648.299 жители и бил 30-ти департман во Франција според населеноста.
Старосна распределба во Калвадос:
- 75 години и постари: 7,2%
- 60–74 години: 13,16%
- 40–59 години: 25,52%
- 20–39 години: 28,53%
- 0–19 години: 25,6%
Култура
уредиВо Баје е изложена таписеријата Баје и тоа го прави градот еден од најпосетените туристички одредишта во Нормандија.
Центарот Жино Бич во Курсеј на Мер, Калвадос, е комеморација на Денот Д, истоварувањето на канадските ослободителни сили на плажата Жино за време на Втората светска војна во 1944 година. Култот на Света Тереза од Лизје доведвуа голем број на луѓе на поклонение во Лизје, каде таа живеела во карметлитски манастир. Секој септември, Довил е домаќин на Фестивалот на американскиот филм и туристичкиот центар во Кабур е домаќин на Фестивалот на романтичен филм. Секоја година, градот Кан го слави фетивалот на електронска култура наречен "Nordik Impakt" и фестивалот на Боргард во околината на Кан.
Локалниот дијален на норманскиот јазик е познат како ожерон. Го зборува мал број од населението.
Туризам
уредиКалвадос е еден од најпосетените подрачја во Франција заради неговите приморски центри кои се меѓу најпрестижните во Франција со нивните луксузни хотели, казина, зелена околина, имоти, замоци, мирот, варовнички карпи, типични нормански куќи, историјата на Вилијам Освојувачот, Кан, Баје, Лизје, прочуените плажи од Денот Д и бројнит емузеи за Втората светска војна. Кулинарските специјалитети од селата на Калвадос обилуваат со јаболковина, калвадос, камамбер и сирења Пон л’Евек.
Една од предностите на Калвадос е што е релативно близу со големите урбани центри (Париз, Ил де Франс). Калвадос често се претпосчите за одмор и викенди и понекогаш се смета за „село на Париз“.
Туристички капацитет (2001):
- 7.818 хотелски соби
- 13.734 кампинг локации
- 1.176 кревети (селски туризам)
- 619 куќи за издавање
Општини со повеќе од 10% втори станови
уредиИма повеќе општини во Калвадос кои имаат повеќе од 10% втори домови. 80% од сопствениците се од Париз, 10% се Англичани и 10% се месни жители.
Според општиот попис на населението од 1 јануари 2006 година, 18,9 % од становите во департманот биле втори домови.
Наводи
уреди- ↑ Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.
- ↑ Site sur la Population et les Limites Administratives de la France
- ↑ Lepelley, René (1990). Calvados, qui es-tu, d'où viens-tu ou le nom énigmatique d'un département Français: Critique d'une tradition, hypothèses diverses, proposition d'interprétation. C. Corlet.
Надворешни врски
уреди„Калвадос“ на Ризницата ? |
- Calvados Stratégie – Calvados Development Agency (англиски)
- Economic news from Calvados (француски)
- General Council website Архивирано на 11 ноември 2008 г. (француски)
- Prefecture website Архивирано на 2 декември 2003 г. (француски)
- Calvados на Curlie (англиски)
- Encyclopædia Britannica's guide to D-Day (англиски)