Отвори го главното мени

Говедарството е најзначајна сточарска гранка. Тоа е застапено секаде каде што има поволни услови за одгледување говеда. Тоа се, главно, пределите со умерена клима, во кои се наоѓаат пространи пасишта со бујна и сочна трева. Говедата се најзастапени домашни животни. Денес, се одгледуваат најмногу говеда од швајцарска и фризиска раса. овие говеда се одгледуваат на современ, интезивен начин со витамини. Поради тоа тие даваат двојно поголеми количества месо и млеко. Најмногу говеда има во Индија. Меѓутоа, во таа земја кравата се смета за "свето животно" и затоа млекото и месото од неа не се употребуваат за исхрана. По Индија, најголем број говеда има во Бразил, САД, Кина и Аргентина.