Саат-кула (Свети Николе)

саат-кула во Свети Николе

Саат-кулата во Свети Николе — времемерно здание во градот Свети Николе.[1]

Саат-кула
Поглед на Саат-кулата во Свети Николе
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Свети Николе" does not exist
Општи податоци
МестоСвети Николе
ЗемјаМакедонија
Координати41°51′57″N 21°56′33″E / 41.86583° СГШ; 21.94250° ИГД / 41.86583; 21.94250

Светиниколската саат-кула е сместена во најважниот дел на градот, веднаш до црквата „Св. Никола“. Не е познато кога е изградена, но се претпоставува дека е изградена во првата половина на XIX век, кога била изградена и самата црква.

Историја

уреди

Според еден извор се верува дека саат-кулата била изградена во првата половина на XIX век, кога била изградена и самата црква „Св. Никола“ во градот, додека според други извори се верува дека била изградена во 1902-1903 година од страна на Наце Бујков, еден од најбогатите и најпознати трговци во тоа време.[2]

Во поново време била реставрирана.[2] Нејзиното управување и одржување е надлежност на Општина Свети Николе.

Часовник

уреди

Часовникот во светиниколската саат-кула работи на отчукувања, така што ако е еден часот, ќе има едно отчукување.[2]

Наводи

уреди
  1. Димовска - Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.
  2. 2,0 2,1 2,2 Јачевска, Сања; Игор Бансколиев. „Кралски луксуз од антиката во Светиниколско“. Нова Македонија. Скопје: Репро Принт. Посетено на 8 април 2016.

Надворешни врски

уреди

41°51′57″N 21°56′33″E / 41.86583° СГШ; 21.94250° ИГД / 41.86583; 21.94250