Разгор на народноослободителната борба на Македонија

Разгорот на народноослободителната борба на Македонија се одвивал во текот на 1943 година. По формирањето на КПМ и неговиот централен комитет било решено Главниот штаб на НОПОМ и другите воени штабови да излезат на терен за непосредно раководење на оружената борба. Беа формирани и пет обласни комитети на КПМ и пет оперативни зони на НОВ и ПОМ, со задача да се поврзат со воено-политичките раководства на отпорот во Албанија, Бугарија и Грција.

Во Пиринскиот дел на Македонија беше формиран НОПО Јане Сандански, а потоа и НОПО Никола Калапчиев во Горноџумајско, НОПО Антон Попов во Петричко и партизанските чети во Светиврачко и во Мелничко. Беа создадени силни жаришта на оружената борба во Дебрца, Преспа, Тиквешко, Гевгелиско и Кумановско.

На Преспанското советување било решено да почнат подготовките за свикување на Првото заседание на АСНОМ како највисок орган на власта во македонската држава, да се формираат баталјони и бригади, команди на местата и на подрачјата, обласнии околиски НОО. Наскоро потоа бил формиран Народноослободителниот баталјон Мирче Ацев како прва регуларна воена единица на НОВ и ПОМ.

По капитулацијата на Италија единиците на НОВ и ПОМ запленија големо количество оружје и муниција. На слободните територии се создавале и легални НОО, бил формиран и првиот легален Околиски НОО во слободното Кичево, биле организирани санитетска и амбулантна служба, беа отворени првите училишта на македонски наставен јазик и се одржа првиот свештенички народен собор како зачеток на автокефалноста на македонската црква. Издавачката дејност на македонски јазик добиваше уште поголеми размери.

Беше објавен Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ како програмски документ за целите на НОАВМ. При ГШ пристигна и првата англиска сојузничка мисија како значаен акт на меѓународно признание на НОАВМ.

Воените сили на НОВ и ПОМ нараснаа на 6 баталјони, една чета со тешко оружје и една батерија топови, а беше формирана и Првата македонско-косовска НОУ бригада. ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПОМ го формираа Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и беа избрани 42 делегата за Второто заседание на АВНОЈ, кои поради воените услови не успеаја да учествуваат во неговата работа.

Во Костурско и Леринско, во Егејскиот дел на Македонија, беа формирани Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ) и Славјаномакедонската ослободителна војска (СОВ) како вооружен дел на СНОФ, во чии рамки дејствуваа НОПО „Лазо Трповски“ и НОПО „Вичо“. ГШ на НОВ и ПОМ почна да води покрупни воени операции. Беше формирана Втората МНОУ бригада Мегленско и по два дена таму се одржа и Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија, со учество на 288 делегати од младинските организации.

Воено-политички мерки за разгор на востанието во Вардарска Македонија

уреди
 
Светозар Вукмановиќ – Темпо

Раководителите на ослободителното движење во Вардарска Македонија во почетокот на 1943 година презеле конкретни мерки за посилен развој на вооружената борба. ЦК на КПЈ во ноември 1942 година донел одлука да го испрати како свој делегат Светозар Вукмановиќ – Темпо за подрачјето на Вардарска Македонија, јужна Србија и Косово. Во постарата историска литература неговото испраќање во Македонија се толкува како мерка на КПЈ за засилување на вооружената борба во овој дел од Македонија, меѓутоа во поновата литература таквото толкување се доведува под знак прашалник [1][2][3]. На 16 јануари 1943 година, врховниот командант и секретар на ЦК на КПЈ, Тито, испратил писмо до Покраинскиот комитет за Вардарска Македонија, во кое изнел оценка за работата на партијата во овој дел на Македонија, истакнувајќи ги слабостите во движењето, согласно неговите погледи, истовремено објаснувајќи повеќе прашања од развитокот на ослободителната борба.

Раководителиет во вардарскиот дел на Македонија својата активност ја насочиле кон ифрлање на нови партизански одреди во оние подрачја каде што такви не постоеле Тетовско, Гостиварско, Штипско, Тиквешко, Гевгелиско и други места, задржување и зацврстување на постојните одреди, нивно меѓусебно поврзување, засилени акции против окупаторските сили, создавање на нови бази и слично. Отука, биле издадени голем број на наредби, прогласи, летоци, писма и разни инструкции за активноста на одредите преку зимата, за мобилизацијата на новите борци во партизанските одреди. Биле издадени голем број на наредби и упатства за спречување на бугарската воена мобилизација во Македонија.

 
Кузман Јосифовски - Питу
 
Страхил Гигов

Во текот на јануари 1943 година Главниот штаб издал издал наредби до сите месни воени раководства и штабови во кои биле изнесени мерките што требало да ги преземат одредите за нивно зачувување и заздравување на воената организација, за начинот на дејвување во заднина и подготовките што требало да ги извршат за претстојното засилување на одредите и вооружената борба. На територијата окупирана од Италија, членовите на Покраинскиот комитет - Кузман Јосифовски - Питу и Страхил Гигов добиле задача организациски да ја зацврстат и да ја прошират партиската организација и да извршат подготовки за исфрлање на партизански одреди во овој дел на Македонија. Во екот на засилените подготовки во Вардарска Македонија пристигнал во втората полвина на февруари 1943 година делегатот на ЦК на КПЈ - Светозар Вукмановиќ – Темпо.

Во пролета 1943 година раководителите на ослободителната борба во Варадрска Македонија извршиле нова анализа врз основа на која заклучиле дека се постигнати големи политички и воени успеси, дека постојат услови за уше посилен развој на вооружената борба. Врз основа на овој заклучок биле преземени активности за развој на партиско-политичкиот и воениот план:

Осамостојување на Комунистичката партија на Македонија (вардарскиот дел) и формирање на Централен комитет и реорганизација на Партијата.[белешка 1]
Создавање на единстевн народносолободителен фронт од сите патриотски сили што се против окупаторот и домашните соработници и што ја приваќаат борбата за национално ослободување.
Формирање на нови партизански одреди и реорганизација на Главниот штаб. Поделба на Вардарска Македонија на пет оперативни зони.
Главните сили најпрво да се насочат кон територијата под италијанска окупација, каде штои постоеле најпогодни сулови за делување и таму да се упатат ЦК и Главниот штаб.
Преземање на мерки за уште поширока соработка со грчкото, бугарското и албанското ослободително движење. Истовремено да се преземат мерки за поширока соработка со Главниот штаб за Косово, како и со раководствата во јужна Србија, како и создавање на заеднички оперативни штабови и мешовити единици. [белешка 2]

Формирање на Комунистичка партија на Македонија

уреди

При крајот на февруари 1943 година е формирана Комунистичката партија на Македонија и нејзиниот Централен комитет, во состав: секретар Лазар Колишевски (во тоа време во затвор во Царството Бугарија), членови, Кузман Јосифовски - Питу, Цветко Узуновски, Страхил Гигов, Мара Нацева и Бане Андреев.

На 19 март 1943 година во Тетово, Централниот комитет на КПМ ја одржал првата седница. Со создавањето на КПМ се создале услови за создавање на македонски кадри за водење на борбата, меѓутоа тие требало доследно да ја спроведуваат политиката на КПЈ [4]. Набргу потоа од предвидените пет, биле формирани четири обласни комитети. Териториите на обласните комитети се поклопувале со териториите на партизанските воени оперативни зони. Потоа биле формирани поголем број на околиски комитети, така што КПМ ја опфатила територијата на цела Вардарска Македонија.

види: Сојуз на комунистите на Македонија

Зајакнување и дејствија на партизанските одреди

уреди
 
Поделбата на Вардарска Македонија на оперативни зони на НОВ и ПОМ и пет обласни комитети на КПМ (1943)

Во пролета 1943 година Главниот штаб презел низа мерки. За поуспешно и полесно организирање на вооружената борба, Вардарска Македонија била поделена на пет оперативни зони. Истовремено биле изработени планови за формирање на и активност на партизанските одреди. Од посебно значење била одлуката на Главниот штаб и штабовите на оперативните зони за непосредно раководење на партизанските одреди, односно излегување на раководителите на теренот.

Воено-политиичката активност во првата половина 1943 година се одликува со со бројно зголемување и зацврстување на партизанските одреди. Во овој период дејствувале следниве партизански одреди:

Прва оперативна зона: Тетовско-Гостиварско, Мавровско, Кичевско и Дебарско - по неуспешните обиди во Тетовско да се формира партизански одред, како и по разбивањето на Гостиварско-мавровскиот одред, на 21 мај 1942 година се формирал Кичевско-мавровскиот одред. Во сосотавот на одредот влегле преживеани борци од разбиенот одред и нови борци од територијата на Маврово, Гостивар, Кичево, Дебрца, како и борци од Крушевскиот одред од 1942 година. Истовремено биле преземени мерки за создавање на албански партизански одред. Во Кичевско во почетокот на 1943 година дејствувала посебна вооружена албанска група, од околу 10 души. Во средината на јуни е формиран албански партизански одред, кој во текот на јули, пополнет со нови борци, дејствувал како втор партизански одред во зоната под името Втор кичевско-мавровски одред.
Втора оперативна зона: Пелагонија, Преспа, Охридско и Струшко - во средината на март одредите Јане Сандански и Дамјан Груев се соединиле во еден одред Дамјан Груев, на 20 мај по значително зголемување на борците во него, се формирале два одреда Даме Груев и Гоце Делчев. Во реонот на Прилеп - Азот продолжиле дејствата на партизанската група која била остаток од одредот Димитар Влахов.
Трета оперативна зона: Велешко, Тиквешијата, Гевгелиско и Мариовско - во средината на мај се формирале два одреда Сава Михаилов и Добри Даскалов.
Четврта оперативна зона: источниот дел од Вардарска Македонија - на 17 мај се формирал Брегалничкиот партизански одред, кој веднаш по формирањети во близината на Виница бил нападнат и разбиен од бугарската полиција.
Петта оперативна зона: Скопје, Куманово и Кривопаланечко - во соработка со Вториот јужноморавски одред, на Козјак планина на 2 август се формирал Кумоновскиот партизански одред, а Шарпланинскиот одред во реонот на Вратница и Шар Планина прераснал во Макеоднско-косовски партизански одред, а кон него се приклучил и Скопскиот партизански одред.

Во овој период дејствувале 8 партизнаски одреди и други помали групи во сите оперативни зони. Сите тие биле во постајно делување. Кичевко-мавровскиот одред ја нападнал карниниерската станица кај селото Сливово на 5 мај, потоа уследиле нападот на возот кај Пресека, борбата кај делото Карбуница, нападот на Крушево и големиот број на одржани митинзи по селата низ Мавровско, Кичевско, Дебрца, Струшко и Дебарско, каде што биле создадени и нови орани на борбата.

Партизаните од битолските одреди имале голем полупречник на движење, политички и воени акции. Одредот Даме Груев, кој по комплетирањето агитационо дејствувал на албанска територија, требало да мине на територијата на Егејска Македонија. За таа цел, селаните од село Коњско со чунови ги префрлиле борците во селото Живици. По извршената задача Одредот повторно се вратил во Коњско. Иако со примитивни средства, сепак префрлањето на комплетна партизанска единица со чунови претставува значаен момент од војувањето на македонските партизани воопшто.

 
Одред Гоце Делчeв

Окружниот комитет на КПЈ - Битола пројавил прилично голема активност во смисла давање на инструкции за поврзување на четата Јане Сандански со партизанското движење во Егејска Македонија, учество во заедничките акции против германските, грчките и бугарските фашисти, како и начинот на дејствување на територијата под италијанска окупација. Затоа четата Јане Сандански и нејзиниот политички комесар. Ванчо Прке-Сермен добиле на повеќепати писмени напатствија во месец февруари (5, 6, 10, 12, 13, 16.II. 1943 година) како од Окружниот комитет Битола така и од Главниот штаб на НОБ и ПОМ.

Одредот Даме Груев кој се наоѓал на територијата под италијанската окупација - Преспа- на 17 март 1943 година преминал во Егејска Македонија, Костурско. Тука главна задача на Одредот му била борба и разоружување на контрачетите. Во својата акција Одредот успеал да разоружа контрачети во седум села и од нив да заплени околу 130 пушки. Истовремено не била запоставена национално-политичката активност на Одредот. Во населбите, борците биле срдечно примани од македонските селани во Егејска Македонија.

Одредите Сава Михаилов и Добри Даскалов во третата оперативна зона, покрај агитацијата, воделеборби со бугарската полција и војска, од кои посебно се истакнуваат: кај селото Гарниково, Бојанчиште и Драдња и др. До формирањето на Кумановскиот одред, Вториот јужномоарвски одред, во кој имало борци од Куманово, извршил повеќе акции во реонот на Козјак, Карадак, Букуревац, Трнава и Остривица, напад на полициската станаица во манастирот Прохор Пчински, кај селото Нерв, борба со четниците од Равногорското движење на Дража Михаиловиќ кај св. Илија и др.

Со активноста на партизанските одреди се создадоа поволни организациски услови за вклучување на што поголем дел од македонското население во воените единици, а истовремено тоа условило да се премнине кон создавање на воени единици. Со неколку месечната дејност на партизанските одреди се создале оделни слободни и полуслободни територии.

Преспанско советување на ЦК на КПМ

уреди

Преспанското советување се одржало во периодот помеѓу 2 до 4 август 1943 година во Преспа, во близината на селото Отешево. На состанокот била извршенба анализа на дотогашниот развој на ослободителното движење и општата воено-политичка состојба во Втората светска војна, со посебен осврт на ситуацијата во Италија и соседните земји.

Паѓањето на фашистичката влада во Италија било оценето како Капитулација на Италија, отука на Преспанското советување било решено главните вооружени сили да се сконцентрираат на територијата под италијнска окупација, евентуалната капитулација на италијанската војска да се исползува за широка мобилизација на македонското население и проширување на слободните територии.

На состанокот било разгледано и прашањето за проширување на органите на народносолободителната власт, како и нивната дотогашна активност. Било решено да се започне со формирање на повисоки органи на власт и со подготовки за создавање на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија.

Било решено да се создадат воени единци како формација што би биле способни да дејствуваат на целата територија на Македонија и Југолавсија, сп што на воен план, македонското ослободително движење било врзано со Југословенскот фронт на чело со Тито. На советувањето била истакната потребата од понатамошно зајакнување и афирмирање на Главениот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди.

Народноослободителна Војска на Македонија

уреди
 
Создавање на партизанскиот баталјон Мирче Ацев во 1943 г.

На 18 август 1943 година на Славеј Планина, Штабот на Втората оперативна зона од одредот Даме Груев и новопридојдените боеци го формирале Првиот баталјон Мирче Ацев, прва регуларна единица на македонскиот народ. Со ова зпочнал процесет на создвање војска на македонскиот народ, како составен дел на НОВ при Југословенскиот фронт. Овој акт е од посебно значење за македонскиот народ. Создавањето на војската означуваше нов квалитет во воената организација и истовремено услов за понатамошно успешно водење на вооружената борба, како и гаранција дека ќе се сочуваат придобивките што ќе се извојуваат во текот на востанието.

Капитулацијата на Кралството Италија го забрзал процесот на формирање на нови воени единици, отука во текот на септември и октомври 1943 година во Македонија дејствувале девет баталјони и повеќе партизански одреди. Во Западна Македонија, на просторот од Гостивар до Струга и Охрид, дејствуваа баталјоните Мирче Ацев, Мавровскиот, Кичевскиот, Копачка и Дебарско-младинскиот баталјон, како и одредите Славеј, Малесија, кои се познати како баталјно и Дримкол.

Првиот и Вторит косовски баталјон биле формирани по капитулацијата на Италија од солободени политички затвореници и интернирци во Албанија. Покрај овие баталјони и одреди, дејствувала и една батерија топови, 3 топа од 47 мм, една батерија минофрлачи, осум, како и четири вода со по два митралеза. На просторот Преспа - Битола дејствувале одредите Гоце Делечв и Даме Груев, тие на 11 септември 1943 година го формирале баталјнот Стив Наумов.

Во Тиквешијата и Гевгелиско одредите на Третата оперативна зона Сава Михаилов Добри Даскалов низ бројни борби нараснале и на 24 септември 1943 година, заедно со дел од одредот Гоце Делчев, го формирале батлјонот Страшо Пинџур. По нападот на рудникот Дудица преминал 80 рудари на страната на Народноослободителната војска на Македонија и на 30 октомври 1943 година се гормирал Вториот баталјон на Третата оперативна зона.

На територијата на Козјачкиот масив Кумановскиот одред, кој од месец август дејствувал самостојно и во соработка со Вториот јужноморавски одред, развил засилена активност за разбивање на бугарската власт и четничките формации на Равногорското движење на Дража Михаиловиќ, со што се овозможило создавање на пространа слободна територија.

Како резултат на засилена активност, Шарпланинскиот одред нараснал на 100 души. Во текот на октомври 1943 година дел од овој одред се вклучил во составот на единиците на слободната територија во западниот дел на Македонија, а друг дел влегол во составот на Кумановскиот одред. На целата територија на Македонија дејствувале посебни диверзански и ударни групи.

Капитулација на Италија

уреди
 
Џемаил Хасани - Балистот
 
Разоружување на италијанската фашистичка војска во Западна Македонија

Кралството Италија објавило капитулација на 9 септември 1943 година. Испаѓањето на Италија од Втората светска војна влијалело врз понатамошниот развој на македонската народноослободителна борба. Германците ги зазеле Тетово и Струга и разоружале дел од италијанските единици во тие гарнизони.

Првиот и Вториот одред од Првата оперативна зона, како и баталјонот Мирче Ацев, кај Маврово, Трница и Јама ги разоружале италијанските сили што се повлекувале од Гостивар и Кичево кон Дебар. Малесиската чета и албанскиот партизански одред на Хаџи Леш ги разоружале италијанските единици во Дебар. Одредите на Втората оперативна зона Гоце Делчев и Дамјан Груев ги разоружале во селото Љубојно италијанските сили дислоцирани од Преспа. Од кичевскиот и гостиварскиот италијански гранизон биле запленети: околу 400 пушки, 10 митралези, околу 20 пушкомитралези, 8 минофрлачи, 3 противтенковкси топа и друга воен материјал и опрема.

По разоружувањето на деловите од италијанската дивизија Фиренца, Првиот и Вториот одред на Првата оперативна зона и баталјонот Мирче Ацев го ослободиле Кичево на 11 септември, а Малесиската лета и албаснкиот одред на Хаџи Леш го ослободиле Дебар на . Со тоа слободната територија го опфатила простарот помеѓу Буковиќ и Влаинца, јужно од Гостивар, до теснината кај селото Ботун, северно од Охрид и Струга, со два слободни града Кичево и Дебар.

Капитулацијата на Италија создала услови за уште поширока мобилизаација сред македонското население и нови борци во партизанските и воените единици. Се забележал општ политички подем низ цела Македонија. Капитулација на Италија довела до промена на квислингшката групација во Албанија. Проиталијанската влада била заменета со прогерманска. Биле променети државните симболи и официјалното име на државата од Кралство Албанија во Држава Албанија. На 14 септември 1943 година била објавена независност на Албанија и новиот Привремен комитет кој ја заменил падната влада. На 23 септември 1943 година бил избран регенски совет од четири лица, а подоцна регенскиот совет го поставил Реџеп Митровица за претседател на владата.

Капитулацијата на Италија и размавот на ослободителното движење го раздвижиле албанскиот народ, од кои добар дел биле под влијание на бајрактарите (племенски водачи). Некои бајракатари веднаш по капитулацијата на Италија започнале преговори со штабовите на Народноослободителната војска на Македонија за да се приклучат кон партизанските одреди. Некои пак се држеле неопредлено за да согледат како ќе се одвивала сосотојбата со активностите на бугарската и германската војска, па потоа да заземат страна.

Германците преку своите агенти и разни конзервативни елементи агитирале сред бајрактарите со цел да ги отргнат од влијанието на слободителното движење, да ги мобилизираат и војнички да ги организираат против партизаните. Таквата агитација довела до поделба меѓу бајрактарите. еден дел од нив ја продолжиле соработката со партизанското движење, други останале неутрални, додоека пак една група соработувала со Балистите. Германците посебно внимание псоветиле на балистичката формација под раководство на Џемаил Хасани и Мефаил. Германците оваа групација ја воружиле, организациски ја зајакнале и вклучиле инструктори.

по капитулацијата на Италија, германските сили бргу ја воспоставиле својата власт во Албанија и Западна Македонија. Кординатор на сета акција бил вонредниот пратеник на германското министерство за надворешни работи на Третиот Рајх - др Нојбахер, кој на 24 септември 1943 година изјавил дека владата на Рајхот ја признава независноста на Албанија и привремената влада. Промената која настанала со капитулацијата била искористена од Царството Бугарија која што окупирала во Преспанско повеќе од 20 села.

Врховната германска команда за југоситок ја разделила територијата на Албанија и Запдна Македонија на фелд-командатури (територијални облсни команди). На територијата на Западна Македонија команда била создадена во Струга на која и биле потчинети плац-команите (команди на места) во Корча и Тетово, со соодветна територија, а под овие плац-команди биле ортс-командите (команди на помали места) во Тетово, Кичево и Гостивар. Подоцна и во Кичево била формирана плац-команда. Плац-командите како месни команди се занимавале со чисто војнички проблеми и со одржување во исправана состојба на патиштата и другите комуникативни средства, но истовремено вршеле и контрола над квинслингшката власт. Покрај воените германски власти, на територијата на Западна Македонија постеле цела низа на германски воени и известувачки служби. Во Струга постоел окружен центар на германската служба за безбедност (СД). Во Гостивар, Тетово, Кичево и Дебар постоеле околиски центри на СД, раководени од окружниот центар во Струга, каде што егзистирал и окружен центар за военоизвидничката служба која подпаѓаа под дирекна управа на командата за Југоисток. Овој центар создал свои клонови во сите поголеми места во Западна Македонија.

Слободни територии во НОВ во Македонија

уреди
 
Слободни територии во Вардарска Македонија во 1943 година

Егзистенцијата на слободната територија во западна Македонија била од особено значење за развитокот на вооружената борба не само на таа територија туку и за цела Македонија. Во тој период оваа територија претставувала политичка и воена база за јакнење и ширење на осободителната борба во Македонија.

Историски гледано, нејзиното значење е во тоа што по 40 години од Крушевската република македонскиот народ имаше одново ослободено дел од својата земја, на кој се создаваше полна организација на новата народна власт, се развиваа активности што спдржеа елементи на една слободна држава.

На слободната територија се развила широка политичка и организирана активност на КПМ, Народноослободителниот фронт, АФЖ и Антифашистичка младина, кои агитирале сред македонското население. Од нивната активност произлегол митингот во Кичево на 26 септември 1943 година на кој присуствувало најголемиот дел од граѓаните на овој град и пошироко. На слободната територија, покрај Централниот комитет на КПМ, ОК СКОЈ и Главниот штаб, сите со седиште во селото Црвена Вода, дејствувале и два обласни комитети, првиот и вториот, на КПМ и СКОЈ и четири околиски комитети. Во сите населени места била уништена окупаторската власт и била формирана нова власт со околиски, општински и селски одбори, што ги избирал народот на јавни собири. Новите власти презеле мерки за решавање на проблемите со исхраната на македонското население, собраќајот, просветата, безбедноста, како и разни други парашања кои се јавувале сред народот.

Во октомври 1943 година, на слободната територија десет села започнјале со работа првите училишта на македонски јазик. Во Дебрца било формирано верско наместништво, со задача да го организира свештенствоto за слободно исповедање на верата. Собирот на свешениците во Дебрца, односно во Издеглавје, бил првиот чекор создавање на македонска православна црква. Временскиот период од создавањето на слободната територија па до првите денови на декември 1943 година се одликувале со силна динамика на борбите, а потребата од успешно водење на борбите придонела да се формираат нови единици, а постојните да се реорганизираат. Народноослободителните воени сили на слободната територија биле командувани од штабовите на I и II оперативна зона или од Главниот штаб. Во октомври и ноември 1943 под непосредна команда на Главниот штаб биле две групи на баталјони:

I група - баталјонот Мирче Ацев, Првиот баталјон на првата зона и чета тешки орудија.
II група - косовскиот баталјон Борис Вукомировиќ и Вториот косовски баталјон Рамиз Садик, со една чета на тешки орудија, Дебарскиот младински баталјон, Кичевскиот албански баталјон и батериј на топови од 47 мм.

Другите единици биле под команда на штабовите на оперативните зони. Дејствувањето на партизанските сили се состоело од борби за проширување и одбрана на слободната територија создаден пред и по капитулацијата на Италија, потоа од активност за зацврстување и организирање на политичкиот и општествениот живот. Активноста за одбрана на слободната територија започнале од првиот ден на нејзиното создавање. На 12 септември 1943 година, Првиот партизански одред при I оперативна зона водел борба кај селото Бигор против бугарската војска која се обидела да навлезе во слободната територија.[5] Одредот Славеј на 22 и 25 септември водел борба со германските сили кај Ботунска Теснина, кои исто така се обиделе да влезат во слободната територија откај Струга.

По извесна стабилизација на воената состојба, на слободната територија биле формирани посебна оперативна група од три баталјони и упатени, кон крајот на септември, да дејствува во реонот на Крушево - Брод. Германците откако добиле информации за оваа групација, концентрирале сили од Тетово и Гостивар, и заедно со Балистите на 1 окотмври 1943 година, започнале напад на слободната територија, со цел да се отворат патиштата од Скопје за јужна Албанија и северзападните краишта на Грција, кои биле пресечени со слободната територија. На 1 октомври, по кратки борби на Буковиќ, германските сили го продолжиле своето настапување кон Кичево и на 2 октомври го зазеле овој град. Со голема жестина борбите продолжиле во реоните на селата Брждани, Извор, Кленоец, Малкоец, Лазарополе и Попоец сè до 9 октомври. По овие борби германските сили се повлекле кон Кичево.

 
Од формирањето на Првата македонска ударна бригада, зборува Светозар Вукмановиќ - Темпо

На 14 октомври 1943 година една групација на Балисти, засилени со германски сили, се обидела од Струга да се пробие кон Дебрца, меѓуто по неколку часовна борба со партизаните кај селото Ботун биле принудени да се повлечат. По овие борби, I и II група на батлајони и Дебарскиот младински баталјон се подготвувале за повторно заземање на Кичево. Тие на 1 ноември ненедејно го нападнале градот и успеале повторно да го ослободат. Во текот на нападот дел од гарнизанот бил унишене и заробен, додоека пак Балисти биле принудени да побегнат кон Гостивар. На 5 ноември нови германски и балистички сили, од Гостивар и Тетово, преминале во напад. До 9 ноември на просторот од Буковиќ - Кичево, Туин - Тајмиште и на југ од селата Подвис и Кленоец се воделе жестоки борби. Кон крајот на октомври и почетокот на ноември, додека се воделе борбите во реонот на Кичево, балситичките сили го нападнеле Дебар, но биле принудени да се повлечат. Во средината на ноември, германските сили, засилени со нови германски единици и Балисти, повторно го нападнеле Дебар и на 17 ноември успеале да го заземат.

По борбите во реонот на Кичево, партизанските баталјоните се повлекле кон реонот на селото Сливово, каде што се реорганизирале, отука на 11 ноември 1943 година била формирана Првата македонско-косовска бригада. Во составот на бригадата влегле четири баталјони и една чета на течи орудија. Таа броела околу 800 борци, добро вооружени и опремени. Штабот на бригадата бил во состав: Петар Брајовиќ - Ѓуро, Чеде Филиповски - Даме, Мита Миљковиќ и Вера Ацева. Неколку дена по формирањето, бригадата започнала борба против германските сили во реонот Извор, Подвис и Кленоец. На 21 ноември, бригадата се движела кон Крушево и Брод, дошло борби во селото Пласница и на планината Козјак, по што се повлекла кон слободната територија.

Борбите во реонот на Козјачкиот масив

уреди
 
Знаме на Југословенската војска во татковината

По формирањето на Кумановскиот партизански одред во реонот на Козјак планина се развила силна борба. Овој одред, самостојно или во содејство со Вториот јужноморавски партизански одред, водел повеќе борби со бугарските сили и Равногорското движење на Дража Михаиловиќ: кај Ранковце, Страцин, Драгоманце, Шопско Рударе, Думановце, Младо Нагоричане и др. Овие борби овозможиле зацврстување на кумановскиот дред и негова трансформација во баталјонот Јордан Николов.

Реонот Куманово - Врање - Црна Трава имал стратешко значење за развој на ослободителната борба во јужна Србија, Косово, Варадрска Македонија и Бугарија. Поради големото значење во овој реон бил распоредени бројни германски и бугарски сили кои имале задача да ги обезбедуваат овој реон како и комуникациите на потегот Скопје - Ниш и Скопје - Софија.

Равногорското движење на Дража Михаиловиќ презело мерки за заврстување на своите позиции во реонот на планината Руен и Козјак, и на север од нив. Била спроведена насилна мобилизација и со поддршка на германските сили и сојузниците бил формиран Вардарскиот четнички корпус составен од четири бригади на чело со командантот Стојан Крстев (Крстевиќ), гардиски капетан на бившата југословенска армија, роден во Порече, по потекло Македонец. Четниците започнале подготовки за настапување против партизанските сили, односно против баталјонот Јордан Николов кој бил пречка за зацврстување на Равногорското движење во овој дел на Македонија. Отука баталјонот Јордан Николов и Вториот Јужноморавски одред морале да водат борба против окупаторските сили и Вардарскиот четнички корпус.

Четничките сили биле поопасни бидејќи биле составени од месни лица кои добро го познавале теренот. Партизанските сили водле голем број на борби со бугарските и четничките груапции. Вториот Јужноморавски одред и Косовскиот баталјон воделе борба со бугарската војска и четниците на планината Руен и месноста Св. Илија.

Баталјонот Јордан Николов на 10 декември 1943 година кај селото Дренак водел борба со четничките сили, на кои им пристигнала на помош бугарската милиција. Баталјонот успеал да ги одбие четничките напади. Борбата кај селото Дренак имала силен политички одек сред народот, бидејќи четниците имале сериозни загуби. По Битката кај ова село, батлајнот дејствувал главно на просторот јужно од Крива Река, во Котарлак, со цел да се пробие кон Овче Поле и општо кон источниот дел од Вардарска Македонија. Во периодт помеѓу 8 и 27 декември, баталјонот минла низ сите селаво Котарлак каде што развил силна агитација меѓу населението. По борбата кај селото Рудари, на 27 декември, баталјонот се повлекол кон слободната територија на Козјак.

 
Четници

На 29 декември 1943 година Баталјонот Јордан Николов водел борба со бугарската војска кај селото Алинци. Разгорувањето на борбата на Козјачкиот масив во есента 1943 година, создавањето на слободната територија и диверзанските акции придонеле да се прекината комунинациите на потегот Ниш - Скопје.

Бугарските власти за да го спречат понатамошниот разгор и развој на ослободителната борба, како и заврстување на своите позиции во овој дел на Вардарска Македонија, во декември 1943 година издале наредба за започнување на подготовки за офанзива против партизанското ослободително движење во Козјачкиот масив. Бил изготвен план кој го опфатил целиот терен од Пирот до Врање и Куманово. Планот предидувал три бугарски дивизии, со поддршка на полицијата, да ги потисната партизанските сили кон Морава каде што требало да бидат опколени и уништени. Командата на Петтата бугарска армија издала наредба за растурање на летоци по воздушен пат меѓу населението. Со летоците на сето машко население на возраст од 18 до 50 години му било наредено да се предаде кај бугарските власти, во спротивно сите оние кои нема да се предадат, по 31 декември ќе бидат третирани како партизани и против нив ќе бидат преземни мерки.

Меѓутоа партизанските сили успеале да го прбоијата обрачот, да ги осчуваат своите борци и да преминат зад грбот на бугарските сили. Во текот на оваа офанзива бугарските сили го одвлекле сето машко население од селата, а околу 30 000 селани биле инетернирани и ограбени, во текот на акцијата биле уништени големи количини на храна и стока.

Растежот на борбата во пиринскиот дел на Македонија

уреди

Разгор на ослободителното движење во егејскиот дел на Македонија

уреди

Славјаномакедонски народноослободителен фронт

уреди
 
Учесници на конференцијата на СНОФ, (с. Д'мбени, април 1944)

Особен успех на македонската ослободителна борба во Егејска Македонија е создавањето на Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт за Леринско и Костурско, како и посебниот патиски актив за Македонците во Воденско. Овие акти ја покажуваат позитивната политика на Комунистичката партија на Грција кон Македонците. Истовремено тоа било и голем успех на македонскиот народ во Грција кој стекнал право да создава македонски партизански единици.

Создавањето на СНОФ има своја предисторија. Уште пред Втората светска војна, Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета) во некои делови од Егејска Македонија, особено во Леринско и Костурско имала силно влијание. Во 1941 година на еден состанок на Покраинскиот комитет на КПГ за Македонија било поставено прашањето за обнова на ВМРО (Обединета). Идејата била отфрлена со оправдание дека тоа не би претставувало адекватна форма за политичка мобилизација на Македонците и би можело да дојде до дележ меѓу Македонците и Грците. Но развојот на народноослободителната борба во Грција, односно во Егејска Македонија, покажал дека најголемиот дел од населението (Грци, Македонци и други народности) ја прифатиле борбата против окупаторите.

Голем дел од Македонците и Грците се обединиле во борбата против фашистичките сили оставајќи ги настрана нерешените проблеми, а во прв ред признавањето на македонската националност. Создавањето на СНОФ бил првиот чекор кон решавањето на македонското прашање уште во периодот на самата војна. Со создавањето на оваа македонска воена организација се очекувало таа позитивно да влијае врз мобилизацијата на македонскиот народ и заврстување на единството меѓу Македонците и Грците во борбата против заедничкиот непријател. Единството во овој период било од особено значење, поради развојот на антифашистичката, а воедно и ослободителна борба, придонел окупаторите да преземат дејнсоти за создавање на разни националистички и квинслингшки организации за борба против ослободителното движење. Бортбата против овие организации можела да се води единствено ако се обезбедело, низ разни организации што поголемо учество народодот, вклучително и Македонците, во антифашистичката борба.

СНОФ и македонскиот партиски актив за Воден, врз себе ја презеле одговорноста за мобилизација и организрање на Македонците во антифашистичката борба, меѓутоа тие вршеле и пошироки функции. Тие се јавиле како организатори за снабдување на народот, организатори на културата и просветата, издавајќи голем број на весници, билтени и сл. Меѓутоа СНОФ егзистирал многу краток период, односно само шест месеци.

Манифест на Главниот штаб

уреди

Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ

уреди

Концентрација и реорганизација на единиците на НОВ и ПОМ во Мегленско

уреди

Фуштанско советување

уреди

Прв конгрес на НОМСМ

уреди

Операции во Мегленско и Тиквешијата

уреди

Белешки

уреди
  1. Со оваа одлука било решено да се формира Комунистичка партија на Македонија, меѓутоа таа требало да ја опфаќа само Вардарска Македонија. По оваа одлука сите планови за формирање на Комунистичка партија за целата територија на Македонија, односно пиринскиот, егејскиот и вардарскиот дел, паднале во вода. Со овој чекор КПМ била хиерархиски подчинета на КПЈ и марала да ги спроведува одлуките на ЦК на оваа партија на чело со Тито.
  2. Со последната одлука ослободителното движење на македонскиот народ од Вардарска Македонија, организациски се поврзало со ослободителното движење на Југославија под раководство на КПЈ на чело со Тито. По овој чекор не дошло до организициско поврзување на ослободителните движења на македонскиот народ од сите делови на Македонија. Интересно е што одлуката е донесена по пристигнувањето на Темпо во Вардарска Македонија.

Извори

уреди
  1. „Секој народ мора да се соочи со својата историја“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-10-25.
  2. Неисторичност и мородерство[мртва врска]
  3. „Шатев преку Дедиер го „снимил" Темпо!“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-10-25.
  4. Историја на македонскиот народ, книга трета, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
  5. Апостолски, Михајло (27-29 март 1974 година). Симпозиум: Слободните територии во Македонија 1943: Дебар 27-29 март, 1974. Дебар: Одбор за организирање на научниот собир: Слободните територии во Македонија 1943. стр. 246. Проверете ги датумските вредности во: |date=, |year= / |date= mismatch (help)