Тренко Смилески
Тренко Најдев Смилески (1901 во Слатино, Охридско — есента 1944 во Србјани, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиТренко Најдев Смилески е роден во селото Слатино, но живеел во селото Мраморец (веројатно како домазет). Се занимавал со земјоделие. Во НОБ пристапил доброволно на 5 август 1944 година. Како борец на Шестата македонска бригада загинува во борбите против балистите кај селото Србјани, есента 1944 година.[1]