Петар Брајовиќ - Ѓуро (29 јуни 1915 во Ријека Црнојевиќ, Цетиње, Црна Гора20 ноември 1991 во Белград, Србија) — симпатизер на комунистичкото движење помеќу двете светски војни, учесник во НОВ и воен командант.[1]

Петар Брајовиќ - Ѓуро
Роден 29 јуни, 1915 година
Ријека Црнојевиќ, Цетиње, Црна Гора
Починал 20 ноември, 1991 година
Белград, Србија

Животопис

уреди
 
Петар Брајовиќ ги прегледува воените затвореници.

Гимназија завршил во Пеќ во 1937 година, а Воена академија во 1940 година. Активно учествувал во подготовките за вооружено востание во Косово и Метохија. Бил член на КПЈ од октомври 1941 година, а од март 1942 година се илегализирал. Во почетокот на 1943 година, станал заменик командант на Карадачкиот НОПО, а од октомври 1943 година командант на Групата косовско-метохиски баталјони. Од ноември 1943 година бил назначен за командант на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада, а подоцна командант на Првата косовско-метохиска бригада и командант на Четириесет и осмата македонска дивизија на НОВЈ. Во октомври 1944 година, бил поставен за командант на Шеснаесеттиот македонски корпус на НОВЈ, а потоа командант на Оперативниот штаб на НОВ и ПО на Косово и Метохија. Во февруари 1945 година, бил тешко ранет.[1]

По војната вршел повеќе должности во ССНО.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 87–88. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)