Ристо Стојкоски
Ристо Софков Стојкоски (1926 во Слатино, Охридско — октомври 1944 во Зајас, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиРисто Софков Стојкоски е роден во селото Слатино. Се занимавал со земјоделие. Многу млад се приклучил на НОБ. Доброволно пристапил на 2 октомври 1944 година. Како борец на Петнаесеттата македонска бригада, загинува во борбите против балистите кај селото Зајас, во октомври 1944 година.[1]