Дејан Димитров

(Пренасочено од Дејан Војвода)

Дејан Мицков Димитров, познат по псевдонимите Карпата[1] и Дејан Војвода[2] (22 март 1873, ЛактињеПесочани, 10 септември 1912) — македонски револуционер деец на македонската револуционерна организација. Еден од главните водачи на Дебрцката околија за време на Илинденското востание. Учесник во Смилевскиот конгрес.[3] За време на првата балканска војна бил убиен од страна на Отоманската војска.

Дејан Димитров
Роден 22 март, 1873
Лактиње, Охридско. Отоманско Царство
Починал 10 септември, 1912
Песочани, Охридско, Отоманско Царство
Мемоарите на Дејан Димитров објавени во 1926 година од Љубомир Милетич

Животопис

уреди

Рани години

уреди

Димитров е роден во 1873 година во сиромашна фамилија, бил најстариот син на татко му Мицко.[4] Заради економската состојба на неговите родители немал школско образование. Заради недостатокот на образование, Димитров бил неписмен за голем дел од неговиот живот.[5] Во 1890 година почнал да работи како каменорезец и редовно патувал низ Бугарија.[6][7] Работел за три години, претежно во градовите Русе и Варна. Во 1893 година, заради неуспесите се вратил во неговото родно село.[6]

Во 1896 година се вратил во градот Русе и продолжил да работи. Околу перидов земал буквар и самиот себеси се научил да чита и да пишува. Почнал да чита литературни дела за различни историски фигури којшто се бореле против турското ропство, како што бил Стефан Караџа.[6] Во следните години редовно патувал низ Македонија и Бугарија заради економски цели. За време на патувањата се сретнал со Александар Протогеров.

Во Македонската револуционерна организација

уреди

Во 18 мај 1901 година под убедување од Александар Протогеров и Илија Стефанов се вратил во неговото родно село каде што се аплецирал за членство во МРО со Смиле Војданов и заедно со Миладин од Србиново. Во 27 мај бил примен како член и брзо станал еден од поистакнатите членови во Охрид и Дебрца.[8] Откако биле приклучени за првите 17 дена работеле во нивното село ширејќи ја идеалогијата на МРО. После патувале долниот дел на реонот Дебрца во селото Лешани кадешто останале цел месец.[8]

Редовно патувале низ различна села во охридскиот реон и се обидувале да ги приклучат во МРО, според мемоарите на Димитров, тие ги одбирале најхрабите граѓани во селата.[8] На 6 јули 1901 година станал комита на новата формирана чета на Тале Горанов и активно учествувал во битките против турската војка.[9] Кога сејменот Ризо бил убиен во 24 јуни три нови чети биле формирани, четата на Тасе со 9 души, четата на Никола Малешевски со 11 души и четата на Дејан Димитров со 9 души,[10] којшто била првата охридска чета на МРО.[11]

Со неговата чета редовно се борел против суровата турска војска, исто така ги убивал и предавниците на МРО низ Охрид. Во април 1903 година станал секретар во четата на Никола Митрев - Елшански.[12] Исто така во март 1903 година пред почетокот на Смилевскиот конгрес бил обиколен од турските аскери, но успешни го побегнал.[9][3]

Учество во Смилевскиот конрес

уреди
 
Четата на Дејан Димитров во 1905 година

Дејан Димитров заедно со неговиот секретар Ташко Арсенов од Охрид била поканети да учествуваат во Смилевскиот конгрес, за неговото учество Димитров собрал од 11 различни села околу 270-300 пушки.[3][13] Во конгресот исто така биле формирани нови чети. Четата на Димитров била предадена на Смиле Војданов, додека Димитров добил нова чета составена од 15 души, 5 од нив биле во поранешната чета на Никола Митрев.[13]

Илинденското востание

уреди

Во мај 1903 година, пред почетокот на востанието Борис Сарафов ги посетил Димитров и Војданов во охридскиот реон, после тоа се собрале во Мраморец кадешто го планирале востанието. Димитров доброволно патувал низ селата околу Струга и Охрид со ситна чета составена од 8 души. Прво застанале во Мислешево и после во Лажани за инспекција на оружјата, при тоа се сретнале со аскери. Откако ги поразиле турските аскери патувале во селото Мороишта, но брзо биле обиколени во три различни места.[14] Успешно избегнале во Злести.

 
Статуи за истакнати македонски борци којшто загинале за Македонија, претпоследното во втората колона е именуван Дејан Димитров

Со почетокот на востанието најблиски соработници му биле војводите Цветан Неделков од Слатино, Никола Аврамов, Стојан Караџата и Коле Хаџиев.[15] Во август 2 ги прекинал железничките комуникации на Отоманските војници и го нападнале селото Требеништа, селото брзо било ослободено со само 5 жртви, сите од село Мороишта. После тоа си ја поместил неговата чета во селото Лешани, добил подршка од четата на Јакима Најдев којшто го ослободил селото Белчишта, Јонче Стојанов којшто го ослободи селото Велмеј и Антон Кецкаров којшто го ослободи селото Брежани.[16]

Димитров со неговата чета откако ја ослободил Лешани патувал и после го ослободил селото Злести. Како обид да го ослободат селото Сирула се скриле во ридови и планините околу селото да го обиколат. Со 30 души, неговата чета успешно го ослободи селото и како сигнал направиле огин којшто чадот го користел војводата Цветан Неделков да ги пронајде. Биле откриени од турски војници којшто го стражале селото Велмеј, планирале да ги нападнат но кога Димитров направил повеќе огнови, аскарите грешно претпоставиле дека селото имало повеќе војводи со над 100 души.[17]

После тоа успешно го ослободиле селото Мешеишта со 20 доброволци од самото село. Исто така го претвориле селото Лешани како нивиот главен штаб на операција, околу 7 души работеле таму.[17] После неколку дена дојде турска армија составена од 4000 души којшто патувала од Охрид и успешно го окупирале селото Куратица, селото било користено како база од страна на Турците да го нападнат Димитров, во нападот Димитров успешно ги спречи да влезат во селото но после избегнал во велешкиот реон.[18]

На 6 август Турската војска успешно го окупирале селото Лешани и нивниот главен штаб бил укинет. На 9 август селото Велмеј селото подпаднало под турско ропство и било пљачкано. Димитров избегнал во Брежани и заради најновите загуби побарал помош од војводите од Демирхисарско реон, заради тоа во селото стасал Борис Сарафов со голема чета од 80 души, заедно со него одбраниле напад од турската војска. Но турската војска постепено се зголемувала додека четите немале толку многу души, за краток период селото добило подршка од Христо Узунов но неможел трајно да остане.[18] После неколку дена Бачишта, Слатина и Брежани потпаднале под турско ропство.[18]

Последни години и смрт

уреди
 
Слика со Дејан Димитров

Со неуспехот на востанието Дејан Димитров почнал да си ги врши неговите револуционерни дејства во велешкиот реон наместо охридскиот. Имал минимален успех и околу крајот на 1905 и почетокот на 1906 година, си ја приклучил четата во четата на Петар Чаулев, работел заедно со Чаулев до 1908 година. Во 1908 година после младотурската револуција новиот парламент на Отоманското Царство одлучиле да не ги стрелаат поранешните членови на МРО.[9]

После 1908 година, заради укинувањето на Македонската револуционерна организација, Димитров се вратил во неговото родно село кадешто работел како земјоделец. Во 1910 година парламентот на младотурците си го обновило договорот и донесоа одлука да се убиени сите поранешни членови на МРО.[9]

Во 1912 година, за време на првата балканска војна турската војска го откриле живеалиштето на Димитров, заради тоа бил уапсен и пратен во затвор во селото Песочани. Сурова тортура му вршеле, го спуштале под вода до да нѐ се онесвести. После тоа бил истепан, заврзан со јаже во жито покрај реката и го запалиле жив, Песната „Излегол Дејан Војвода“ е во негова чест.[9][3]

Наводи

уреди
  1. Битовски, Крсте (1978). Охрид и Охридско низ историјата: Од паѓањето под османлиска власт до крајот на Првата светска војна. Општинско собрание на град Охрид. стр. 251.
  2. Арсов, Славејко (1997). Спомени. Култура. стр. 35. ISBN 9789989320774.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Аскерот не можел да го фати и кога е опколен: 150 години од раѓањето на македонскиот војвода Дејан – Карпата“. Скопско Ехо. 22 март 2023 година. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Петровски, Трајан (1989). Žitija karaormanski. Култура. стр. 50.
  5. Арсов, Ташко (9 јули 2018). „ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Ташко Арсов, Дебрца(28)“. Вечер.
  6. 6,0 6,1 6,2 Милетич 1926, стр. 71.
  7. Дракул, Симон (1995). Македонија меѓу автономијата и дележот: 1903. Просвета. стр. 66.
  8. 8,0 8,1 8,2 Милетич 1926, стр. 72 - 74.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 „Војводата Дејан Димитров – Карпата обезбедил 270 пушки за Илинденското востание, животот го даде за Македонија, народот му испеа песна“. Скопско ехо. 22 март 2024 година. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. Милетич 1926, стр. 80.
  11. Андоновски, Христо (2002). Личности од Македонија. Ми-Ан. стр. 92. ISBN 9789989613289.
  12. Сојуз на друштвата на историчарите на Македонија (2004). Историја, списание на Сојузот на историските друштва на СР Македонија · Том 40. Сојуз. стр. 212.
  13. 13,0 13,1 Милетич 1926, стр. 92 - 93.
  14. Милетич 1926, стр. 93.
  15. Naroden muzej Ohrid, Zavod za zaštita na spomenicite na kulturata (1988). Lihnid: godišen zbornik na Narodniot muzej vo Ohrid. Музеј. стр. 202.
  16. Милетич 1926, стр. 98 - 100.
  17. 17,0 17,1 Милетич 1926, стр. 98 - 101.
  18. 18,0 18,1 18,2 Милетич 1926, стр. 105 - 107.

Биографија

уреди