Антим Поповски (Слатино, 1900 - Скопје, 31 март 1987) [1] — македонски свештеник, прв архијерејски намесник за ослободената територија во 1943 година и еден од носителите на одлуката за обновување на Охридската архиепископија и за организирање на Македонската православна црква.

Роден е во Слатино, Дебрца. Немал можност да ја заврши богословско–учителската школа во Битола, бидејќи бил протеруван од школските управи како син на бунтовник и опасен за српската власт. Како печалбар во Белград воспоставил контакти со напредни студенти и работници и бил посетител на друштвото Вардар организирано од македонските студенти во Белград. Таму се сретнал со Петре Пирузе, со Петар Богданов - Кочко, Кузман Јосифовски Питу и многу други личности од кои се надоградувал и го збогатувал своето знаење. Антим со својот ангажман ја освојува довербата на Кузман Јосифовски Питу, Михајло Апостолски, Методија Андонов Ченто кои престојувале во Дебрца. Петре Пирузе заедно со Кузман Јосифовски Питу во ноември 1941 година го организирале неговото запопување во Тирана кај владиката Кристофор.

Тој е прифатен за член на проширениот состав на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и ја води комисијата за верски прашања. Антим Поповски е еден од иницијаторите и организаторите во Главниот штаб за организирање на Првиот свештенички собор во октомври 1943 година во село Издеглавје, каде се поставени темелите на МПЦ и се донесени многу значајни историски одлуки за МПЦ, македонскиот народ и за движењето. Тој собир е предвесник на историскиот АСНОМ.

Наводи

уреди