Свети Николе

гратче/паланка во Македонија
(Пренасочено од Св. Николе)

Свети Николеград, поточно паланка, во источниот дел на Република Македонија, во котлината Овче Поле и аднинистративно средиште на истоимената општина.

Свети Николе
Град
Средиштето на Свети Николе
Средиштето на Свети Николе
Свети Николе is located in Македонија
Свети Николе
Свети Николе
Местоположба на Свети Николе во Македонија
Координати: 41°52′N 21°57′E / 41.867° СГШ; 21.950° ИГД / 41.867; 21.950
ДржаваРепублика Македонија
РегионИсточен Регион
ОпштинаОпштина Свети Николе
Управа
 • ГрадоначалникДејан Владев (ВМРО-ДПМНЕ)
Надм. вис.&10000000000000305000000305 м
Население (2021)
 • Вкупно11,728
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 032
Рег. таб.SN
ПатронСвети Никола
Мреж. местоwww.svetinikole.gov.mk

Географија

уреди

Свети Николе се наоѓа во средишниот дел на областа Овче Поле и лежи на 305 метри надморска височина. Градот е оддалечен 28 километри северозападно од Штип, 34 километри североисточно од Велес и 40 километри јужно од Куманово. Низ Свети Николе поминува новоизградениот автопат ШтипСкопје пуштен во употреба во 2019 година.

Легенда за потеклото на името Свети Николе

уреди
 
Црквата „Св. Никола“.

Според некои, постои една легенда поврзана за ова место: во Свети Николе постоеле околу 40 цркви. За време на османлиското владеење, сите цркви биле уништени само единствената која останала била црквата „Св. Никола“ затоа и името на овој град е Свети Николе. Според објавената книга „Свети Николе — главната населба во Овчеполската Котлина“, името на населбата е поврзано не само со животот и делото на Чудотворецот Свети Никола, туку и пренесувањето на неговите мошти.

Историја

уреди

Праисторија и антика

уреди

Историјатa на Свети Николе постојано е населена од праисторијата до денес. Најстарите траги на живот во котлината се од периодот на неолитот, што е потврдено и со археолошки истражувања. Најстари жители на овие краишта биле Пајонците, кои го населувале просторот меѓу реките Аксиј (Вардар) и Стримон (Струма). Постојат показатели дека во Овче Поле било средиштето на Пајонската држава, чиј најголем град, воедно и седиште на пајонските кралеви, Билазора се наоѓал во Овче Поле, во месноста Градиште (во Кнежје).

Свети Николе, како средишно место на поголемиот дел од Овче Поле, како населба датира уште од античкиот период. Првобитно населбата била сместена североисточно од денешната црква „Св. Стефан“. Поради мочурливото земјиште и нездравите услови за живот во крајот на 3 век п.н.е. населбата била посместена на десната страна на Светиниколска Река, во месностите: Рудина, Свети Спас и денешното Рецко Маало во градот. Најверојатно античкото име на населбата било Пробатон.

Средновековна историја

уреди

Во средновековните пишани извори, првпат, Овче Поле како населба (тврдина), и пошироко, Овчеполието како област, се споменува во 13 век. Во 1246 година, никејската војска, покрај другите места во Македонија, го зазела и Овче Поле. Во 1292 година, во населбата, која сè уште го носела името Овче Поле, била изградена црквата посветена на чудотворецот Свети Никола. За црквата е поврзана легендата за чудотворното излекување на Стефан Дечански: „... И на Овчем Полѣ свети Никола очи ѣму дарова въ црьквi...“.

Свети Николе се споменува и во даровницата на браќата Дејановци од 1378 година, со која се потврдуваат даровите на манастирот „Св. Пантелејмон“ во Света Гора.

Во пописните тапу дефтери на Ќустендилскиот Санџак од 1570 година, Свети Николе било именувано како И-с-в-и Н-и-к-о-л-а. Во пописниот список биле регистрирани две маала — Бузук Маало (во превод: Големо Маало) и Кучук Маало (Мало Маало), како и посебно село Свети Никола. Трите населби броеле 317 семејства со околу 1.600 жители. Во шеесеттите години на 17 век, османлискиот патописец Евлија Челебија на двапати престојувал во Свети Николе и во својот патопис зборува за две населби — Овче Поле и Килисали (населба покрај црква, црквино). За време на османлиското владеење населбата била со две имиња, Свети Никола за македонското христијанско население и Килисали за Турците.[1]

Втора светска војна

уреди
 
Плочата посветена и поставена на зградата во која бил основан Околискиот комитет на КПЈ.

За време на Народноослободителната борба, на 6 октомври 1944 година, во Свети Николе бил основан првиот Околиски комитет на КПЈ за Светиниколската околија.

Население

уреди
 
Свети Николе на разгледница во 1920-тите.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, Свети Николе (Клисели) било село со 1.900 жители, од кои 1.100 Македонци и 800 Турци.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 2.500 Македонци и 100 Турци.[3]

Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Светиниколскиот срез имало 29.634 жители, од кои 3.468 во градот Свети Николе, а 26.166 во селата во Овче Поле. Од етнички аспект, населението го сочинувале 22.834 (77 %) Македонци, 5.798 (19,5 %) Турци, 605 (2,04 %) Власи, 192 Роми, 112 Срби и 93 останати.[4]

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 13.746 жители и спаѓал во групата на средни градови.[5] Етнички гледано, населението е составено од:[6]

Етнички групи[6]
Македонци
  
97,24 %
Власи
  
1,08 %
Турци
  
0,58 %
Роми
  
0,52 %
Срби
  
0,38 %
Бошњаци
  
0,01 %
други
  
4,32 %
народ вкупен број % од вкупното население
Македонци 13.367 97,24
Турци 80 0,58
Роми 72 0,52
Власи 149 1,08
Срби 52 0,38
Бошњаци 1 0,01
други 25 0,18
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[6]:

Јазици[6]
македонски
  
97,45 %
влашки
  
0,86 %
турски
  
0,58 %
ромски
  
0,51 %
српски
  
0,45 %
други
  
0,14 %
бошњачки
  
0,01 %
јазик вкупен број % од вкупното население
македонски 13.396 97,45
турски 80 0,58
ромски 70 0,51
влашки 118 0,86
српски 62 0,45
бошњачки 1 0,01
други 19 0,14
Вероисповед

Во Свети Николе се застапени следните религиски групи[6]:

Религија[6]
Православие
  
97,94 %
Ислам
  
1,15 %
други
  
0,87 %
Католицизам
  
0,04 %
религија вкупен број % од вкупното население
Православни 13.463 97,94
Муслимани 158 1,15
Католици 6 0,04
други 119 0,87

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Свети Николе:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19483.468—    
19533.621+4.4%
19614.420+22.1%
19717.440+68.3%
198110.829+45.6%
ГодинаНас.±%
199112.975+19.8%
199413.292+2.4%
200213.746+3.4%
202111.728−14.7%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 3.468
1953 3.458 30 95 12 1 12 13 3.621
1961 4.227 0 63 53 77 4.420
1971 7.185 0 104 23 56 72 7.440
1981 10.499 1 67 87 44 85 46 10.829
1991 12.642 0 33 84 65 68 83 12.975
1994 12.987 0 68 43 113 57 24 13.292
2002 13.367 0 80 72 149 52 1 25 13.746
2021 10.914 4 57 39 98 20 1 46 549 11.728

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948 — 2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Стопанство

уреди

До седумдесеттите години на 19 век, кога патот за Солун минувал преку Свети Николе, тоа било едно од значајните економски места од левата страна на реката Вардар. Пуштањето во сообраќај на вардарската железница во 1873 година неповолно се одразило на Свети Николе, а оваа промена уште повеќе се почувствувала во 1888 година кога вардарската железница била споена со моравската.

 
Градскиот зелен пазар.

Денес населението претежно се занимава со земјоделство, а од индустријата застапени се:

Од прехранбената индустрија застапени се:

Од земјоделските култури најзастапени се:

Од сточниот фонд се:

Установи

уреди
Аднинистративни
 
Седиштето на Општина Свети Николе.
Установи од јавен карактер
  • ЈКП „Комуналец“
  • Противпожарна станица Свети Николе
  • ЈЗУ Здравствен дом „Прим. Д-р Ѓорги Гаврилски“
  • Филијала на Македонска пошта
Културни
 
Народниот музеј Свети Николе.
Образовни
 
Грбот на приватниот универзитет Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“.

Личности

уреди
Родени

Знаменитости

уреди
Цркви[8]
Историски градби
Споменици
Урбанизам

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. http://svetinikole.gov.mk/informatsii/profil-na-opshtinata/istorijat/
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.232.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
  5. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 јули 2016.
  7. Кире Лазаров со аплаузи дочекан во родното Свети Николе[мртва врска]
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  9. ЛИТУРГИЈА, РАКОПОЛАГАЊЕ ВО ЃАКОН И КАМЕН- ТЕМЕЛНИК ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА ЦРКВА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ. Архивирано од изворникот на 2014-07-15. Посетено на 2014-08-24.
  10. Иницијатива за изградба на црква во Свети Николе посветена на св. Лидија Македонка

Надворешни врски

уреди