Статуа на Исус Христос Искупителот

Статуата на Исус Христос (португалски: Estátua de Jesus Cristo Redentor) е скулптура која се наоѓа на ридот Корковадо покрај Рио де Жанеиро во Бразил. Статуата се наоѓа на 709 метри надморска височина и е висока 30 метри. Камен-темелникот е поставен на 4 април 1922 година, а официјалната градба започнала дури во 1926 година. За нејзината изградба биле потребни пет години.

Христос Искупител
Карта
Координати22°57′7″S 43°12′38″W / 22.95194° ЈГШ; 43.21056° ЗГД / -22.95194; -43.21056
МестоКорковадо,
Рио де Жанеиро, Бразил
МатеријалСтеатит
Ширина28 метарs (92 ст)
Висина30 метарs (98 ст), 38 метарs (125 ст) with its pedestal
Consecrated October 12, 2006
New Seven Wonders of the World July 7, 2007
Прогласено:2001
Број1478
Статуата на Исус Христос

Идејата за изградба на религиозен споменик за првпат се појавила во 1859 година. Таквиот предлог бил даден од страна на Педро Марија Бос и принцезата Изабела. Но во тоа време тоа не им успеало па во 1921 година повторно била обновена таа идеја, кога се приближувала стогодишнината од независноста.