Свињарство
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Свињарство — сточарска гранка која се занимава со одгледување на свињи. Таа во однос на другите сточарски гранки отсекогаш имала голема улога во обезбедувањето на населението со храна за подмирување на енергетските и белковинските потреби на човекот за нормално функционирање на неговиот организам извршување на физичките и умствените напори.
Свињата како животно
уредиСвињата има бројни компаративни предности во однос на другите животни, како во однос на квалитетот и економичноста на производството, така и во однос на можноста за целосно индустријализирање на производната технологија. Во една година од една маторица се добиваат по две или повеќе легла со 20 и повеќе живородени прасиња. Прасињата се одликуваат со висок дневен прираст, мала потрошувачка на храна и веќе на четири месечна возраст ја постигнуваат потребна жива маса за колење. Благодарение на високата репродуктивна способност, годишно од една свиња може да се обезбеди производство на месо од околу 1,6 тони. Свинското, во однос на другите видови на месо, има и одредени биолошки предности. Поради високата содржина на масти, во однос на говедското и овчото, свинското месо има поголема енергетска вредност (71,5%) и овчото (72,5%). Поради значајните квалитативни особини на свинското месо, не само во денешно време, туку и во иднина свињарството е и ќе биде мошне важна сточарска гранка за кланичната и меснопреработувачката индустрија, бидејќи гоените свињи се доминантна суровина во работата на месната индустрија. Нашите поволни климатски и други услови ни одат на рака, не само да произведуваме свинско месо за задоволување на домашните потреби, туку и за извоз. Свинското месо во свежа или преработена состојба е еден од најбараните производи на странскиот пазар. Производството на свинското месо има големо значење во поголем број земји во светот, како гранки во сточарското производство, така и во вкупниот обем на производство на месо. Во светот во последните години се произведува околу 185 милиони тони или околу 35%, така и потрошувачката на свинско месо во светот по човек е најголема од сите видови на месо. Така, на пример, во Европа, потрошувачката на свинското месо по човек во Данска изнесува околу 64 килограми, а во другите земји вон Европа, во Канада се со околу 40 килограми на човек. И ова производство се смета за многу, рентабилна гранка на сточарското производство во светот и нашата земја. Производството на свињи во нашата земја е организирано во приватен сектор. Во последниве години, приватниот сектор е во поголема тенденција на порасти. Спрема ова, во наредниот период фармерот ќе биде основен носител на производство и одгледување на свињи. Според тоа, и во иднина развојот на свињарството ќе има поголема перспектива во регионите каде што има и најголеми можности за производство на зрнеста храна, бидејќи концентрираната храна во гоењето на свињи е основна суровина.
Избор на раса за одгледувачка цел
уредиПосле втората светска војна, во нашата земја масовно се одгледуваа свињи на екстензивен начин во поглед на количината и квалитетот на месото и плодноста, односно број на опрасени маторици по легло. Во главно, тогаш доминирале домашните раси, додека оплеменетите бели раси во вкупното производство биле во многу мал број. Но, со напредок на свињарството, во Р Македонија со добра организација и стручна работа расната состојба на свињи се промени така во последните децении голема важност заземаат големите културни раси на свињи (во главно расата Ландрас).
Одгледувачко-селекциската работа треба да се одвива во правец на: Расни измени на популацијата на свињи во корист на оплеменетите раси и нивните мелези; Користење и примена на нова технологија на одгледување, тестирање и селектирање. Зголемување на вкупното производство на квалитетни свињи за колење. Создавање линии; Нормирана и избалансирана исхрана, здравствена заштита, репродукција и селекција; Организирање најмалку 2,2 легла годишно по маторица; Смалување на смртноста на прасињата. Одгледувачко-селекциската работа и производството на приплоден материјал треба да бидат основни задачи на одгледувачите и сите фармери. Према ова, и потребите на пазарите, посебна значајност за унапредување на свињарството во наредниот период треба да се одгледа во: а) формирање на групи за производство чисторасни раси и правење на елитни групи (нуклеуси). б) групи преку кои ќе се шири, умножуваат елитни грла за поставување генетски напредок (репродуктивни групи). Од вака организираната одгледувачко-селекциска работа во свињарството треба да се очекуваат поголеми производни резултати. Према оваа основна одгледувачка цел за подобрено производство на свињи треба да биде што поголем: број на опрасени и одгледани маторици по легло, зголемување на дневниот прираст во гоење, подобрено претворање на храна за килограм прираст, зголемен процент на месо и зголемено годишно производство на месо. Технологија на одгледување свињи
Во современото свињарство, проблемот за сметување на свињите е едно од покрупните прашања. За разлика од порано, кога свињите поголем дел од животот го минувале во дворовите, или пасиштата, денес тие се сметуваат во посебно изградени свињарници. Според техничките и технолошките решенија, денешните свињарници претставуваат објекти со максимална синхронизирана функција. Ваквите објекти на свињите им обезбедуваат оптимални животни услови, не само во однос на просторните сметувања, туку и по однос на амбиентални услови. Индустриската технологија, во производството на свинско месо при градбата на свињарниците бара вклучување и висока техничка опременост, висока продуктивност на трудот, заштита на здравјето на човекот и на свињите и економично производство. Според тоа, секој свињарник таксуван како современ објект мора да ги исполнува следните услови: - свињарникот треба да обезбедува таков амбиент што ќе се одразува поволно врз здравјето и продуктивноста на свињите, па и човекот; - со техничко - технолошката опременост, свињарникот да осигура висок степен на функционалност; - свињарникот да е евтино изграден, односно со помали инвестициони вложувања.
Во современото индустриско свињарство, каде свињите целиот свој живот го минуваат во свињарникот, амбиенталните услови се многу важен фактор во сместувањето. Врз поволноста на амбиентот на свињарството, значајно влијание има температурата на воздухот, влажноста на воздухот, осветленоста и вентилацијата на свињарникот.
Услови за сместување на свињи
уредиЅидови – треба да бидат дебели 33 cm, исто треба и добра изолација. Кровот – треба да е од дрво, а за покривач се користат цреп или евентуално плоча од салонит. Под – има два вида на подови кои се градат на лежиштето и во ходници. Под на лежиште мора да биде сув, исушен, топол, отпорен и да не се лизга. А, подот во ходниците мора да биде отпорен, да не се лизга и лесно да се чисти. Површината на под во блок за крмаци и прасиња треба да е 5,5-6m2, а за свињи за тов до 120 кг. тежина, подот да е 1 m2. Падот на подот треба да изнесува 34%, а сливањето 1 – 2 %. Лежиште – Лежиштето да е суво и топло, што е важно за прасињата кога цицаат. Да се обезбеди тоа на подот се става простирачи од слама, струготини и сл. Важно е простирката да не е влажна и лесно да се менува. Прозорци и врати – Прозорците и вратите се поставуваат под таванот и се отвораат од внатрешната страна, се градат во правоаголник во висина од 60 – 80 cm, а должина од 100–150 cm. Треба да се изградат 1m2 прозори на 15m2 во прасилиштето, а во товалиштето 1m2 на 20-22m2 под и да имаат дупло стакло. Да имаат тесарски врати од борови даски со дебелина од 2,5 cm и да се отвораат на надвор. За одржување на поволни услови на температурата и влажноста на воздухот во објектите, битно е проветрување коешто е дел од одржување на условите. При тоа е потребно да се обезбеди природно проветрување преку посебно изградени вентилациони канали, кои се вградуваат во таванот и покривот. Боксови – бројот и големината на боксовите зависи од капацитетот на фармата и бројот а грлата во нив. Кај помалите објекти се градат едноредни боксови со ходници за хранење, со ширина од 1,10 m. Бројот на грла може да биде од 10-20. Оградата на боксот да е даски или метални цевки, во висина од 1-1,1m.
Температура на воздухот
уредиСвињата како хомеотермно домашно животно без оглед на температурата во фармата или надвор од неа, имаат способност својата телесна температура да ја одржува во константна висина. Оваа способност на свињата е позната како терморегулација, меѓутоа во однос на другите домашни животни е послабо развиена. Поголемите температурни амплитуди имаат негативен одраз врз здравјето на свињите и нивното производство. При ниски температури (од сите категории) прасињата имаат најмала отпорност, тоа доаѓа од таму што тие имаат релативно поголема телесна површина во однос на тежината, отколку во случајот кај постарите и потешките свињи. Потоа, поткожната сланина кај потешките свињи е подебела и ги штити во услови на ниска температура. Покрај ниските, исто така и високите температури имаат негативни последици врз здравјето и производноста на свињите. Затоа, во одделни објекти во фармата, температурните услови треба да бидат програмирани во зависно од категоријата на свињите и технолошката фаза на одгледување. Оптималните температури на воздухот за одредени категории и во одделни објекти во фармата се:
- Маторици – 15-20 °С
- Нерези – 15-16 °С
- Гојни прасиња – 12-16 °С
- Дојни прасиња – 30-35 °С
Загревањето во прасилиштето, односно во вклештениот бокс каде што престојуваат прасињата се врши со грејни тела кои зрачат топлина. Исто така, загревањето во објектот може да се постигне преку фрлање на загреан воздух (со калорифери).
Влажност на воздухот
уредиСо физиолошка активност на свињите (дишење) секојдневната манипулација со вода, односно миење на боксовите и испарување на водата при одржувањето на хигиената и слично. Сето тоа, предизвикува зголемување на влажноста на воздухот во објектите од фармата. Врз зголемувањето на влажноста на воздухот, значајни влијанија имаат и самите свињи. Во зависност од живата маса, зависи и излачувањето на водена пареа односно, врз зголемувањето на релативната влажност на воздухот. Така, полесните свињи имаат поголем интензитет на излачување на водена пареа од потешките, што е обратно пропорционално на живата маса, сè до постигнувањето на тежината од 50 кг. Покрај живата маса и температурата на воздухот во самата фарма има значајно влијание врз интензитетот на излачената количина на водена пареа. Со зголемување на температурата на фармата, се зголемува и количината на излачена влага, а со тоа и влажноста на воздухот. Свињите кои се наоѓаат во фарма со висока температура, имаат зголемен интензитет на дишење. Во една минута, бројот на вдишување се зголемува од 90 на 113 пати. Високата влажност на воздухот во фармата неповолно се манифестира врз здравјето на помладите свињи, особено кога високата влажност на воздухот ја следи ниска температура. Поради настојувањето за одржување на телесната температура, во нормални граници, кај свињите се одигруваат поинтензивни процеси и трошење на енергија. Не само високата, туку и ниската релативна влажност на воздухот во одделни објекти на фармата има негативно влијание врз здравјето и производноста на свињите. Според физиолошките потреби на свињите, влажноста во одделни објекти на фармата треба да се движи во границите од 65-75%, во никој случај не би требало да биде пониска од 55% бидејќи секое отстапување од границите ќе влијае неповолно врз здравјето и продуктивноста на свињите.
Вентилација во современа фарма
уредиПотребата од вентилација во одделени објекти во фармата е неминовност, бидејќи воздухот е изложен на постојано загадување. Под вентилација се подразбира замена на загадениот воздух со свеж и чист. Со ваква замена на воздухот, истовремено од фармата се отстрануваат и штетните гасови. Со воздушната замена, воедно се врши и промена на температурата и релативната влажност на објектите до фармата. Доводот и одводот на воздухот се врши преку разни отвори кои се оставаат уште при градењето на фармата (врати, прозорци и отвори за вентилација). Природната вентилација може да биде хоризонтална и вертикална. Хоризонталната вентилација функционира врз принципот на притисок што се создава од ветерот на двете страни на објектот во фармата. Вертикалната вентилација е врз основа на температурната разлика на воздухот во објектите во фармата и надвор од неа. За разлика од природната, вештачката вентилација се врши врз основа на електрични вентилатори. Ефектот на оваа вентилација не е зависен од надворешните услови, туку исклучиво до силата на вградените електромотори и големината на самите вентилатори.
Осветлување на фармите
уредиОсветленоста во фармата е многу значаен фактор. Во оптимализацијата на амбиенталните услови во одделни објекти во фармата, во овој случај светлоста не треба да се гледа само во прилог на здравјето и продукцијата на свињите, туку на неа мора да гледаме од аспект на грижата на вработените. Светлосните надразнувања свињите ги добиваат, како што е познато, преку рецептор, а потоа тие надразнувања се пренесуваат преку видниот нерв и на хипоталамусот. Поради светлосните надразнувања во хипофизата, се лачат хормони кои го регулираат процесот на репродукција. Кај доволно осветлените одделенија во фармата, полесно се одржува и хигиената. За потесни фарми се смета дека се доволно осветлени, ако површината на прозорците изнесува 1:8 до 1:10 према подот, а за пошироките фарми 1:5 до 1:6. Во објектите каде што се сметуваат објектите со прасиња, осветлувањето треба да биде поинтензивно и треба да се вградат електрични светилки, со коишто метар квадратен (m2) ќе се обезбеди осветлување осветлување од 60 лукса. Обезбедување на свињите со вода
Обезбедувањето на фармата со вода е една од најважните потреби за нормално одвивање на технолошкиот процес. Потребите од вода за една свињарска фарма се многу големи и зависат од применетата технологија. Фармата во кои изѓубрувањето е течно, потребите се многу големи во однос на оние каде одгледувањето е со суво изѓубрување. По правило, свињите треба да имаат на располагање доволно количини на вода и таа треба да биде здрава и чиста. Не смее да им се дава бактериолошки загадена вода, бидејќи тогаш кај свињите ќе се појават одредени заболувања. Кај помалите свињи, потребите за вода во еден ден изнесува 10% од нивната тежина, а кај постарите околу 5%. Дневните потреби за вода за пресушни и гравидни маторици е од 10-12 литри, за дојни маторици од 20-30 литри, а за гоените од 6-7 литри. Дневните потреби за вода зависат и за тоа дали во фармата се применува течно или цврсто изѓубрување.
Искористување на маториците
уредиКај женскиот подмладок, половиот нагон за првпат се јавува од 3-4 месеци. Во ова време, и покрај половата активност на половите органи, си уште кај нив отсуствува оволирање на зрели јајце-клетки. И доколку женскиот подмладок во ова време биде заскочен нема да дојде до спрасност. Оптимално време кога назимниците треба за првпат да се оплодат без негативни последици, се детерминира како економска зрелост, и неа ја одредуваме според возраста и живата маса. Економската зрелост кај раностасните свињи е на 8-9 месеци и телесна тежина од 110 кг, а кај доцностасните на 12-18 месеци, и жива мера од околу 80 кг. Што се однесува до должината на искористување на маториците во расплод, правило е тоа да биде што подолго. Во овај случај во текот на репродуктивната експлоатација, од една маторица се добиваат многу повеќе легла и прасиња. Временски, експлоатацијата на една маторица не може однапред да се определи, бидејќи најчесто таа е тесно поврзана со поединечноста. По правило, секоја маторица треба да остане во расплодна експлоатација до она време додека од неа имаме редовно опрасување и добиваме бројни легла. Пожелно, една маторица да остане во приплод 5-6 години, и за тоа време да даде 12 легла. Врз должината на искористување на маторицата во приплод влијае и самата исхрана. Доколку исхраната е правилно димензионирана и по количина и по квалитет, дотолку и должината на нивното користење ќе биде подолготрајно и обратно. Маториците, кои за време на својата експлоатација биле слабо хранети ја губат својата телесна тежина и даваат малобројни легла. Честопати кај слабо хранетите маторици доаѓа и до појава на гладен стерилитет и набрзо се шкартираат од приплод. Кај маториците, половиот циклус има цикличен карактер и при тоа се разликуваат 4 фази: еструс, постеструс, диеструс и проеструс. Во сите овие фази, временски половиот циклус изнесува 21 ден. Нагонот на спарување, маториците ја покажуваат само во фазата на еструс и само тогаш тие можат да бидат оплодени. Во фазата на еструс кај маториците доаѓа до најинтензивна на графовите фоликули. Временски, оваа фаза изнесува од 2-3 дена. Кај маториците, еструсот секогаш е придржуван и со надворешни манифестации. Најнапред, маториците кои се наоѓаат во еструс, тие ги заскокнуваат другите маторици. Потоа, ваквите грла одбиваат да го изедат оброкот, вулвата набрекнува и поцрвенува од неа, протечува исцедок со специфичен мирис, и при додирнување во пределот на слабините, тие стојат. Оплодувањето на маториците може да биде природно со заскочување на нерез или вештачко (вештачко осеменување). Осеменувањето на маториците може да биде еднократно или повеќекратно. Осеменувањето на повеќепати дава подобри пати од еден резултат, особено кога не можеме или не знаеме да го одредиме оптималното време за оплодување. Временски кај маториците спрасноста изнесува 114-115 дена.
Чекалиште
уредиВо овој објект се сметуваат расплодни маторици. Тргнувајќи од тоа дека фазата на гравидност е најдолготрајна во репродукцијата, маториците најповеќе престојвуаат во чекалиштето. Поради ова, чекалиштата треба да бидат изградени, така што на маториците да им обезбедат и максимална удобност. Во овој репродукциски циклус, во чекалиштето, маториците престојуваат 115-120 дена. Во услови кога припустот се врши во овој објект, тогаш престојот е подолг. Сместувањето на маториците во чекалиштето може да биде групно или поединечно. Доколку се градат чекалишта со групно сметување, на маториците, тогаш бројот на маториците во еден бокс да биде до 5 грла и на тој начин на грлата им обезбедува површина од најмалку 2,5 m по глава. Доколку се работи за чекалишта со поединечно сместување, тогаш потребниот простор по едно грло е помалку и порационално и се користи самиот објект. Во чекалиштата, боксовите можат да бидат наредени во два или повеќе редови. Ширината на боксовите за поединечно сметување во чекалиште треба да изнесува 60–70 cm, а должината заедно со коритото за исхрана околу 2,4-2,6m. Во дворните чекалишта, во двата реда се остава еден манипулативен ходник преку кој маториците се хранат. Ширината на крмните ходници се движи од 1-1,2 m. Од крвниот ходник во секој бокс се изградува корито за хранење на маториците. Од спротивната страна на крвниот ходник има канал за изѓубрување. Неговата ширина изнесува 0,8-1,0 m и длабина од околу 0,8 m. Каналот по целата должина е покриен со решетести плочи кои можат да бидат изработени од бетон или метал.
Прасилиште
уредиОбјектите во коишто се сметуваат маториците за прасење се нарекуваат прасилишта. Во овие објекти, гравидните свињи се донесуваат на 4-5 дена пред опрасување и остануваат во нив сè до моментот на одбивање на прасиња (3-4 недели). Според својата техничко-технолошка изграденост, објектите од ваков вид треба да обезбедат оптимални услови, не само за маториците, туку и за добиениот подмладок. Во последно време, при изградба на прасилиштата се чинат значајни напори во правец на нивното техничко-технолошко одобрување. Во практиката на овој план се понудени разни решенија и според првите искуства можеме со нив да бидеме задоволни. Сместувањето во прасилиште е поединечно бидејќи во еден бокс се сметува само една маторица со нејзиниот приплод – прасиња. Боксовите по нивната должина се сегментирани во 3 дела и тоа, еден средиштен и два странични дела. Во средишниот дел се сметува самата маторица, а додека страничните се место за малите прасиња. Ширината на боксот изнесува 170 cm, од која на средишниот отпаѓа 70 cm, а на страничните 100 cm (60+40 cm). Должината на боксот, заедно со коритото за исхрана изнесува 250 cm. Во поширокиот страничен дел на боксот се поставува кварцна ламба за затоплување на прасињата, а во потесниот дел се монтира и автоматска поилка. Боксовите од предната страна комуницираат со крмен ходник, а од задната страна со ходникот за изѓубрување. Во прасилиште, поради потреба на простирка на боксовите се применува цврсто изѓубрување. Во зимските месеци, кога температурата на воздухот е ниска, поради малите прасиња во овие објекти се применува и нивното загревање. Во првите денови од животот, оптималната температура за прасињата е доста висока (38оС) и се обезбедува со вградување на кварцни ламби на боксот. По одлачувањето на прасињата од нивните мајки тие се сметуваат во посебен објект, огледувалиште. Во зависност од должината на доење, прасињата се преместуваат во огледувалиште со посебна жива мера од околку 5–7 кг. и таму остануваат до достигнување жива мера од колку 25 кг. Исхрана на приплодни маторици
Целта на исхраната на маториците е насочена на висок производен капацитет и да се подмират најдобро потребите во сите области на располодното производство. Со тоа се сака да се постигне долга експлоатација на маториците, а тоа се постигнува со долгорочно одржување на расплодна кондиција. Во интензивното производство на маториците се води сметка да се обезбеди висококвалитетна храна, па тоа може да ја задоволи само онаа храна која има добро контролиран квалитет. Општо правило е маторицата во раната спрасност да се хранат колку е потребно, а во времето на цицањето толку колку што е најповеќе можно да се одржи располодната кондиција. Треба да се внимава, спрасната маторица да не добие премногу храна, а дојната маторица премалку храна. Маторицата ако опраси голем број на прасиња му е ограничена можноста да зема доволно количина на храна, со тоа може да предизвика недостаток на хранливи состојки на лактацијата таа губи огромна количина на телесна маса, тоа се покажува како тешкотија при ново оплодување. Заради тоа се прави двофазно хранење на приплодните маторици. Во почетната спрасност би требало да се дава храна богата (волуминозна) со помалку енергија да се задоволи чувство за заситеност. Храната за расплодни маторици во времето на доењето треба да содржи високо вредно енергетска богата храна.
Хранење на високо спрасни маторици
уредиПосле 12 дена од спрасноста започнува многу интензивно растење на плодот. На таа појава треба да се реагира во хранењето преку содржината на посебен важен оброк, со тоа се постигнува многу поголема и поединечна тежина на прасињата при прасењето. Тоа е многу важно бидејќи е предност за подобар прираст во касниот тов, а има и помал губиток. Постапката на хранењето пред и после прасењето бара посебно пазење. Еден ден пред прасењето, на маторицата се дава мала количина на храна, а на денот на пораѓаот маторицата добива вода колку сака. Вториот ден после прасењето му се дава околку 1 кг крвна смеска и после тоа секој следен ден 0,5 кг повеќе додека не се постигне најголемата количина на храна која маторицата може да ја изеде. Тоа се околку 6,5 кг крвна смеска дневно. Во хранењето се употребуваат наменски крвни смески по таблици. Постојат смески за сите видови на хранење, а може и да се употреби и храна од споствено производство со задолжително дополнување со белковини и концентрат. Се препорачува употреба на суви смески од самохранилка и поење по желба од поилки. Хранењето на маторицита од прасењето до новиот припуст се дели во две фази према одгледувањето и начинот на исхрана. Во првата фаза, со намален оброк на храна, белковините настојуваат намалување на работата на млечните жлезди и произведување на млеко после четвртиот ден од лактацијата. Тоа е потребно заради здравствени проблеми и спречувањето на производствените штети во случај маторицата да оболи од маститис. Втората фаза се одвива во боксовите за припуст кога се дава обилно хранење, повеќе од 70% од количината на оброкот. Количината на храна се дава по избор после припустот и 10 дена после оплодувањето. Зголемувањето на оброкот се настојува да се дава за побрза обнова на репродуктивни органи и подобрена овулација. Со појачаната храна се зголемува енергијата на маторицата и се постигнува созредавање и зголемување на бројните јајце-клетки способни за оплодување. Ако се продолжи со појачана храна после оплодување, може да настане смалување на бројот на веќе оплодените јајце-клетки, кои угинуваат после оплодувањето. Кога ќе се утврди дека маторицата е сигурно оплодена, се преместува во прасилиште каде започнува хранењето со ниски додатоци на оброк, за време од првите 2/3 на спрасност. Во тоа време се користи смеска за оплодени маторици со пропишани количини.
Подготвување на свињите за гоење
уредиПокрај изборот на свињите за гоење мошне значајно влијание врз гоењето има и нивното подготвување. Најпрвин избраните свињи за гоење се кастрираат. Најдобро е ако тоа се изведува во раната младост. Според ваквата практика на големите фарми, кастрацијата се изведува на 8-10 дена од опрасувањето и тогаш неа прасињата многу полесно ја поднесуваат. Инаку, кастрацијата претставува хируршки зафат на отстранување на семениците кај машките и јајчниците кај женските грла. Таа се изведува за да се обезбеди целосна импотенција на свињите. На кастрацијата честопати се подложуваат и постари свињи. Меѓутоа, кај овие свињи, кастрацијата е поразлична и економски неоправдана. При гоењето, воопшто е познато дека сите свињи се групираат во помали или поголеми групи бидејќи свињите за гоење имаат групно сместување. Формирање на групите според тоа при гоење е важна подготвителна работа. Со групирањето треба да се обезбеди не само оптимална големина на групата, туку и поголема изедначеност како по однос на живата мера, така и по однос на расната припадност. Големината на групата зависи од тоа какво гоење ќе имаме. Ако се работи за масно гоење, групата може да биде составена од релативно помал број 18-20. Според живата мера свињите во групите треба да бидат изедначени. Тежински не изедначени групи поради конкуренција меѓу потешките и полесните животни остваруваат полош прираст, послабо претворање на храната и понерационално користење на сместувачкиот простор. По правило, гоењето на неизедначени групи временски е подолго бидејќи прирастот е побавен отколку ако имаме изедначени групи. Еднаш формирана група пред почетокот на гоењето не треба да биде прегрупирана. За време на неговото траење, секое прегрупирање на гоените свињи е проследено со меѓусебни физички напади (касање).
Видови на гоење
уредиГоењето може да биде заради производство на месо, маст, месо-маст. Сите овие начини меѓу себе се разликуваат како по однос на квалитетот на производството, така и по однос на самата технологија. При гоење на свињи треба да се има предвид и неговата етапност. Кај свињите разликуваме три етапи-периоди на гоење: прв, втор и трет период. Во првиот период имаме голем интензитет на растеж и слабо таложење на масно ткиво. Овој период трае од 7-8 месеци возраст и обично свињите од оваа старост остваруваат големи приноси на месо. Другиот период настапува на возраст меѓу 7-10 месеци и во тоа време создавањето на место е нешто забавено, а создавањето на маст е зголемено. И конечно, третиот период се протегнува меѓу 10 и 14 месеци возраст и свињите во тоа време наталожуваат големи количини маст.
Гоење свињи за месо
уредиПри гоењето на свињи за месо се користат млади месести свињи кој финалната тежина ја постигнуваат со навршување на 7-8 месеци возраст. Овој начин на гоење е најзастапен, не само во нашата земја, туку и во голем број други европски и вон европски земји, затоа што обезбедува и највисок степен на искористување на биолошкиот потенцијал на растеж. Обичното месесто гоење најповеќе е застапено бидејќи со него се обезбедува, не само производството на свежо свинско месо за секојдневна употреба, туку и суровина за месо-преработувачката индустрија. Во денешно време кога одгледувањето на подмладокот во крупните свињарски фарми е ориентиран во кафезен систем, прасињата за месното гоење се земаат откако ќе достигнат жива мера од околу 25 кг. Инаку обичното гоење во класична смисла на зборот започнува веднаш штом прасињата бидат оддалечени од својата мајка. Во прво време одбивање на прасињата, тие се ставаат во интензивни услови на одгледување и при тоа добиваат високо вредно крмни смеси. Обично до постигнување на жива мера од околу 25 кг., најпрвин прасињата консумираат стартер, а потоа гровер. Овие смеси на прасињата им обезбедуваат висок интензитет на растеж, бидејќи тие не само што содржат висок процент на белковини, туку имаат и разновиден аминокиселински состав. Стартерот се користи за исхрана на прасињата при гоење до 15 кг., а потоа до постигнување на 25кг., на прасињата им се дава гровер. Штом прасињата ќе ја достигнат тежината од 25 кг., тие се преместуваат во свињарници со погоден начин на одгледување. Периодот на гоење од 25 до 50 кг. жива мера е детерминиран повеќе како „прегоење“ и за ова време на свињите им се дава посебна крма смеса по желба. За време на гоењето на свињите од 25 до 50 кг., тие остваруваат мошне големи прирасти на месо и обезбедуваат рационално користење на храната. Финалната тежина на свињите за обично месесто гоење изнесува 100 до 110 кг. Гоењето на ваквите свињи по 50 кг жива мера по однос на исхраната е оброчна и номинирана. Меѓутоа во нашата секојдневна практика во оваа фаза исхраната е најчесто слободна. Тоа доаѓа од таму што угоените свињи поради недоволната понуда и несреденост на пазарот се вреднуваат не по класичниот квалитет на трупот, туку по тежината на свињњата. За месесто гоење обично се користат свињите од расите голем јоркшир, белите германски свињи, шведскиот, холандскиот ландрас и др.
Користена литература
уреди- „Гоење на меснати свињи“ Белград, 1970 г.
- Д-р Јован Костиќ
- Д-р Коста Шљивовски
- Д-р Драгиша Милиќ
- Нешовски П., 1982 г., „Свињарство“ Скопје
- Lazarevic R, 2000 – „Farmersko stopanstvo” institute za stocarstvo, Beograd.
- Hrasnica F./ Lindic D. Milosavievic
- Rako A./Smolcelj i. 1964
- Specijalno stocarstvo, Beograd.