Факултет за безбедносно инженерство (Свети Николе)
Факултет за безбедносно инженерство ― приватен факултет при Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“. Факултетот, како прв и единствен од ваков вид во Република Македонија, овозможува образование на стручни лица за безбедност при работа, со цел поефикасно и поуспешно применување на европското законодавство, во областа на безбедноста и здравјето на работниците при работа.
Вид | приватен |
---|---|
Основан | 2012 |
Декан | Проф. д-р Цветанка Митревска |
Место | Свети Николе, Македонија |
Припадност | Меѓународен славјански универзитет |
msu.edu.mk |
Историја
уредиФакултетот за безбедносно инженерство бил основан во 2012 година, како прв и единствен од ваков вид во Република Македонија.[1]
Програма
уредиФакултет за безбедносно инженерство нуди една насока на додипломски и една насока на последипломски студии.[2]
- Додипломски студии (180 ЕКТС)
- Безбедност при работа (3+2)
- Последипломски студии[3]
- Безбедност при работа (3+2)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Факултет за безбедносно инженерство“. Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“. Посетено на 7 октомври 2022.
- ↑ „Додипломски студии“. Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“. Посетено на 7 октомври 2022.
- ↑ „Последипломски студии“. Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“. Посетено на 7 октомври 2022.