Слободни територии во НОВ во Македонија

Слободните територии во НОВ во Македонија биле создадени во 1943 година во текот на Народноослободителната борба на Македонија и биле под контрола на единиците на НОВ и ПОМ.

Слободни територии во Вардарска Македонија во 1943 година

Територии кои биле создадени во 1943 година во Дебрца и Копачка, Маврово и Бистра, Преспа, Кожуф и Козјак, постепено биле ширени и зафаќале пространи територии. Со поврзувањето на слободната територија на Кожув со слободната територија создадена од ЕЛАС на Пајак Планина и Караџова, слободната територија се проширила и кон Гевгелија, Тиквеш и Мариово. Слободната територија од Козјак Планина се ширела кон Кривопаланечко, кон Руен Планина и Куманово.

Во Западна Македонија по капитулацијата на Италија дошло до обединување на слободните територии и била создадена единствена територија со два слободни града: Кичево и Дебар. Кичево било слободно 21 ден, а Дебар - 69 дена.

Малата слободна територија во Преспа служела за врски меѓу слободната територија во Западна Македонија и таа во реонот на Кожув.

На слободните територии се создавале военозаднински органи, органи на народната власт, биле отворени и првите училишта на македонски јазик и се вршеле подготовки за одржување на Првото заседание на АСНОМ.[1]

Извори

уреди
  1. Миле Михајлов, „Военозаднинските органи во Народноослободителната војна на Македонија 1941-1944“, Скопје, 1992.