Прохор Пчински (манастир)
Прохор Пчински — манастир од духовно и историско значење, кој денес се наоѓа во општина Бујановац, Република Србија.
Поглед на манастирот „Св. Прохор Пчински“ | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Прохор Пчински“ |
Други имиња | Манастир „Св. Преподобен Прохор Пчински“ |
Манастир на: | СПЦ |
Основан | XI век |
Посветен на | Прохор Пчињски |
Епархија | Врањска епархија |
Личности | |
Основач (и) | Роман IV Диоген |
Место | |
Место | Кленике, Општина Бујановац Србија |
Координати | 42°19′45″N 21°53′43″E / 42.32917° СГШ; 21.89528° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Тој е значаен за историјата на македонскиот народ поради тоа што во него се одржало првото заседание на АСНОМ и како дел од Вардарска Македонија што ѝ припаднал на СР Србија со формирањето на втората Југославија.