4 август (настани)
шаблон на Викимедија
1914 | Во текот на Првата светска војна, Германија врши инвазија врз Белгија. Како одговор на ова, Велика Британија и објавува војна на Германија. САД објавува неутралност. |
1936 | Генералот Јоанис Метаксас прогласи фашистичка диктатура во Грција. Режимот ја забрани употребата на македонскиот јазик и истовремено изврши апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства. |
1944 | Во Амстердам, Холандија, фашистичката полиција се упати во тајното засолниште на еврејското семејство Франк, го уапси и го одведе во концентрационен логор. Меѓу уапсените беше и 15-годишната Ана Франк, која со својот Дневник остави еден од најпотресните напишани документи за човековите страдања во Втората светска војна. |
1984 | Горна Волта го променува своето име во Буркина Фасо. |
1993 | Исламската Република Иран ја призна Република Македонија. |