10 декември (настани)
шаблон на Викимедија
1868 | Првите семафори биле поставени во Лондон. Ноќе биле осветлувани со зелена и црвена гасна ламба. |
1901 | Доделени се првите Нобелови награди. |
1913 | Познатата слика на Леонардо да Винчи „Мона Лиза“ е вратена во парискиот музеј Лувр, од каде што две години порано беше украдена. |
1936 | По само 325 дена на британскиот престол, Едвард VIII абдицирал за да може да се ожени со својата избраничка Волис Симпсон. Го наследил неговиот брат принцот Алберт, кој владеел како Џорџ VI, татко на кралицата Елизабета II. |
1948 | Генералното собрание на ОН ја усвоило Универзалната декларација за правата на човекот. По тој повод, овој ден се смета за Ден на човековите права. |
1964 | Познатиот црнечки политичар и борец за црнечките права во САД, Мартин Лутер Кинг ја доби Нобеловата награда за мир. |
1979 | Мајка Тереза ја доби Нобеловата награда за мир. |
1991 | Одржан е референдум за независност на Нагорно-Карабах. |
1992 | Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и неговата сопруга, принцезата Дајана се разведоа. Нивното венчавање во катедралата Сент Пол на 29 јули 1981 година беше светски медиумски настан. |