Матерхорн
Матерхорн (германски: Matterhorn, италијански: Monte Cervino, француски: Mont Cervin) — врв на Пенинските Алпи. Лежи на границата помеѓу Швајцарија и Италија. Висок е 4.478 метри и е еден од највисоките врвови на Алпите. Исто така е еден од најопасните врвови на Алпите: од 1865 - кога бил прво искачен - до 1995, повеќе од 500 алпинисти загинале качувајќи се. Од планината се гледа градот Цермат на североисток и Червинија на југ. Иако не е највисоката планина во Швајцарија, Матерхорн се смета за еден од најрепрезентативните симболи на Швајцарските Алпи и Алпите воопшто.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Матерхорн“ на Ризницата ? |
- Матерхорн — SummitPost (англиски)
- Матерхорн Архивирано на 13 октомври 1999 г. — Peakware (англиски)