Вуле Журиќ
Вуле Журиќ (српски: Вуле Журић, Сараево, 1969) — српски писател.
Животопис
уредиВуле Журиќ е роден во Сараево, во 1969 година. Во родниот град завршил основно и средно училиште, а потоа студирал Историја на југословенските книжевности на Филозофскиот факултет. За време на војната во Босна и Херцеговина се преселил во Белград. Во периодот 1999-2000 година, како стипендист на Меѓународниот парламент на писателите престојувал во Понтедери, Италија.
Творештво
уредиЖуриќ е автор на следниве дела:[2]
- Умри машки (раскази, 1991)
- Две години студ (раскази, 1995)
- В кревет со Мадона (раскази, 1998)
- Валцери и полови односи (раскази, 2001)
- Благите денови потоа поминуваат (роман, 2001)
- Ринфуз (роман, 2003)
- Тигреро (роман, 2005)
- Црните мисирки и втората книга на црните мисирки (роман, 2006)
- Мртви брави (роман, 2008)
- Смртта на народњакот (роман, 2009)
- Недела на староците (роман, 2010)
- Катеначо (раскази, 2011)
- Српска трилогија (роман, 2012)
- Тајната на црвениот замок (раскази, 2014)[3]
Покрај нив, Журиќ е автор на шест радио-драми за животот и умирањето на Бора Станковиќ, Милан Ракиќ, Милутин Ускоковиќ, Емануил Јанковиќ, Брана Цветковиќ, Светозар Ќоровиќ и Бранко Ќопиќ, а за потребите на радиото ги приспособил книгите „Преселби“ и „Втората книга на преселбите“ на Милош Црњански. Тој е приредувач на збирката раскази „Гавриловиот принцип“ во кои 14 писатели пишуваат за атентатот врз Франц Фердинанд. Заедно со Божа Копривица ја напишал книгата за вечното дерби во српскиот спорт. Неговите раскази се преведени на повеќе јазици, како: германски, италијански, шпански, португалски, словенечки, полски, грчки, унгарски и англиски.[4] [5]
Награди и признанија
уредиЖуриќ е добитник на неколку признанија, како:[6]
- стипендијата „Борислав Пекиќ“ за роман во настанување
- наградата на Градската библиотека во Панчево за книга на годината (за „Тигреро“)
- наградата „Стеван Сремац“ за најдобар роман (за „Недела на стаорците“)
- Андриќевата награда (за „Тајната на црвениот замок“, 2015)
Наводи
уреди- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015, стр. 218.
- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015, стр. 217.
- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015.
- ↑ „O piscu“, во: Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015, стр. 217-218.
- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015, стр. 219.
- ↑ „O piscu“, во: Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015, стр. 218.