Азија-Тихоокеанија

подрачје во светот

Азија-Тихоокеанија или Азија-Пацифик — дел од светот во подрачјето на западниот Тихи Океан и околу него. Опфатот на овој географски поим зависи од контекстот, но начелно подразбира голем дел од Источна, Јужна и Југоисточна Азија, како и Океанија.

Карта на Азија-Тихоокеанија. Со темнозелено е главнината на азиско-тихоокеанските земји, а со светлозелено се обележани понекогаш опфатените подрачја.

Поимот понекогаш ги опфаќа и најисточните приморски делови на Русија (Северна Тихоокеанија) и земјите во Америка кои излегуваат на источниот Тихи Океан; на пример, во организацдијата за Азиско-тихоокеанска економска соработка членуваат Канада, Чиле, Русија, Мексико, Перу и САД. Во друга смисла, под поимот се подразбира речиси цела Азија и Австралазија како и тихоокеанските островски држави (Азија-Тихоокеанија и австралискиот континент), особено во стопанско-трговски контекст.[1] Исклучок од ова е Западна Азија, која никогаш не се вбројува во ова подрачје.

Иако не е сосема уточнет, поимот добил на значење во трговијата, финансиите и политиката почнуваќи од крајот на 1980-тите. И покрај разнообразноста на стопанствата во подрачјето, највеќето поединечни земји во Азија-Тихоокеанија важат за брзорастечки пазари.[2]

Составни подрачја

уреди

Во склоп на Азија-Тихоокеанија влегуваат следниве земји и територии:

Источна Азија

Југоисточна Азија

Јужна Азија

Средна Азија

Западна Азија

Австралазија

Меланезија

Микронезија

Полинезија

Податоци за земјите и териториите

уреди
Земја / Територија Површина
(км²)
Население Густина
(жит/км²)
БДП
мил. долари (2017)
БДП по жител
долари (2017)[3]
Главен град
  Австралија 7.692.024 23.731.000 2,8 1.482.539 49.928 Канбера
  Бангладеш 147.570 156.594.962 1.033,5 205.715 1.359 Дака
  БИОТ 54.400 3.000 58,3 Диего Гарсија
  Брунеј 5.765 415.717 67,3 17.426 26.939 Бандар Сери Бегаван
  Бутан 38.394 742.737 18,0 6.384 2.804 Тимбу
  Виетнам 331.210 88.069.000 265 187.848 2.186 Ханој
  Индија 3.287.263 1.324.171.354 398,8 2.690.000 1.939 Њу Делхи
  Индонезија 1.904.569 252.164.800 124,66 856.066 3.570 Џакарта
  Источен Тимор 14.874 1.171.000 76 4.510 1.162 Дили
  Камбоџа 181.035 15.205.539 81,8 16.899 1.270 Пном Пен
  НР Кина 9.596.961 1.357.380.000 145 10.355.350 8.123 Пекинг
  Јапонија 377.944 126.434.964 337 4.769.804 38.894 Токио
  ДНР Кореја 120.540 24.895.000 198 27.820 583 Пјонгјанг
  Јужна Кореја 100.210 51.302.044 500 1.449.494 27.539 Сеул
  Лаос 236.800 6.320.000 27 11.707 2.353 Виентијан
  Макао 29 541.200 18.662 36.428 73.187 Макао
  Малдиви 298 341.356 1.102,5 4.920 8.602 Мале
  Малезија 329.847 30.185.787 90 336.913 9.503 Куала Лумпур
  Мјанмар 676.578 50.496.000 74 65.291 1.275 Непјидо
  Монголија 1.564.116 2.736.800 2 11.725 3.686 Улан Батор
    Непал 147.181 26.494.504 180 62.384 730 Катманду
  Нов Зеланд 268.021 4.357.437 16 201.028 39.427 Велингтон
  Пакистан 803.940 226.174.380 234,4 269.971 1.468 Исламабад
  Папуа Нова Гвинеја 462.840 6.732.000 15 16.096 2.183 Порт Морсби
  Сингапур 710 5.183.700 7.023 307.085 52.961 Сингапур
  Тајван 36.191 23.119.772 639 505.452 31.900 Тајпеј
  Тајланд 513.120 67.764.000 132 380.491 5.908 Бангкок
  Хонгконг 1.104 7.234.800 6.544 292.677 43.681 Хонгконг
  Филипини 343.448 117.420.000 307 289.686 2.951 Манила
  Фиџи 18.274 909.389 46,4 8.330 5.153 Сува
  Шри Ланка 65.610 20.277.597 323 233.637 3.835 Коломбо

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Member Economies - Asia-Pacific Economic Cooperation. Apec.org. посет. 12 април 2014 г.
  2. Pan, Hui, уред. (October 2004). „Vonage and Cisco to sell phone equipment“. VoIP Monthly Newsletter. Information Gatekeepers Inc. 2 (10): 3. Посетено на 2011-12-15.
  3. „GDP per capita (current US$) | Data“. data.worldbank.org. Посетено на 2018-07-19.

Надворешни врски

уреди