Чеде Филиповски - Даме
Чеде Филиповски - Даме (Никифорово, Гостиварско, 16 ноември 1923 - 26 јуни 1945 во Радовиш)[1] — македонски комунист, учесник во НОБ. Прогласен е за народен херој на 1 август 1949 година.
' | ||
![]() | ||
Роден | 16 ноември 1923 Никифорово, Гостиварско | |
---|---|---|
Починал | 26 јуни 1945 Радовиш | (возр. 21)|
Занимање | партизан | |
Сопружник | Жамила Колономос |
ЖивотописУреди
Филиповски е роден на 16 ноември 1923 во мавровското село Никифорово во семејството на Русе Филиповски. Негов помал брат е академскиот сликар Александар Филиповски. Бил ѕидарски работник во Белград. По Априлската војна во 1941 се вратил во Македонија. Бил еден од организаторите на НОВ во Мавровскиот крај, член на КПЈ и на МК на КПЈ (1941), член на РК на КПЈ за Маврово и раководител на Воениот штаб (1942), секретар на Околискиот комитет на КПМ (1943), заменик политички комесар во Мавровско-гостиварскиот партизански одред, командант на баталјон и заменик-командант на бригада (1943), заменик-командант и командант на Четириесет и осмата македонска девизија во 1944 година.
Посебно се истакнал во борбите за Кичево, Дебар, Кленоец, Пресека, Дебрца и Локов. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ.
Загинал кај Радовиш на 26 јуни 1945 година во сообраќајна несреќа, при судар на неговиот мотоцикл со автомобил од Штип за Струмица.
За народен херој бил прогласен на 2 август 1949 година.[2]
ПоврзаноУреди
Училишта наречени во чест на Чеде Филиповски:
ГалеријаУреди
Споменик на Чеде Филиповски во Гостивар
НаводиУреди
„Чеде Филиповски - Даме“ на Ризницата ? |
ЛитератураУреди
- Александар Филиповски - Ацо „Чеде Филиповски - Даме: народен херој на Македонија“, Скопје, 2014.
- „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 399-403