Сер-Шахар маало во град во Азербејџан со поглед кон џамијата од 18-ти век

Маало[1], разговорно и маала или маале (на арапски: محلة‎‎, maḥallä) - одделен дел на градска или селска населба. Зборот маало има арапско потекло и се користи во бројни јазици низ светот. Тој може да се преведе како „соседство“. Во некои земји во светот, маалото е најмалата административна единица.

Постојат две дефиниции за значењето на овој збор, едната е дека тоа е само соседство додека втората, која најчесто се користи во земјите со предоминантно муслиманско население, го дефинира како урбано место со местна џамија и чајџилница, како главни социјални институции. Важни функции на ниво на соседство се вршат во маалската солидарност, како на пример религиозни церемонии и ритуали, менаџирање со ресурси како и решавање на конфликти.

Во земјите каде што маалото е административна единица, најчесто истата е претставувана од местен мухтар, кој е на чело на мухтарлук (на турски: muhtarlık) - општо значејќи „канцеларија на мухтарот“.

НаводиУреди

  1. „маало“ — Дигитален речник на македонскиот јазик