Лин или Линче (албански: Lin) — село во источна Албанија, на самото Охридско Езеро. Сместено е во општината Поградец од Горичката област.

Лин

Lin
село
Поглед на селото со полуостровот и езерото
Поглед на селото со полуостровот и езерото
Лин is located in Албанија
Лин
Лин
Координати: 41°3′58″N 20°38′19″E / 41.06611° СГШ; 20.63861° ИГД / 41.06611; 20.63861
Земја Албанија
ОбластГорица
ОпштинаПоградец
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Историја

уреди
 
Антички мозаик откриен во Лин

Лин е населен уште од метално време. Пронајдоците кои се откриени на ридовите над Лин вклучуваат остатоци од ранохристијанска византиска црква, која датира од VI век. Црквата е културен споменик на Албанија и е вклучена во списокот на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион на албанска страна.

Географија

уреди

Лин е сместено на мал полуостров на Охридското Езеро, јужно од планинскиот превој и граничен премин Ќафасан. Оддалечено е 22 км од градот Поградец, и околу 10 км од Струга. Селото Радожда на другата страна на границата е најблиската населба до Лин.

Демографија

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, Лин имало 600 жители, од кои 300 Македонци христијани и 300 Албанци муслимани.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лин е претставен како мешано македонско-албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[1]

Дијалект

уреди

Лин е единственото село во Албанија каде што се зборува вевчанско-радошкиот дијалект на македонскиот јазик, кој го претставуваат уште три села во Македонија: Вевчани, Радожда и Мали Влај.[2]

Култура

уреди

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
  2. Hendricks, P. "The Radozda-Vevcani Dialect of Macedonian". Peter De Ridder Press, 1976, p. 3.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди