Смиле Војданов (1 февруари 1872 во Лактиње, Дебрца, Македонија4 март 1958 во Понтијак, Соединети Американски Држави)[1] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација и долгогодишен активист во македонското национално движење во татковината и во емиграција.

Смиле Војданов
Роден 1 февруари 1872
Лактиње, Македонија
Починал 4 март 1958
Понтијак, Мичиген, Соединети Американски Држави

Животопис

уреди

Смиле Војданов e роден во охридското село Лактиње (сега во општина Дебрца). Рано го напуштил школувањето и му се приклучил на македонското ослободително движење во 1897 година.[1]

Македонско ослободително движење

уреди
 
Четата на Смиле Војданов

Во Македонија се истакнал како еден од врвните водачи на Илинденското востание во Охридско,[1] при што заедно со Дејан Димитров биле одговорни за реонот на Дебрца.

По задушувањето на Илинденското востание, Смиле Војданов не се откажува од идејата за независна македонска држава. Својата борба ја продолжува во Северна Америка, каде долги години ќе биде еден од главните организатори на македонските емигранти во САД и Канада.[1]

Во куќата на Смиле Војданов во градот Понтијак, во државата Мичиген, во 1929 година е формирана првата независна македонска група.[2]

По формирањето на повеќе вакви групи во различни градови на САД, на 22 и 23 март 1930 во градот Толедо (Охајо) беше одржана Првата конференција на македонските независни групи. Тогаш Смиле Војданов е избран за претседател на централното раководно тело.[2]

На Првиот редовен конгрес за обединување на групите, од 24 до 26 април 1931 година во Гери (Индијана), Смиле Војданов е избран за претседател на Централниот комитет на новоформираниот Македонски народен сојуз.[1]

Втора светска војна и по неа

уреди

Бил активен член на Американскиот славјански комитет, основан за време на Втората светска војна (1941-1945 година), со цел да испраќа помош за Македонија, како дел од тогашна Југославија.[1] По Втората светска војна го поздравува формирањето на Македонската република и се вклучува во испраќањето хуманитарна помош за татковината.[2] Тој е еден од иницијаторите за изградбата на Медицинскиот клинички центар во Скопје.[1]

Извори

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 113. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 27.