Св. Никодим Тисмански
Св. Никодим Тисмански бил Македонец роден околу 1320 година во Прилеп, Македонија, тогаш во Византија. За време на српскиот цар Стефан Душан станал монах во Хилендарскиот манастир. Во шеесеттите години на 14 век се преселил во близина на Кладово, Србија (тогаш во Бугарија).
Никодим Тисмански | ||
Роден | околу 1320 Прилеп | |
---|---|---|
Починал | 26 декември 1406 Романија | |
Занимање | Монах |
Нешто подоцна се преселил уште еднаш, овој пат на север од реката Дунав, во Влашка. Тој е родоначалник и еден од основачите на Романската православна црква. Прекарот го добил по манастирот Тисмана, што го основал крај реката со исто име. Досега не се откриени оргиналите или преписи од негови посланија. Индириктни податоци се наоѓаат во два преписа едниот направен во Молдавија во 15 век, другиот зачуван во ракописен зборник од 15 век кој сега се наоѓа во ракописната збирка во црквата свети Никола – Никољац во Биело Поле, Црна Гора. Објавен за светец. Неговата прослава е на 26 декември.
Извори
уреди- H. Ruvarac, Pop Nikodim, der erste Klostergrunder in der Walachei, Archiv für slavische philologie, XI, 1888, 354:363;
- E. Lazarescu, Nicodim de la Tismana si rolul siu in cultura veche romineasci, Romanoslavica, XI, 1965, str.237:285;
- Илија Велев, Македонскиот книжевен XIV век, Скопје, 1996.
- Илија Велев, Византиско-македонски книжевни врски, Скопје, 2005.
Надворешни врски
уреди„Св. Никодим Тисмански“ на Ризницата ? |
- Преподобен Никодим Прилепски-Тисмански
- Преподобен Никодим Прилепски и Тисмански
- Чествување 600-годишнината од раѓањето на свети Никодим Прилепско-Тисмански во Романија
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |