Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“

приватен универзитет во Свети Николе.

Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ — приватен универзитет со седиште во Свети Николе[1], кој започнал со работа во 2004 година како претставник на Mеѓународниот славјански универзитет од Русија, на територијата на Република Македонија преку дописно-вонредно студирање. Основач на оваа високообразовна установа е проф. д-р Јордан Ѓорчев.

Универзитет „Меѓународен Славјански Универзитет“
ВидПриватен
Основан2004
РекторЛенче Петреска
Студенти2,000
МестоСвети Николе, Република Македонија
КампусСвети Николе, Битола
www.msu.edu.mk

Универзитет е наречен во чест на истакнатиот руски поет Гаврило Державин располага со два кампуси во Свети Николе и Битола и е втор дом на повеќе од 2000 студенти. Универзитетот е составен од пет факултети и два институти (Институт за инженерска економија и Институт за култура и уметност). Универзитетот има програми за стипендирање на сите факултети,[2][3] а организира и настани за студентите.[4]

Историја уреди

Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин” започнал со работа во 2004 година во Свети Николе како претставник на Меѓународниот славјански институт - Москва од Руската Федерација на територијата на Република Македонија со начинот на дописно - вонредно студирање. Од самиот почеток заклучно до 2008 година, под име „Меѓународен славјански институт“ во Р Македонија работел под акредитација на Министерството за образование на Руската Федерација и Решение од Владата на Р Македонија за работа како странска високообразовна установа (Решение бр. 12-8157/1 од 20 јули 2005).

Со отпочнувањето со работа во 2004 година, започна да функционира Факултетот за економија и организација на претприемништвото со насоки Менаџмент и претприемништво и Финансии и банкарство. Наредната, 2005 година, покрај Факултетот за економија и организација на претприемништвото започнал со работа и Факултетот за психологија со насоката Општа психологија.[5]

Со оглед на зголемениот интерес на студирање на територијата на Република Македонија, во 2006 година, универзитетот, својата работа ја проширил со отворањето на кампусот во Битола.

Во 2008 година согласно измените на Законот за високото образование и применувањето на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) се извршени усогласувања на наставните програми согласно Болоњската декларација и се здобиле со акредитација Факултетот за економика и организација на претприемништвото и Факултетот за психологија од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија. Истата година, установа била ребрендирана во Меѓународен славјански институт „Г. Р. Державин“ – Свети Николе.

Во 2011 година акредитиран бил Факултетот за информатика со две студиски програми (Софтверски технологии и Компјутерски системи и мрежи). Истата година акредитирани биле и две студиски програми на втор циклус на студии на Факултетот за економија и организација на претприемништвото (Маркетинг менаџмент и Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија и две студиски програми на Факултетот за психологија (Клиничка и советодавна психологија и Психологија во социјалната заштита).

Во 2012 година акредитиран бил Факултетот за безбедносно инженерство со 6 студиски програми од прв и втор циклус на студии, како прв и единствен факултет во Р Македонија од овој вид. На прв циклус на студии се акредитирани насоките Безбедност при работа и Безбедност од пожар, а истите насоки - Безбедност при работа и Безбедност од пожар- се акредитирани и за специјалистички и магистерски студии. Овој факултет има свое годишно научно списание.[6]

Во 2013 година, установата била преобразена во универзитет и го добила името Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“ - Свети Николе - Битола.

Во 2014 година била добиена акредитација за Факултетот за правни науки, прв циклус на студии.

Во 2016 година Факултетот за информатика при овој универзитет добил акредитации за две насоки на втор циклус на студии: Софтверски технологии и Компјутерски системи и мрежи.

Во 2017 година биле добиени акредитации за пет насоки на втор циклус на Факултетот за правни науки:

Симболи на универзитетот уреди

Грб уреди

 
Бистата на Гаврила Романович Державин во дворот на универзитетот.

Грбот на МСУ е со тркалезен облик. Во средината е поставен портрет од Г. Р. Державин, а кон надворешните рабови е испишано името на универзитетот. На долниот дел од грбот стои отворена книга, како симбол на знаењето и образованието.

Грбот на универзитетот се употребува на издадените дипломи, сертификати, меморандумите итн. Златна верзија од грбот била употребувана за 10-годишниот јубилеј. Истата верзија се употребува и за плакетата „Державин“ која е врачувана на лица кои дале значителен придонес во развојот на универзитетот.

Студентска химна уреди

Химната на универзитетот е напишана од Лазар Цветкоски, а изведувачи се познатите македонски пејачи Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, кои биле студенти на овој универзитет.

Слогани уреди

  • Живеј ја својата визија (2015)
  • Студирајте на Славјански денес за да го освоите светот утре (2016)
  • Мојата визија. (2018)

Инсигнии уреди

МСУ има посебни инсигнии за ректорот, проректорот, деканите и продеканите. Ректорските и проректорските инсигнии се состојат од пет меѓусебно поврзани гравури, а на средишната гравура е поставен ликот на Г. Р. Державин. Деканските и продеканските инсигнии се состојат од три меѓусебно поврзани гравури, а на средишната гравура е поставен ликот на Г. Р. Державин.

Патронен празник уреди

Патрониот празник на МСУ е 21 март, Светскиот ден на поезијата. Секоја година патрониот празник се одбележува со посебна свечена програма која се одржува на една од единиците на МСУ. Во свечената програма земаат учество и студентите на МСУ и на тој ден не се изведува настава.

Патрониот празник на МСУ се одбележува на свечен начин, секоја година. На единиците се организираат свечености и на тој ден не се изведува настава. Програмата за патрониот празник се подготвува и уредува од Институтот за култура и уметност.

Одора уреди

МСУ определува одори за ректорот, проректорите, деканите и продеканите. Одората се одликува со бордо боја со украси и везови во златна боја кои започнуваат од предната страна и преку рамениците се протегаат до грбот. Основата на одората е иста за ректорот, проректорите, деканите и продеканите.

На ректорската одора има правоаголен додаток во златна боја кој служи како подлога за инсигниите. На проректорската, деканската и продеканската одора се додаваат само инсигниите. Одората се користи при свечени настани на МСУ, прослави, промоција на нови генерации, претставување на МСУ или единиците на меѓународни и меѓууниверзитетски средби и слични активности.

Студиски програми уреди

 
Дипломско-магистерска свеченост на универзитетот во 2018 година.

Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ на своите пет факултети нуди повеќе наставни програми за додипломски и последипломски студии.

Додипломски студии: уреди

Факултет за економија и организација на претприемништвото [7]

  • Менаџмент и организација на претприемништво (4+1)
  • Финансии и банкарство (4+1)

Факултет за психологија [8]

  • Општа психологија (4+1)

Факултет за информатика [9]

  • Софтверски технологии (3+2)
  • Компјутерски системи и мрежи (3+2)

Факултет за безбедносно инженерство [10]

  • Безбедност при работа (3+2)

Факултет за правни науки [11]

  • Правни студии (општи тригодишни студии) (3+1+1)
  • Изборни модули
    • Административно право и јавна администрација (3+1+1)
    • Граѓанско право (3+1+1)
    • Казнено право (3+1+1)
    • Меѓународно јавно право, право на ЕУ и диппломатија (3+1+1)
    • Финансии и деловно право (3+1+1)

Последипломски студии: уреди

Факултет за економија и организација на претприемништвото

  • Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија (4+1)
  • Маркетинг менаџмент (4+1)

Факултет за психологија

  • Психологија во социјалната заштита (4+1) и (3+2)
  • Клиничка и советодавна психологија (4+1) и (3+2)

Факултет за информатика

  • Софтверски технологии (3+1+1)
  • Компјутерски системи и мрежи (3+1+1)

Факултет за безбедносно инженерство [12]

  • Безбедност при работа (3+2)

Факултет за правни науки

  • Административно право и јавна администрација (3+1+1)
  • Граѓанско право (3+1+1)
  • Казнено право (3+1+1)
  • Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1+1)
  • Финансии и деловно право (3+1+1)

Меѓународна и меѓууниверзитетска соработка уреди

Договори за соработка со универзитети надвор од Македонија уреди

Соработката со Државниот универзитет во градот Тамбов, Руска Федерација со кој МСУ е во корпоративна соработка, дефинитивно е една од најзначајните и суштински соработки кои ги има универзитетот. Во однос на оваа соработка, веќе успешно се реализира програмата за двојни дипломи. Согласно билатералниот договор потпишан помеѓу Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин” и Универзитетот од Велико Трново, од 2018 година упис на кандидати за докторски студии се врши на Меѓународниот славјански универзитет во Македонија.[13] Согласно договорот потпишан помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” и Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, програмата „Бизнис и организација“ на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана од 2018 година е достапна на Меѓународен Славјански Универзитет.

Во моментот МСУ има склучено вкупно 20 договори со универзитети надвор од Македонија.

1. Тамбовски државен универзитет „Г. Р. Державин“ – Тамбов, Русија

2. Московски државен регионален универзитет – Москва, Русија (05.08.2015)

3. Липецки државен педагошки универзитет – Липецк, Русија (15.04.2016)

4. Северно-Кавкаски Федерален универзитет – Ставропол, Русија (25.10.2014)

5. Југозападен универзитет „Неофит Рилски“ – Благоевград, Бугарија

6. Универзитет „Мегатренд“ – Белград, Србија (14.12.2010)

7. Универзитет „Јуридикум“ – Виена, Австрија (08.01.2013)

8. Педагошки факултет во Врање – Државен универзитет Ниш – Ниш, Србија (02.12.2016)

9. „Паневропски универзитет“ – Бања Лука, Република Српска (04.05.2015)

10. Универзитет „Витез“ – Травник, Босна и Херцеговина (16.03.2012)

11. ВСУ „Черноризец Храбар“ – Варна, Бугарија (20.05.2013)

12. Алфа БК универзитет – Србија (18.07.2015)

13. Педагошки факултет- Врање, Србија (02.12.2016)

14. Азурлингва – Ница, Франција (09.01.2017)

15. Гетијде колеџ – Холандија (06.02.2017)

16. Великотрновски универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново, Бугарија (27.01.2016)

17. Уралски федерален универзитет „Првиот претседател на Руската Федерација – Борис Николаевич Елцин“ – Екатеринбург, Руска Федерација (22.12.2017)

18. Економски факултет при Универзитетот во Љубљана, Словенија. (30.04.2018)

19. Технички универзитет – Габрово, Бугарија (07.08.2015)

20. Висока школа за бизнис економија и претприемништво – Белград, Србијa(09.06.2017)

21. Висока школа „ЦМС – Центар за мултидисциплинарни студии“ – Тузла, БиХ (26.12.2016)

22. Универзитет по библиотекознание и информациски технологии – Софија, Бугарија (30.05.2012)

23. Висока школа за телекомуникации и пошти – Софија, Бугарија (23.11.2019)

24. Универзитетот „Фехми Агани“ – Ѓаковица, Република Косово (23.09.2021)

25. Факултетот за хотелиерство и туризам – Врњачка Бања, Универзитет во Крагуевац (28.05.2021)

26. Анекс на договор за соработка со Паневропски Универзитет „Апеирон“ – БиХ, Р. Српска, Бања Лука (04.05.2015)

27. Универзитет во Чандигар – Индија (16.11.2021)

28. Договор за соработка со Колеџ за меѓународен менаџмент „Глобус“ – Приштина, Косово (05.01.2022)

29. Договор за соработка со Државен аграрен Универзитет во Одеса – Одеса, Украина (16.02.2022)

30. Киевски национален Универзитет за технологија и дизајн – Киев, Украина (16.02.2022)

31. Меморандум за соработка со Висока школа за безбедност и економија – Пловдив, Бугарија (18.02.2022)

32. Договор за соработка со Махариши Маркандешвар – Муллана – Амбала, Индија (18.04.2022)

33. Договор за соработка со Сулејман Демирел Универзитет – Испарта, Турција (18.04.2022)

34. Меморандум за соработка со Универзитетот во Ниш, Србија (24.05.2022)

Конференции и научни публикации уреди

Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: исток-запад“ уреди

Меѓународната научна конференција „Меѓународен дијалог: исток-запад“ е во заедничка организација на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ и Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија и започнала да биде организирана во 2010 година. На конференција „Меѓународен дијалог: исток-запад“ со свои научни трудови досега имаат учествувано над 1600 научни работници од Албанија, Македонија, Русија, Србија, Бугарија, Белорусија, Виетнам, Узбекистан, Киргистан, Казахстан, Босна и Херцеговина, Хрватска, Соединетите Држави и Косово.[14][15][16][17][18]

Сите трудови на учесниците се објавуваат во научно списание „Меѓународен дијалог: исток-запад“ ISSN print: 1857-9299 и ISSN online: 1857-9302, во издание на службената издавачка куќа на универзитетот, Меѓународниот центар за славјанска просвета (МЦСП) – Свети Николе. Научното списание излегува 4 пати годишно, а досега се објавено околу 1200 научни трудови.

Меѓународен филозофски дијалог „Исток-запад“ уреди

Меѓународен филозофски дијалог „Исток-запад“ е симпозиум на филозофи во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ и Филозофското друштво на Македонија.[19][20][21][22][23][24]

Досега учествувале истакнати филозофи од Обединетото Кралство, Русија, Полска, Бугарија, Македонија, Канада и Хрватска.

Други составни единици при универзитетот уреди

Издавачка куќа и книжарница уреди

 
Меѓународниот центар за славјанска просвета.

Меѓународниот центар за славјанска просвета е името на службената издавачка куќа на МСУ.[25]

Насловите кои биле досега издадени се од областа на менаџментот, маркетингот, економијата, психологијата, правото, информатиката и останато. Издавачката куќа се грижи и за издавањето на меѓународните списанија од одржаните конференции на универзитетот и заедничките изданија со партнерските универзитети. Освен учебници и списанија, се издаваат и романи од македонски автори, како и збирки на раскази, поезија итн.

Во склоп да издавачката куќа има и печатница, каде книгите се дизајнираат, обработуваат и доведуваат до својата конечна форма. Книжарницата во Свети Николе ја нуди целокупната литература која е потребна за студентите на универзитетот, сопствени изданија, и изданија од други издавачи од Македонија, така што студентите имаат голем избор на стручна и слободна литература.

Библиотеки уреди

Библиотеките се составен дел на кампусите во Свети Николе и Битола и нудат учебници, разни прирачници, разговорници, енциклопедии и стручна книжевност на македонски, српски, хрватски, руски, бугарски и англиски јазик.[26]

Стручната книжевност опфаќа различни области, но доминираат наслови од:

  • економија
  • бизнис
  • менаџмент
  • психологија
  • правно-политички науки
  • хуманистички науки
  • технички науки
  • компјутерски науки

Библиотеките располагаат и со читална. Универзитетската библиотека нуди бесплатно членство за сите студенти, како и бесплатно изнајмување на книги.

Вкупниот библиотечен фонд на стручни книги и списанија во библиотеките според последниот попис изнесува над 20 000 наслови. Дополнително, има и книжевност за деца, лектири, книги за млади и возрасни. Фондот на книги постојано се надополнува со нови книги од сите македонски издавачи. Во рамки на наведениот книжен фонд влегуваат и сите изданија (учебници, прирачници и др.) кои ги имаат издадено МСУ и МСЦП.

Студентско радио уреди

[Радио С] постои од 1969 година, а од 2007 година МСУ го зел под своја закрила.

Радиото е отворено за сите студенти и граѓани кои сакаат да учествуваат во создавање на програмата – од месни вести до забавна музика, филмски критики, наука и останати. На студентите им се нуди можност за практикантска работа во студентското радио.

ЖРК Славјански Универзитет уреди

ЖРК Славјански Универзитет е единствениот женски ракометен клуб во Свети Николе го носи името на овој универзитет.[27][28]

Кино уреди

Киноверзум е 3D кино во Свети Николе и се наоѓа во зградата на Меѓународниот славјански универзитет. Ова е единственото универзитетско 3D кино во Македонија.[29]

Просторни капацитети уреди

Во 2007 година универзитетот ги зголемил своите капацитети со стекнување на сопствена зграда во Свети Николе со површина од 2700 м² и можност за доградба на уште 1500 м² простор, најсовремено опремен за изведување на високообразовна дејност. Ова се должело на зголемениот број на заинтересирани студенти за студирање на оваа високообразовна установа. Во почетокот на 2008 година оваа институција повторно ги зголеми своите капацитет со купување на зграда во Битола со површина од 1700 м2.

Денес универзитетот располага со свои градби во Свети Николе (универзитетски кампус), Битола (универзитетски кампус), и Претор. Вкупната површина на сите простории изнесува вкупно околу 7000 м2.

Наводи уреди

  1. „Институции и фирми — ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ“. Посетено на 2019-03-03.
  2. „Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин" – Св. Николе – Битола доделува 20 стипендии“. Studenti.mk. 2017-04-18. Посетено на 2019-03-03.
  3. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Можност за стипендија од 1000 евра: Интелектуална игра за тандем стипендии DerzhaWIN!“. fakulteti.mk. Посетено на 2019-03-03.
  4. „Regionalno zdruzenie za makedonsko-rusko prijatelstvo "A.A.Rostkovski" - Ассоциация македонского-русской дружбы и сотрудничества“. www.makrus.pelanet.mk. Посетено на 2019-03-03.[мртва врска]
  5. „Министерство за образование и наука“. www.mon.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2019-03-23. Посетено на 2019-03-03.
  6. „Зборник на научни трудови“. Безбедносно инженерство при работа и пожар. 1: 320. 2013.
  7. „Факултет за економија и организација на претприемништво“. fakulteti.mk. Посетено на 2019-03-03.
  8. „Факултет за психологија“. fakulteti.mk. Посетено на 2019-03-03.
  9. „Факултет за информатика“. fakulteti.mk. Посетено на 2019-03-03.
  10. „Факултет за безбедносно инженерство“. fakulteti.mk. Посетено на 2019-03-03.
  11. „Факултет за правни науки“. fakulteti.mk. Посетено на 2019-03-03.
  12. „mladi.ams.mk“. mladi.ams.mk. Посетено на 2019-03-03.[мртва врска]
  13. „Конкурс за упис на докторски студии во Бугарија - 2018/2019 • Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин". Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. 2017-11-19. Посетено на 2018-09-03.
  14. „Меѓународен дијалог: исток-запад - Конференциски Центар“. Конференциски Центар. Архивирано од изворникот на 2018-09-02. Посетено на 2018-09-03.
  15. Press, Istok. „Научна конференцијa „Меѓународен дијалог: исток-запад" | Istok Press“. Посетено на 2019-03-03.
  16. Nastovska, Katerina. „МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК -ЗАПАД“ (англиски). Наводот journal бара |journal= (help)
  17. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Претставници од 8 земји се собраа на меѓународен дијалог во Славјански универзитет“. fakulteti.mk. Посетено на 2019-03-03.
  18. „Меѓународен дијалог: „Исток-Запад" (PDF). Core. 2014. Архивирано од изворникот на 2019-04-15. Посетено на 3 март 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „Филозофски дијалог - 2018“. Конференциски Центар. Архивирано од изворникот на 2019-04-29. Посетено на 2019-03-03.
  20. Ана (2017-10-04). „Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад". А1он (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-10-05. Посетено на 2019-03-03.
  21. „Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад". Daily.MK - Вести. Посетено на 2019-03-03.
  22. Милевска Ѓеорѓиева, Ана (2015). „Прв меѓународен филозофски дијалог „Исток-запад". Канал5.
  23. „Меѓународен филозофски дијалог „Исток - Запад". time.mk. Посетено на 2019-03-03.
  24. „Меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад" на тема „Правото меѓу политиката и етиката". Сител Телевизија. Посетено на 2019-03-03.
  25. „МЦСП – Издавачка куќа и книжарница“. Посетено на 2019-03-03.
  26. „е-Библиотека на МСУ“.
  27. „ЖРК Славјански Универзитет – Женски Ракометен Клуб „Славјански Универзитет". Посетено на 2019-03-03.
  28. „ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет и понатаму дава таленти“. 24 РАКОМЕТ (англиски). 2016-08-13. Посетено на 2019-03-03.
  29. https://kinoverzum.mk/

Надворешни врски уреди