Дренак
Дренак — село во Општина Крива Паланка, во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.
Географија и местоположбаУреди
Селото Дренак се наоѓа јужно од Крива Паланка, високо во Осоговските Планини. Атарот на селото зафаќа површина од 16,58 квадратни километри. На север се граничи со селата Конопница и Дурачка Река, на исток со селото Дурачка Река, на југ со Општина Кочани и на југозапад со Општина Кратово.
ИсторијаУреди
Во XIX век селото било дел од Кривопаланечката каза во Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дренак живееле 140 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дренак имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, селото има 44 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140[1] | 120[2] | 436 | 501 | 307 | 252 | 132 | 74 | 70 | 44 |
РодовиУреди
Дренак е македонско село.
Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се
- Беловодчани (17 к.) и Селиштани (25 к.) живеат во посебни маала, кои се викаат по истоимените родови. Они се староседелци. Присојарци (17 к.) живеат во свое мало, кое се вика по родот. Доселени се од селото Челопек кај Куманово.[5]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Староседелци: Пашкуљинци (6 к.), Сејменци (1 к.), Денчинци (2 к.), Чобарци (1 к.), Поп-Димитријовци (2 к.), Костадиновци (2 к.), Врсковци (2 к.), Гаџорци (3 к.), Тупанџијци (3 к.), Остришковци (1 к.), Баба Анѓинци (8 к.), Шотќинци (3 к.), Постоловци (1 к.), Дудманчани или Рамунци (3 к.), Бузанци (4 к.), Илијовци (1 к.), Висовци (1 к.), Краљевци (1 к.), Клештини (1 к.), Аврашлијци (2 к.), Двојоглавци (1 к.), Лисица (2 к.), Брдарци (4 к.), Куртинци (3к.), Цапарејци (2 к.), Таверци (2 к.), Мутовчијци (1 к.), Каравиљци (2 к.), Тренчини (1 к.), Боа Галинци (2 к.), Гемасци (7 к.), Шурда (1 к.), Постоловци (1 к.) и Тотљаци (1 к.)
- Доселеници: Миленковци (2 к.) доселени се околу 1835 година од селото Отошница; Николинци (4 к.) доселени околу 1855 година од селото Гулинци.[6]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 225.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 142 – 143.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован. Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ.
- ↑ Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.