Бранислав Русиќ (Томино Село, 29 октомври 1912 - Белград, август 1971) ― поранешен професор по етнологија при Одделението за етнологија на Филозофски факултет - Скопје.

Бранислав Русиќ
Роден 29 октомври 1912
Томино Село, Поречко
Починал август 1971
Белград, СР Србија
Националност Македонец, Југословен
Народност Македонец
Занимање универзитетски професор, етнолог

Животопис и образование

уреди

Бранислав Русиќ е роден 1912 година во Томино Село во Порече. Ce школувал во Прилеп, Крушевац и во Битола. Етнологија студирал на белградскиот Филозофски факултет, каде што дипломирал во 1937 година.

Кариера

уреди

По отслужувањето на воениот рок, во 1939 година бил вработен како асистент на Филозофскиот факултет во Белград. Најголемиот дел од Втората светска војна го минал во Србија. Во 1945/46 година работи во Етнографскиот музеј во Белград. Неколку месеци во текот на 1946 година работи и во Институтот за меѓународни прашања при Министерството за надворешни работи на Југославија, каде што му помагал со своите стручни совети на Димитар Влахов (1878-1953). Од 1946 година Русиќ е ангажиран како предавач на новооснованиот Филозофски факултет во Скопје, односно тој е еден од втемелувачите на македонското високо образование. По докторирањето во 1951 година на Универзитетот во Загреб, избран е за доцент, по што напредува во универзитетската кариера и во 1965 година бил избран за редовен професор на Природно- математичкиот факултет. На таа положба останал до смртта во 1971 година. Бранислав Русиќ, како етнолог, најголемиот дел од работниот ангажман го посветил на теренските истражувања, следејќи ги насоките на професорите од Белградскиот универзитет - Јован Цвиjиќ (1865-1927), Тихомир Ѓорѓевиќ (1868-1944) и Јован Ердељановиќ (1874-1944). Тој е еден од основоположниците и организационите работници на Институтот за фолклор. Особено придонел за неговото организирање, но и во истражувачките работи, конципирани како проекти на Институтот. Со истражување започнал уште како студент, продолжувајќи како предавач, доцент и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Првите научни прилози ги објавил во Гласникот на Етнографскиот музеј во Белград, како студент.[1] Русиќ бил посебно надарен за учење на странски јазици, тој бил полиглот и научил да зборува: француски, англиски, германски, италијански, руски, чешки, бугарски, турски, грчки и албански јазик.[2]

Истражувања

уреди

Истражувањата на Русиќ денес претставуваат мошне вреден историски извор за животот во повеќе области во Македонија. Неговите податливи белешки за секое село, во областите што ги истражувал, содржат податоци што можат да бидат особено значајни за проучување на локалната историја, на историјата на секојдневниот живот, на миграциите, на промените во етничката и демографската структура и сл. Истражувањата на проф. Русиќ ce особено вредни и поради времето во кое ce извршени. Русиќ ги вршел истражувањата во времето кога селското, земјоделско население започнало забрзано да бележи опаѓање во однос на вкупниот број население во Македонија. Во 1947 година започнал да ги истражува Охридската и Струшката област, a неговите истражувања во овие области продолжиле до 1953 година. Во периодот 1948— 1950 година вршел теренски истражувања во Малесија, a истражувањето било објавено во Годишниот зборник на Филозофскиот факултет. Покрај овој труд, вредни како историски извор ce и објавените истражувања на Русиќ за Дебарско Поле и Жупа. Од 1947 до 1951 година во повеќе наврати професорот Русиќ вршел теренски истражувања во Преспа, а во текот на педесеттите години врши теренски истражувања во 47 села во областа Железник (Демирхисарско). Во почетокот на педесеттите години вршел теренски истражувања и во Порече. Во периодот 1953-1955 година, Русиќ вршел теренски истражувања на областите Славиште, Пијанец и Делчевска Осоговија. Истражувањата ce вршени во 47 села во Славиште (Кривопаланечката област) и во 32 села во Пијанец и Делчевска Осоговија.[1] Еден од најважните потфати на Б. Русиќ е откривањето на третата збирка народни песни од Стефан Верковиќ, еден од најпознатите собирачи на македонски народни умотворби. Во 1960 година, започнува да истражува една тематска целина за јаремот, и тоа во различни краишта на Македонија. Започнува и пообемни истражувања на различни несловеногласни заедници во Македонија: Јуруците, Саракачаните, Власите, Арбанасите и др. Во мај 1963 година, истражува во брдата на Шкотска, а резултатите од тие истражувања се напишани и објавени во два необјавени труда „Шкотските кланови и црногорските племиња“ и „Шкотското народно творештво“. Со темелни истражувања Русиќ успеал да утврди постоење на верувања за немуштиот јазик кај Јужните Словени, а констатирал и постоење на преданија за познавањето на немуштитот јазик, што се одржале и во современи услови. Докажал дека овие верувања се мошне архаични и дека тоа се најстарите почетоци на човечката вера воопшто, т.е. анимизмот. Како единствен претставник и повереник за Македонија, работел на Етнолошкиот атлас на Југославија. Заедно со соработниците собрал граѓа од 53 населби во Македонија, со пробните „прашалници“, а имал податоци за 56 „прашалници“ I-VI за Србите, Хрватите, католичките Бугари и Арбанашките Клименти од 12 населби во Војводина. Имал и 560 „прашалници“ од Македонија од кои секој имал по 150 страници. Во текот на последните години од животот, тој повеќе пати се навраќа на различни етнолошки проблеми во различни делови на Македонија. Во 1970 г. започнува да собира материјали за Словенците во Македонија, нивната колонизација и процесите на екултурација во новата културна средина.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Илиевски, Борче (2015). Семејните и личните фондови - значаен извор за историски истражувања : (примерот на фондот "Бранислав Русиќ"). Скопје: Филозофски факултет. стр. 63–76. |access-date= бара |url= (help)
  2. 2,0 2,1 Ристески, Љупчо С. (1997). Ракописната заоставштина на Бранислав Русиќ : прилог кон историјата на етнолошката мисла во Македонија. Битола: Мисирков. стр. 26. |access-date= бара |url= (help)

Надворешни врски

уреди