Споменик на Лазар Колишевски (Свети Николе)
споменик на Лазар Колишевски во Свети Николе
Споменик на Лазар Колишевски ― споменик во вид на обелиск во Свети Николе во чест на македонскиот комунист Лазар Колишевски кој е родум од Светиниколското село Мездра.
Споменик на Лазар Колишевски (Свети Николе) | |
---|---|
![]() Споменикот во 2022 година | |
Место | Свети Николе |
Тип | Обелиск |
Завршен | 2002 |
Посветен на | Лазар Колишевски |
МестоположбаУреди
Споменикот се наоѓа во непосредна близина на Плоштадот Илинден кој се наоѓа западно од споменикот.
ИсторијаУреди
За време на изградбата, поради што споменикот бил во чест на Лазар Колишевски, некои жители од населбите Бел Камен и Свети Николе 1 се побуниле.[1][2]
КомпозицијаУреди
Делото е составено од два столба налик на обелисци, различни во висина. На понискиот источен столб стои релјефна плоча со ликот на Лазар Колишевски. Повисокиот западен столб има плоча на која пишува:
Во спомен на сограѓанинот првоборец и прв претседател на Народната влада на Македонија(,) 15 април 1945
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ „Две месни заедници против споменикот на Колишевски“. Дневник. 24 јуни 2002. Архивирано од изворникот 14 октомври 2022. Посетено на 14 октомври 2022.
- ↑ Емил Зафировски (29 јуни 2002). „Споменикот на Колишевски ги раскара светиниколчани“. Дневник. Архивирано од изворникот 14 октомври 2022. Посетено на 14 октомври 2022.
Надворешни врскиУреди
„Споменик на Лазар Колишевски (Свети Николе)“ на Ризницата ? |