Црква „Св. Стефан“ - Свети Николе

црква во Свети Николе

Црква „Св. Стефан“црква која се наоѓа во Свети Николе, во Општина Свети Николе.

Свети Стефан
македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Местоположба

Карта

Место Свети Николе
Општина Свети Николе
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Стефан
Завршено 1910
Архитектонски опис

Во 1910 година врз темелите на старата еднокорабна црква била изградена гробишната црква Свети Стефан. Пред влезот на црквата бил најден масивен коринтски капител кој е изложен во Народниот Музеј во Свети Николе.

Иконите во најголем дел се од Ѓорѓи Зографски и непознат автор од 1929 година. Од кој архијереј е осветена нема податоци. Во 2006 година црквата била реновирана и бил дограден нартекс[1][2].

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-03-29. Посетено на 2016-09-13.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-09-15. Посетено на 2016-09-13.